Претседателски избори во САД (1816)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Претседателски избори во САД, 1816
САД
1812 ←
1 ноември - 4 декември 1816 → 1820

Сите 217 изборни гласови во Изборниот колегиум
109 изборни гласови гласови за победа
  James Monroe White House portrait 1819.gif RufusKing.png
Кандидат Џејмс Монро Руфус Кинг
Партија Демократско-републиканска партија Федералистичка партија
Матична држава Вирџинија Њујорк
Потпред. кандидат Даниел Д. Томпкинс Џон И. Хауард
Изборнички гласови 183 34
Застапувани држави 16 3
Добиени гласови 76.592 34.740
Удел 68,2% 30,9%

ElectoralCollege1816.svg

Мапа на изборните резултати. Зелената боја ги означува сојузните држави каде што победил Монро, додека портокаловата боја ги означува сојузните држави каде што победил Кинг. Бројките го означуваат бројот на распределени изборни гласови по сојузна држава.

претседател пред изборите

Џејмс Медисон
Демократско-републиканска партија

Избран за претседател

Џејмс Монро
Демократско-републиканска партија

Претседателски избори во САД во 1816 година — 8. по ред претседателски избори во Соединетите Американски Држави. Се одржале на 1 ноември и траеле до 4 декември 1816 година. Се случиле на крајот на вториот мандат на демократско-републиканскиот претседател Џејмс Медисон. Федералистичката партија била пред колапс, па затоа државниот секретар во администрацијата на Медисон, Џејмс Монро, имал голема предност пред доста слабата опозиција. Монро победил убедилво на гласањето на изборниот колегиум каде што освоил 183 изборни гласови наспроти 34.

Претходните четири години во американската политика биле доминирани од страна на ефектите од Англо-американската војна. И покрај тоа што војната не завршила со победа, мирот постигнат во 1815 бил задоволителен за американскиот народ, а демократските-републиканци ја добиле заслугата за завршувањето на војната. Федералистите биле дискредитирани поради нивното спротивставување на војната како и сецесионистичка реторика од Нова Англија отелотворени од страна на Хартфордската конвенција од 1814-1815. Претседателот Медисон успеал да преземе некои мерки кои биле поздравени од страна на федералистите, како на пример воведувањето на национална банка како и протекционистички тарифи. Ова им овозможило мал простор за маневрирање на федералистите, па затоа изборите резултирале во убедлива победа на демократските републиканци.

Номинации[уреди | уреди извор]

Демократко-републиканска номинација[уреди | уреди извор]

Номиниран[уреди | уреди извор]

Кандидати кои се повлекле пред јавното гласање[уреди | уреди извор]

Одбиле да се кандидираат[уреди | уреди извор]

Монро бил фаворит на поранешниот претседател Џеферсон како и на претседателот во заминување Медисон. Сепак, Монро се соочил со силна конкуренција од страна на секретарот за војна, Вилијам Х. Крафорд од Џорџија. Иако имало големо нерасположение особено во Њујорк, поради тоа што било време да се стави крај на претседателите по потекло од Вирџинија или таканаречената „Династија од Вирџинија“. Но, долгата историја на Монро, како во САД така и на надворешен план го направила најсоодветен кандидат кој би го заменил Медисон. Крафорд никогаш формално не се прогласил себеси за кандидат поради тоа што тој верувал дека имал мали шанси против Монро и стравувал дека поради трката тој би можел да загуби функција во новиот кабинет. Сепак, поддржувачите на Крафорд претставувале голем предизвик.[1]

Во март 1816, демократско-републиканскиот конгресмен на јавното гласање го номинирал Монро за претседател, а гувернерот на Њујорк, Даниел Д. Томпкинс за потпретседател. Монро го поразил Крафорд со 65 наспроти 54 гласови.

Гласање
За претседател За потпретседател
Џејмс Монро 65 Даниел Д. Томпкинс 85
Вилијам Х. Крафорд 54 Симон Снајдер 30

Номинација на Федералистичката партија[уреди | уреди извор]

Федералистички кандидати

Федералистите на јавното гласање не се ни обиделе да прогласат формална номинација, иако голем број на федералисти го поддржувале сенаторот од Њујорк Руфус Кинг кој претходно бил два пати поразен како федералистички кандидат за потпретседател. Поранешниот сенатор Џон Игер Хауард од Мериленд бил федералистички кандидат за потпретседател.

Резултати[уреди | уреди извор]

Приказ на изборните резултати по округ кои го покажуваат процентот на претседателскиот кандидат кој победил во секој округ. Нијансите на сина боја ги означуваат окрузите каде што победил Монро (Демократско-републиканска партија), нијансите на жолта боја ги означуваат окрузите каде што победил Кинг (Федералистичка партија), додека нијансите на зелена боја ги означуваат окрузите каде што победиле независните републиканци (Демократско-републиканска партија).
Кандидат за претседател Партија Матична сојузна држава Народно гласање(a), (b) Изборни
Гласови(c)
Кандидат за потпретседател
Број Процент Име Матична сојузна држава Изборни гласови(c)
Џејмс Монро Демократско-републиканска партија Вирџинија 76,592 68.2% 183 Даниел Д. Томпкинс Њујорк 183
Руфус Кинг Федералистичка партија Њујорк 34,740 30.9% 34 Џон И. Хауард Мериленд 22
Џејмс Рос Пенсилванија 5
Џон Маршал Вирџинија 4
Роберт Гудлоу Харпер Мериленд 3
останати избирачи - - 1,038 0.9% 0 - - 0
Вкупно 112.370 100% 217 217
Потребно за победа 109 109

Извор (народно гласање): A New Nation Votes: American Election Returns 1787-1825[2]

(a) Само 10 од 19 сојузни држави избрале избирачи преку народно гласање.
(b) Оние сојузни држави кои не избрале избирачи преку народно гласање имале ограничувања на правото на глас поради условите за имот.
(c) Еден избирач од Делавер и тројца од Мериленд не гласале.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. William DeGregorio, The Complete Book of U.S. Presidents, Gramercy 1997
  2. A New Nation Votes