Година на кучето - богата година на кучето (кована пара)
Година на кучето - богата година на кучето | |
---|---|
Лице | |
![]() | |
Опачина | |
![]() | |
Поединости | |
Номин. вредност | 100 денари |
Метал | сребро 925 |
Тежина | 28,28 г |
Димензии | 38,61 мм |
Облик | кружен |
Издадена | 2018 |
Цена | 3.200 ден. |
Година на кучето - богата година на кучето — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.
Опис[уреди | уреди извор]
Лице[уреди | уреди извор]
На лицето, во средината на монетата се претставени Грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата - „2018“. Околу монетата (по должината на периметарот) се прикажани натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]
Опачина[уреди | уреди извор]
На опачината, во средината на монетата е претставена слика на куче во боја што влече запрежна кола на две тркала исполнета со златни монети. Во заднината се прикажани листови од детелини. Над средишната слика на монетата се наоѓа натписот: „БОГАТА ГОДИНА НА КУЧЕТО“ на англиски јазик.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „Година на кучето – богата година на кучето"“. Посетено на 8 јануари 2018.