Прејди на содржината

Водолија (кована пара од 2018 година)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Водолија
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 23,3 г
Димензии 37 х 37 мм
Облик квадратен
Издадена 2018
Цена 2.800 ден.


Водолијакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Водолија. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]

На опачината, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Водолија на вметнато кобалтно стакленце, и симболот на хороскопскиот знак Водолија во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на девојка со стомна којашто ја претставува Водолијата, со цветен венец на главата, на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – AQUARIUS, а на левата страна е прикажана ознаката „Ag925“.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „Јарец". Посетено на 8 јануари 2018.