Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија - 100 денари (кована пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Лице
Опачина
Поединости
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 31,1 г
Димензии 30 x 45 мм
Облик правоаголен
Раб мазен
Издадена 2014
Цена 3.800 ден.


Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софијакована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија, дел од серијата за ковани пари „Хороскопски знаци“. Нејзината номинална вредност е 100 денари, а цената 3.800 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена во 2014 година.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани слики на Света Вера (со крст), Света Надеж (со сидро) и Света Љубов (со деца) во златна боја. Под трите светици е прикажана слика на црквата „Св. Трофим“ (Есшо, Алзас, Франција), каде што се чуваат моштите на Света Софија. Во горниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија и натписите „100 денари“ и „2017“. Во долниот дел од монетата е прикажан натписот „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и ознаката („Аg 925“) и тежината на монетата („31.1g“).[1]

Опачина[уреди | уреди извор]

На опачината на монетата е претставена дигитално-печатена слика на трите светици - Света Вера, Света Надеж и Света Љубов, претставени како млади девојки. Зад трите светици е прикажана слика од нивната мајка Света Софија (прикажана во релјеф). Имињата на сите светици се исковани на руски јазик, а по должината на работ на монетата е претставен украс.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Кована пара за колекционерски цели: „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија". Посетено на 8 јануари 2018.