Свети Никола Чудотворец (кована пара од 2018 година)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свети Никола Чудотворец
MK NBRM.png
Лице
Опачина
Поединости
Серија Православни светци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 7,0 г
Димензии 17 х 24 мм
Облик правоаголен
Раб мазен
Издадена 2018
Цена 1.500 ден.


Свети Никола Чудотворецкована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

На лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија, а под него годината на издавање „2018“. Во горниот дел на македонски е испишана деноминацијата „10 денари“, додека во долниот дел исто така на макеедонски јазик името на земјата која ја издава кованата пара „Република Македонија“. На обете страни од монетата долж вертикалните рабови има цветен украс.[1]

Опачина[уреди | уреди извор]

На опачината, во средишниот дел од монетата е прикажан ликот на Свети Никола со испечатен златен ореол и украс во позадина. Над ликот на светецот се поставени два розови кристали Сваровски. Долж вертикалните рабови е испишано името на светецот кој е прикажан на парата, а во долниот лев агол е испишана ознаката „Аg 925“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели „Св. Никола Чудотворец““ (македонски). конс. 6 септември 2018.