Прејди на содржината

Ветроказ со петел (кована пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Година на петелот - ветроказ со петел
Лице
Опачина
Поединости
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 28,28 г
Димензии 38,61 мм
Облик кружен
Издадена 2017
Цена 3.500 ден.


Ветроказ со петелкована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година.

На лицето, во средината на кованата пара се претставени Грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]

На опачината, во средината на кованата пара е претставена слика на петел во боја, во облик на ветроказ, со сонце во заднината. Под петелот е прикажана годината на петелот – „2017“. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „ВЕТРОКАЗ СО ПЕТЕЛ". Посетено на 8 јануари 2018.