Прејди на содржината

Владимирска (кована пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владимирска
Лице
Опачина
Поединости
Серија Икони на Пресвета Богородица
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 31,1 г
Димензии 30 x 45 мм
Облик правоаголен
Издадена 2016
Цена 3.800 ден.


Владимирскакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2016 година.

На лиецто од парата, во средишниот дел е претставен приказ од Благовештението, врз основа на фреска од црквата „Св. Ѓорѓи“ којашто се наоѓа во селото Старо Нагоричане (1313-1318). Во горниот дел е прикажано името на издавачот на монетата - Република Македонија (на македонски јазик) и Грбот на Република Македонија. Под грбот е прикажана годината на издавање на монетата – „2016“. Во долниот дел од лицето е прикажана номиналната вредност – „100 денари“ и ознаката „Ag925“, како и масата на монетата – „31,1 г“.[1]

На опачината од парата, во средишниот дел е прикажан портрет на Пресвета Богородица Владимирска, врз основа на делата на Строгановската школа за иконопис (Русија, крај на XVI век). Украсите околу средишната слика, огледалната основа, ѕвездите на облеката и ореолите на Богородица и на детето Исус се позлатени. На долниот дел од монетата е претставен натписот „Владимирска“ на македонски јазик.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „ВЛАДИМИРСКА". Посетено на 8 јануари 2018.