Рак (кована пара од 2015 година)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рак
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 21 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 2.700 ден.


Раккована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија чија номинална вредност е 10 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена на третата седница на Советот на Народната банка на Република Македонија одржана на 26 март 2015 година. Цената на апоенот во изнесува 2.700 денари. Оваа кована пара е дел од серијата на ковани пари „Хороскопски знаци“.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и ознаката „Ag925“[2].

Опачина[уреди | уреди извор]

На опачината од парата, на левата страна е претставена слика на рак. На десната страна на реверсот е вметнато тркалезно кобалтно стакленце на кое е насликано соѕвездие на хороскопскиот знак Рак. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак „Рак“ отпечатен на школка и името на овој знак на латински јазик. Целата композиција е опкружена со украс кој се состои од школки и алги, по должината на периметарот. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Соопштение на НБРМ“. 26 март 2015. Посетено на 8 јануари 2018.
  2. 2,0 2,1 „Кована пара за колекционерски цели: „РАК". Посетено на 8 јануари 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]