Знаме на Етиопија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Етиопија
}}
Употреба државно знаме национално знаме
Сразмер 1:2

Знамето на Етиопија е официјалното знаме на оваа африканска држава кое било усвоено на 6 февруари 1996 година. Знамето е составено од три еднакви хоризонтални ленти во зелена, жолта и црвена боја со син диск и златна ѕвезда во средината. Боите датираат од времето на Менелик II од Етиопија (1889-1913) и за првпат знамето било веано во 1895. Моменталното знаме и амблемот биле воспоставени по поразот на марксистичкиот режим на Менгисту. Амблемот го претставува единството и различноста на државата. Сината боја претставува мир, ѕвездата претставува разновидност и единство, и зраците на сонцето го симболизираат просперитетот. Зелената боја ја означува земјата, жолтата боја означува мир и надеж, а црвената боја е симбол на сила.

Историски знамиња[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]