Прејди на содржината

Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија (кована пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Лице
Опачина
Поединости
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 31,1 г
Димензии 30 х 45 мм
Облик правоаголен
Издадена 2017
Цена 3.800 ден.


Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софијакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година.

На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани слики на Света Вера (со крст), Света Надеж (со сидро) и Света Љубов (со деца) во златна боја. Под трите светици е прикажана слика на црквата „Св. Трофим“ (Есшо, Алзас, Франција), каде што се чуваат моштите на Света Софија. Во горниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија и натписите „100 денари“ и „2017“. Во долниот дел од монетата е прикажан натписот „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и ознаката („Аg 925“) и масата на монетата („31.1g“).[1]

На опачината на монетата е претставена дигитално-печатена слика на трите светици - Света Вера, Света Надеж и Света Љубов, претставени како млади девојки. Зад трите светици е прикажана слика од нивната мајка Света Софија (прикажана во релјеф). Имињата на сите светици се исковани на руски јазик, а по должината на работ на монетата е претставен украс.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија". Посетено на 8 јануари 2018.