Скорпија (кована пара од 2014 година)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Скорпија
MK NBRM.png
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 21 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2014
Цена 2.700 ден.


Скорпијакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2014 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е и Грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.[1]

Опачина[уреди | уреди извор]

На опачината од парата е прикажана стилизирана слика на скорпија и соѕвездието коешто му одговара на хороскопскиот знак Скорпија, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс. На долниот дел е прикажан симболот на хороскопскиот знак „Скорпија“ и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „СКОРПИЈА““ (македонски). конс. 8 јануари 2018.