Тасос: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 108: | Ред 108: | ||
:* Општински оддел Мариес (559 жители) |
:* Општински оддел Мариес (559 жители) |
||
::* село [[Мариес]] (Μαριές) (182 жители) |
::* село [[Мариес]] (Μαριές) (182 жители) |
||
::* село [[ |
::* село [[Мариески Пристан]] (Σκάλα Μαριών, Скала Марион) (377 жители) |
||
:* Општински оддел Панагија (849 жители) |
:* Општински оддел Панагија (849 жители) |
Преработка од 06:20, 18 април 2019
Тасос Περιφερειακή ενότητα/Δήμος Θάσου | |
---|---|
округ и општина | |
Боровец (Лименас) | |
Тасос во рамките на Источна Македонија и Тракија | |
Координати: 40°41′N 24°39′E / 40.683° СГШ; 24.650° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Админ. центар | Боровец (Тасос) |
Површина | |
• Вкупна | 379 км2 (146 ми2) |
Население (2011) | |
• Вкупно | 13.770 |
• Густина | 36/км2 (94/ми2) |
Пошт. бр. | 640 04 |
Повик. бр. | 25930 |
Рег. таб. | ΚΒ |
Мреж. место | thassos.gr |
Тасос или Тасо[1] (грчки: Θάσος) — остров, округ и општина во Егејска Македонија, близу до брегот на Западна Тракија и низината на реката Места. Најголемо населено место е Боровец (грч. (Λιμένας) Θάσου, Лименас Тасу). Денес е населен со грчко население, за разлика од претходниот мешан етнички состав. Сето македонско население е прогонето во Балканските војни.[2]
Општо
Највисоката точка на Тасос е Ипсарио, со 1.204 м. Главните земјоделски производи на островот се мед и маслиново масло, како и вино, а застапени се и одгледувањето на овци и кози, како и рибарството. Во другите гранки спаѓаат дрвосечачката индустрија и туризмот. Рударската индустрија вклучува олово, цинк и мермер, особено во областа Панагија каде што една од планините близу Тракиското Море има голем каменолом. На југот на островот пак, постоел каменолом во античките времиња. Најважната гранка од сите, сепак, е туризмот. Тасос има неколку училишта, лицеј, гиманизија, црква и плоштад.
Општина Тасос
Според пописот од 2001 г., Општина Тасос има 13 765 постојани жители. Ова се општинските оддели и населени места во општината:
- Општински оддел Боровец (3140 жители)
- град Боровец (Λιμένας Θάσου, Лименас Тасу) (3130 жители)
- село Глифада (Γλυφάδα) (7 жители)
- село Макријамос (Μακρυάμμος) (3 жители)
- Општински оддел Теологос (3140 жители)
- село Теологос (Θεολόγος) (731 жител)
- село Алики (Αλυκή) (39 жители)
- село Астрида (Αστρίδα) (129 жители)
- село Тимонија (Θυμωνιά) (13 жители)
- остров Кинира (Κοίνυρα) (4 жители)
- село Кинира (Κοίνυρα) (104 жители)
- манастир „Св. Архангел Михаил“ (Μονή Αρχαγγέλου) (40 жители)
- село Палеохори (Παλαιοχώρι) (0 жители)
- село Потос (Ποτός) (688 жители)
- Општински оддел Калирахи (1282 жители)
- село Калирахи (Καλλιράχη) (651 жител)
- село Калирахиски Пристан (Σκάλα Καλλιράχης, Скала Калирахис) (631 жител)
- Општински оддел Лименарија (2452 жители)
- село Лименарија (Λιμενάρια) (2441 жител)
- село Кастро (Κάστρο) (11 жители)
- Општински оддел Мариес (559 жители)
- село Мариес (Μαριές) (182 жители)
- село Мариески Пристан (Σκάλα Μαριών, Скала Марион) (377 жители)
- Општински оддел Панагија (849 жители)
- село Панагија (Παναγία) (820 жители)
- село Хриси Амудија (Χρυσή Αμμουδιά) (29 жители)
- Општински оддел Потамија (1262 жители)
- Општински оддел Казавид (1361 жител)
- село Казавид (Πρίνος, Καλύβες, Принос, Каливес) (1185 жители)
- село Големо Казавид (Μεγάλος Πρίνος, Мегалос Принос) (30 жители)
- село Големоказавидски Пристан (Όρμος Πρίνου, Ормос Прину) (122 жители)
- село Мало Казавид (Μικρός Πρίνος, Микрос Принос) (21 жител)
- манастир „Свети Пантелејмон“ (Μονή Αγίου Παντελεήμονος) (3 жители)
- Општински оддел Булгаро (720 жители)
- село Булгаро (Ραχώνι, Рахони) (365 жители)
- село Агиос Георгиос (Άγιος Γεώργιος) (149 жители)
- село Булгарски Пристан (Σκάλα Ραχωνίου, Скала Рахониу) (206 жители)
- Општински оддел Сотирас (392 жители)
- село Сотирски Пристан (Σκάλα Σωτήρος, Скала Сотирос) (368 жители)
- село Сотирас (Σωτήρας) (24 жители)
Наводи
|
|