Лав (кована пара од 2018 година)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лав
MK NBRM.png
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 23,30 г
Димензии 37 x 37 мм
Облик квадратен
Издадена 2018
Цена 2.800 ден.


Лавкована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Лав. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]

Опачина[уреди | уреди извор]

Во горниот дел од опачината е претставена слика на лав од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од страна на Јоханес Хевелиј на крајот од 17 век. Сликата на хороскопскиот знак Лав и неговото соѕвездие се претставени и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел исто така е претставен симболот на хороскопскиот знак Лав. Во долниот дел е претставена златна слика на лав на позадина од цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – „LEO“ и ознаката „Ag925“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „Лав““ (македонски). конс. 13 март 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]