Прејди на содржината

Богородица (кована пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Богородица
Лице
Опачина
Поединости
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 7,0 г
Димензии 30 x 15 мм
Облик правоаголен
Издадена 2017


Богородицакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година како дел од збирката „Триптих“.

На лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот е прикажан украс по должината на периметарот.[1]

На опачината, во средишниот дел од монетата е прикажан портретот на Богородица. Средишната слика е претставена врз основа со украс. Над портретот е прикажано името на Богородица како што традиционално се користи во иконописот.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Комплет ковани пари за колекционерски цели: „ТРИПТИХ". Посетено на 8 јануари 2018.