Претседателски избори во САД (1808)
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мапа на изборните резултати. Зелената боја ги означува сојузните држави каде што победил Медисон, а портокаловата боја ги означува сојузните држави каде што победил Пинкни, зветлата зелена боја ги означува сојузните држави каде што победил Клинтон. Бројките го означуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Претседателски избори во САД, 1808 — 6. по ред претседателски избори во САД кои траеле од 4 ноември до 7 декември 1808 година. Кандидатот од редовите на Демократско-републиканската партија Џејмс Медисон го победил кандидатот на Федералистичката партија Џејмс Котсворт Пинкни. Медисон до одржувањето на изборите бил државен секретар во администрацијата на Томас Џеферсон, додека Пинкни бил неуспешниот кандидат на федералистите на изборите одржани во 1804 година.
Најголемиот предизвик на Медисон бил од членовите на неговата матична партија. Тогашниот потпретседател Џорџ Клинтон и поранешниот амбасадор Џејмс Монро го предизвикале Медисон на функцијата претседател на партијата пред одржуваењто на изборите. Клинтон освоил шест изборни гласови на изборите, сите од Њујорк.
Ова бил единствениот од двата моменти во американската историја каде што бил избран новиот претседател на САД, додека дотогашниот потпретседател на САД продолжил со својот мандат. Вториот пат било со реизборот на Џон Калхун во 1828 година.
Номинации
[уреди | уреди извор]Номинации на Демократско-републиканската партија
[уреди | уреди извор]Кандидати за претседател
[уреди | уреди извор]- Џејмс Медисон (Вирџинија), државен секретар на САД
- Џејмс Монро (Вирџинија), поранешен амбасадор на САД во Обединетото Кралство
- Џорџ Клинтон (Њујорк), потпретседател на САД
-
Државен секретар
Џејмс Медисон -
Потпретседател
Џорџ Клинтон
Кандидати за потпретседател
[уреди | уреди извор]- Џорџ Клинтон (Њујорк), потпретседател на САД
- Хенри Дирборн (Мејн), секретар за војна
- Џон Квинси Адамс (Масачусетс), сенатор
-
Потпретседател
Џорџ Клинтон -
Секретар за војна
Хенри Дирборн
Јавно гласање
[уреди | уреди извор]Номинациите за претседателските избори во 1808 биле спроведени преку конгресни јавни гласања. Со подготовките на Томас Џеферсон за пензионирање, поддржувачите на државниот секретар Џејмс Медисон од Вирџинија работеле напорно за да се осигурат дека Медисон ќе го наследи Џеферсон. Главна конкуренција Медисон нашол кај поранешниот амбасадор Џејмс Монро и потпретседателот Џорџ Клинтон. Монро бил поддржуван од страна на фракцијата т.н. „Стари Републиканци“, која поддржувала умерена централна власт и биле незадоволни од купувањето на Луизијана како и пактот од 1802 година. Поддршката на Клинтон доаѓала од западните демократски републиканци кои не биле задоволни од актот за ембарго за којшто тие сметале дека има потенцијал да доведе до војна и кои се стремеле да згасне таканаречената „династија од Вирџинија“. На јавното гласање во конгрсот бил избран Медисон како демократско-републикански кандидат за претседател, а Клинтон како кандидат за потпретседател.[1]
Многу поддржувачи на Монро и Клинтон одбиле да ги прифатат резултатите од јавното гласање. Монро бил номиниран од група демократски републиканци од Вирџинија, сепак, и покрај тоа што Монро не бил активно посветен да го порази Медисон, тој сепак одбил да се повлече од трката.[2] Клинтон исто така бил поддржуван за претседател од страна на група од демократски репбуликанци од Њујорк и покрај тоа што тој останал како номиниран кандидат за претседател од страна на партијата.[3]
Резултати
[уреди | уреди извор]Кандидат за претседател | Изборни гласови | Кандидат за потпретседател | Изборни гласови |
---|---|---|---|
Џејмс Медисон | 83 | Џорџ Клинтон | 79 |
Џејмс Монро | 3 | Џон Ленгдон | 5 |
Џорџ Клинтон | 3 | Хенри Дирборн | 3 |
Џон Квинси Адамс | 1 |
Номинации на Федералистичката партија
[уреди | уреди извор]На јавното гласање на федералистите повторно биле избрани генералот Џејмс Котсворт Пинкни од Јужна Каролина како кандидат за претседател и поранешниот сенатор Руфус Кинг од Њујорк за кандидат за потпретседател.
Кандидати за претседател
[уреди | уреди извор]- Чарлс К. Пинкни (Јужна Каролина), поранешен амбасадор на САД во Франција.
-
Поранешен амбасадор на САД во Франција.
Чарлс К. Пинкни
Vice-Presidential candidates
[уреди | уреди извор]- Руфус Кинг (Њујорк), поранешен сенатор
Резултати
[уреди | уреди извор]Претседател
[уреди | уреди извор]Кандидат | Партија | Бр. на гласови | Изборни гласови | |
---|---|---|---|---|
Број | Процент | |||
Џејмс Медисон | Демократско-републиканска партија | 124.732 | 64,7 % | 122 |
Чарлс К. Пинкни | Федералистичка партија | 62.431 | 32,4 % | 47 |
Џорџ Клинтон | независен | — | 2,9 % | 6 |
Вкупно | 187.163 | 100 % | 175 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Sabato, Larry; Ernst, Howard (1 January 2009). Encyclopedia of American Political Parties and Elections. Infobase Publishing. стр. 302–304.
- ↑ Ammon, Harry (1963). „James Monroe and the Election of 1808 in Virginia“. The William and Mary Quarterly. 20 (1): 33–56. JSTOR 1921354.
- ↑ Kaminski, John P. (1993). George Clinton: Yeoman Politician of the New Republic. Rowman & Littlefield. стр. 281–288. Посетено на 12 October 2015.
Извори
[уреди | уреди извор]- U.S. President National Vote
- Our Campaigns. (10 февруари 2006).
- A New Nation Votes Архивирано на 13 мај 2018 г.
- "Electoral College Box Scores 1789–1996"