Кирил и Методиј - 100 денари (кована пара)
Кирил и Методиј — кована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија чија номинална вредност е 100 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена на третата седница на Советот на Народната банка на Република Македонија одржана на 27 март 2014 година, а истата била промовирана на 1 август истата година. Цената на апоенот во стандардно пакување изнесува 3.450 денари додека во претставително пакување цената е 3.800 денари. Оваа кована пара е дел од серијата на ковани пари „Икони на светци“.[1][2]
Опис
[уреди | уреди извор]Лице
[уреди | уреди извор]Во средината на лицето од парата е претставен манастирот „Свети Наум“ во Охрид, а над него седум светци, и тоа светите Кирил и Методиј заедно со нивните пет ученици, а исто така помеѓу нив се ставени натписи „Ag 925“ претставувајќи го видот на металот со кој е изработена парата и „31.1 g“, тежината на парата. Во горниот дел од левата страна е прикажан апоенот кој е во износ од 100 денари и е претставена годината на издавање, 2014, додека на десната страна стои Грбот на Република Македонија. Во долниот дел со кирилично писмо на македонски јазик е испишан натпис „Република Македонија“.
Опачина
[уреди | уреди извор]Главната содржина на опачината е портрет од Свети Кирил и Свети Методиј, а над нив се претставени нивните имиња во сребрен натпис „Св. Методиј“ на левата страна и „Св. Кирил“ на десната страна со кирилско писмо на македонски јазик. Периметарот на опачината е затворен со украсни црти во златна боја.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Соопштение на НБРМ“. 27 март 2014. Посетено на 8 јануари 2018.
- ↑ „НБРМ ги промовираше кованите пари за колекционерски цели“. 1 август 2014. Посетено на 8 јануари 2018.