Розо (Wozeau) е главен и најголем град на Доминика. Розо има население од 14.847 жители. Градот е мала и компактна урбана населба која се наоѓа во рамките на општината Сент Џорџ и е опкружен со Карипско Море, реката Розо и Морне Брус. Розо е најстарата и најважната урбана населба на островот.
Градот се наоѓа на западниот брег на Доминика, и е комбинација на модерна и колонијална (француска) архитектура.