Лав (кована пара од 2014 година)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лав
MK NBRM.png
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро (Ag) 925
Тежина 21,00 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2014
Цена 2.700 денари


Лавкована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија, дел од серијата за ковани пари „Хороскопски знаци“. Нејзината номинална вредност е 10 денари, а цената 2.700 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена на третата седница на Советот на Народната банка на Република Македонија одржана на 27 март 2014 година, а истата била промовирана на 1 август истата година.[1][2]

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

Во средината на лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Од околу е прикажан Грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.

Опачина[уреди | уреди извор]

На опачината од парата е прикажан профил на глава на [[лав и соѕвездие кое му одговара на хороскопскиот знак Лав, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс, сребрена круна со симболот на хороскопскиот знак „Лав“ во злато и името хороскопскиот знак на латински јазикLeo“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Соопштение на НБРМ“ (македонски). 27 март 2014. конс. 8 јануари 2018. 
  2. „НБРМ ги промовираше кованите пари за колекционерски цели“ (македонски). 1 август 2014. конс. 8 јануари 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]