Горна Ѓоновица

Координати: 41°42′30″N 20°54′29″E / 41.70833° СГШ; 20.90806° ИГД / 41.70833; 20.90806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 14:19, 15 февруари 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Историја: Исправка на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: Историja → Историја)
Горна Ѓоновица

Поглед на дел од селото Горна Ѓоновица

Горна Ѓоновица во рамките на Македонија
Горна Ѓоновица
Местоположба на Горна Ѓоновица во Македонија
Горна Ѓоновица на карта

Карта

Координати 41°42′30″N 20°54′29″E / 41.70833° СГШ; 20.90806° ИГД / 41.70833; 20.90806
Општина Гостивар
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 07022
Надм. вис. 765 м
Горна Ѓоновица на општинската карта

Атарот на Горна Ѓоновица во рамките на општината
Горна Ѓоновица на Ризницата

Горна Ѓоновица (дијалектно: Горна Ѓоноица) — село во Општина Гостивар, во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар.

Географија и местоположба

Селото е сместено во подножјето на планината Буковиќ, јужно од градот Гостивар, во областа Горни Полог.

Историја

Во XIX век, селото било дел од Гостиварската каза во Отоманското Царство.

Население

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 8 жители, сите Македонци од христијанска вероисповед. Следува табела на народносната структура на населението[2]

Народност Вкупно
Македонци 8
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
други 0

Родови

Горна Ѓоновица е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

  • Староседелци: Атанасковци (14 к.) се делат на Пандиловци, Србиновци и Ристовци. Атанасковци потекнуваат од предокот Ѓоне. Го знаат следното родословие: Миладин (жив на 77 г. во 1947 година) Синадин-Никола-Цветан-Атанаско-Ѓоне, основачот на родот. Имаат иселеници во Гостивар и Белград.
  • Доселеници: Никовци (12 к.) потекнуваат од некое село во близина на Мавровско Езеро. Го знаат следното родословие: Драган (жив на 27 г. во 1947 година) Смилко-Нестор-Анѓеле-Ѓоре-Нико. Споменатиот предок Нико од старото место се иселиле најпрво во кичевското село Тајмиште. Од таму преминал во Горна Ѓоновица. Нико имал тројца синови, Ѓоре, Јане и Иван. Овој род сега се дели на Ѓоревци, Јовчевци, Николовци и Сарџевци. Изумреле Арсевци, кои потекнувале од синот на Нико, Јане. Од ова село Никовци имаат иселеници во Гостивар (две семејства), Тетово (едно семејство) и во Америка (едно семејство); Тримчевци (2 к.) и Гавевци (2 к.) доселени се од селото Ботушје во Порече. Таму имаат роднини. Имаат иселеници во Смедерево (едно семејство) и во Гостивар (едно семејство); Митре (1 к.) доселени се од Куново; Русе (1 к.) доселени се од Печково.[3]

Самоуправа и политика

Изборно место

Селото е опфатено во изборното место бр. 513 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Долна Ѓоновица.[4]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 256 гласачи.[5]

Културни и природни знаменитости

  • Убавица (или Ѓоновица) — една од позначајните пештери во МакедонијаРедовни настани

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. Ф. Трифуноски, Јован (1976). Полог (антропогеографска проучавања) (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 209–211.
  4. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  5. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски