Деловен успех и среќа (кована пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Деловен успех и среќа
MK NBRM.png
Лице
Опачина
Поединости
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро (Ag) 925
Тежина 21,20 (± 0,50) гр
Димензии 38,61 (± 0,20) мм
Облик кружен
Издадена 2019
Цена 3.000 денари


Деловен успех и среќакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2019 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

На лицето, во средишниот дел на монетата е вметнато стакленце со отпечатена карта на западната полутопка и скиптарот на богот Меркур коишто се претставени на основата на златно дрвено тркало. Долж периметарот е наведено името на издавачот — „Република Северна Македонија“. Во горниот дел од лицето се наоѓа Грбот на Македонија и годината на издавање на монетата — „2019“ — и апоенот „100 денари“. Сите натписи се на англиски јазик.[1]

Опачина[уреди | уреди извор]

На опачината, во средишниот дел е вметнато стакленце со отпечатена карта на источната полутопка, а над стакленцето се претставени слики од ракување, старовремска локомотива и брод. Во левиот дел е прикажан богот Меркур со скиптарот, а во десниот дел има слика на божицата Фортуна Августа со рог на изобилството во левата рака. Под стакленцето има сидро и два запченика, а над нив се наоѓа натписот „Ag925“. Во долниот дел е испишан натписот „Деловен успех и среќа“ на англиски јазик.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели „Деловен успех и среќа““ (македонски). конс. 10 јануари 2020. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]