Знаме на Есватини

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Знаме на Свазиленд)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Знаме на Есватини
}}
Употреба државно и воено знаме државно и воено знаме
Сразмер 2:3
Усвоено 6 октомври, 1968

Знамето на Есватини било усвоено на 1 октомври 1968 г..[1] како знаме на Свазиленд, како што се нарекувала државата до 2018 г. Составено е од една средишна голема лента во црвена боја, две мали жолти ленти и две поголеми сини ленти. Црвената боја ги симболизира минатите борби на народот, сината за мир и стабилност и жолтата за природните ресурси. Во средината има штит и две копја кои ја симболизира безбедноста на државата. Штитот е во бела и црна боја кои ја претставува хармонијата помеѓу белите и црните луѓе. Знамето е базирано на знамето предложено од кралот Собхуза II во 1941 година.

Кралското знаме на Есватини[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]