Прејди на содржината

Петел со ангел (кована пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Година на петелот - петел со ангел
Лице
Опачина
Поединости
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 28,28 г
Димензии 38,61 мм
Облик кружен
Издадена 2017
Цена 3.500 ден.


Петел со ангелкована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година.

На лицето, во средината на кованата пара се претставени Грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]

На опачината, во средината на кованата пара е прикажана слика на ангел во боја кој седи во запрежна кола влечена од петел. Ангелот е опкружен со цвеќе. Под и над средината на сликата е прикажан цветен орнамент. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „ПЕТЕЛ СО АНГЕЛ". Посетено на 8 јануари 2018.