Димитар (кована пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Димитар
MK NBRM.png
Лице
Опачина
Поединости
Серија Ден на Ангел
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 28,28 г
Димензии 30 x 50 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 3.500 ден.


Димитаркована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2015 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

На лицето од парата е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од лицето на монетата е прикажан Грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.[1]

Опачина[уреди | уреди извор]

На опачината, во средината на кованата пара е прикажан ликот на Димитриј Донски, Кнез на Москва (од 1359 година) и Велики кнез на Владимир (1363-1389). Неговиот прекар Донски (според реката Дон) потекнува од неговата победа против Татарите во битката кај Куликово (1380), која се водела по течението на реката Дон. Во долниот дел на кованата пара е прикажана црквата Димитриј Донски во Тјумењ, Сибир, Русија. На десната страна е прикажан цветот хризантема - симболот на името Димитар. На левата страна е вметнат кристал „сваровски“, кој наликува на лапис лазули - среќниот камен на Димитар. На позадината ги има натписите: „Димитар“ (на македонски и руски јазик), „Ден на Ангел“ (на македонски јазик) и ознаката „Ag 925“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „ДИМИТАР““ (македонски). конс. 8 јануари 2018.