Прејди на содржината

Риби (кована пара од 2015 година)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Риби
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 21 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 2.700 ден.


Рибикована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2015 година.

На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и ознаката „Ag925“.[1]

На опачината се прикажани две риби коишто пливаат во спротивна насока и украс составен од водни лилјани коишто го опкружуваат вметнатото кобалтно стакленце на коешто е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Риби. На долниот дел е прикажан симболот на хороскопскиот знак „Риби“ отпечатен на лист од воден лилјан и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „РИБИ". Посетено на 8 јануари 2018.