Година на кучето - безбедна година на кучето (кована пара)
| Година на кучето - безбедна година на кучето | |
|---|---|
| Лице | |
| Опачина | |
| Поединости | |
| Номин. вредност | 100 денари |
| Метал | сребро 925 |
| Тежина | 28,28 г |
| Димензии | 38,61 мм |
| Облик | кружен |
| Издадена | 2018 |
| Цена | 3.200 ден. |
Година на кучето - безбедна година на кучето — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.
Опис
[уреди | уреди извор]Лице
[уреди | уреди извор]На лицето, во средината на монетата се претставени Грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата - „2018“. Околу монетата (по должината на периметарот) се прикажани натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]
Опачина
[уреди | уреди извор]На опачината, во средината на монетата е претставена слика на куче во боја претставено како заштитник на домот - куче кое прегрнува куќа. Над куќата е прикажано небо со ѕвезди, Сонцето и Месечината. Во горниот дел од реверсот на монетата (по должината на периметарот), се наоѓа натписот „БЕЗБЕДНА ГОДИНА НА КУЧЕТО“ на англиски јазик.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Кована пара за колекционерски цели: „Година на кучето – безбедна година на кучето"“. Посетено на 8 јануари 2018.

