Федералистичка партија (САД)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Федералистичка партија
англиски: Federalist Party
ВодачиАлександар Хамилтон,
Џон Џеј,
Џон Адамс,[1]
Чарлс К. Пинкни,
Девит Клинтон,
Руфус Кинг
Основана1789
Распуштена1824
ИдеологијаФедерализам
Хамилтонизам
Централизација[2]
Класичен конзервативизам[1][3]
Модернизација
Монетаризам[4]
Полит. положбаДесница
Бои          црна и бела
Политика на САД
Политички партии
Избори

Федералистичка партија — првата американска политичка партија. Постоела од почетокот на 1790-те до 1816, но последните активности на партијата завршиле во 1820-те. Федералистите повикувале на моќна национална влада која би работела на економски развој и создавање на пријателски односи со Велика Британија како и спротивставување на револуционерните движења во Франција. Партијата била на власт до 1801, кога била сменета од страна на Демократско-републиканската опозиција предводена од Томас Џеферсон.

Федералистичката партија почнала со дејствување помеѓу 1792 и 1794 како национална коалиција од банкари и стопанственици со поддршка кон фискалните политики на Александар Хамилтон. Овие поддржувачи го започнале дејствувањето на организираната Федералистичката партија која се залагала за економски стабилна и националистичка влада. Единствениот претседател од редовите на Федералистичката партија бил Џон Адамс, иако според некои историчари Џорџ Вашингтон имал симпатии кон програмата на Федералистичката партија, тој сепак официјално останал партиски независен за време на неговиот мандат.[5]

Федералистичките политики се стремеле кон создавање на национална банка, тарифи и добри односи со Велика Британија како што е напоменато во договорот на Џеј. Хамилтон го развил концептот на ненаведени овластувања и успешно го спровел усвојувањето на овој концепт во уставот на САД. Нивните политички противници, демократските републиканци предводени од Томас Џеферсон ги осудувале федералистичките политики, особено националната банка и ненаведените овластувања. Демократско-републиканската партија исто така остро се противела на договорот на Џеј обвинувајќи го како продажба на републикнските вредности на британската монархија. Договорот на Џеј се склучил и федералистите издвојувале успех на законодавен план во 1790-те. Тие имале силни упоришта во поголемите градови како и во Нова Англија. По победата на Демократско-републиканската партија чии упоришта биле руралниот југ на изборите во 1800, федералистите никогаш повеќе не се вратиле на власт. Тие накратко добиле на значење со спротивставувањето на Англо-американската војна во 1812, но партијата практично исчезнала за време на таканаречената Ера на доброто расположение кратко по која завршила војната во 1815.

Федералистите оставиле трајно наследство во форма на силна федерална влада со стабилен економски раст, а по губењето на извршната власт тие решително раководеле со политиките на Врховниот суд следните три децении преку претседателот на Врховниот суд Џон Маршал.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Viereck, Peter (1956, 2006) Conservative Thinkers: From John Adams to Winston Churchill. New Brunswick, NJ: Transaction Publishers, pp. 87-95.
  2. Федералистите биле поддржувачи на идејата за федерална влада односно моќна централизирана влада.
  3. John P. Diggins (1994). Up from Communism. Columbia UP. стр. 390. ISBN 9780231084895.
  4. „Anti-Federalist vs. Federalist“. Diffen.
  5. Chambers, Political Parties in a New Nation (1963)
  6. Formisano (2001)