Мајка Тереза (кована пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мајка Тереза
Лице
Опачина
Поединости
Серија Мајка Тереза
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 28,28 г
Димензии 38,61 мм
Облик кружен
Издадена 2016
Цена 3.500 ден.


Мајка Терезакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2016 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

На лицето, во средишниот дел на монетата е претставен Грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]

Позадина[уреди | уреди извор]

На позадината, во средишниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во облик на крстови и срца. Во долниот дел, од левата страна е претставен цвет од повитот „Мајка Тереза“ („Matka Teresa“), одгледуван од страна на г. Стефан Франчак, полски исусовски монах. На десната страна се прикажани датумите „1910 ‒ 1997“ (годините на раѓање и на умирање на Мајка Тереза) и „2016“ (годината на нејзината канонизација). Исто така, прикажано е латинското име „Sancta Teresia de Calcutta“ (Света Тереза од Калкута), како и името на Мајка Тереза на македонски и на албански јазик.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „МАЈКА ТЕРЕЗА". Посетено на 8 јануари 2018.