Близнаци (кована пара од 2015 година)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Близнаци
MK NBRM.png
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 21 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 2.700 ден.


Близнацикована пара за колекционерски цели за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија чија номинална вредност е 10 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена на третата седница на Советот на Народната банка на Република Македонија одржана на 26 март 2015 година. Цената на апоенот во изнесува 2.700 денари. Оваа кована пара е дел од серијата на ковани пари „Хороскопски знаци“.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и ознаката „Ag925“[2].

Опачина[уреди | уреди извор]

На опачината од парата, на левата страна е претставена слика на близнаци кои во рацете држат дел од Млечниот Пат. На десната страна на реверсот е вметнато тркалезно кобалтно стакленце на кое е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Близнаци. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак „Близнаци“ и името на овој знак на латински јазик. Целата композиција е опкружена со графички украс, по должината на периметарот. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.[2].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Соопштение на НБРМ“ (македонски). 26 март 2015. конс. 8 јануари 2018. 
  2. 2,0 2,1 „Кована пара за колекционерски цели: „БЛИЗНАЦИ““ (македонски). конс. 8 јануари 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]