Вештачка интелигенција (кована пара)
Вештачка интелигенција | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Номин. вредност | 100 денари |
Метал | сребро (Ag) 925 |
Тежина | 28,28 (± 0,50) гр |
Димензии | 38,61 (± 0,20) мм |
Облик | кружен |
Издадена | 2019 |
Цена | 3.200 денари |
Вештачка интелигенција — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2019 година.
Опис
[уреди | уреди извор]Лице
[уреди | уреди извор]На лицето, во средишниот дел на монетата има слика на дигитален уред за оптичко препознавање со вградени сетилници на мрежницата и информациски канали коешто се оддалечуваат во облик на мрежа со контактни јазли. Во горниот дел е претставен Грбот на Македонија, додека долж периметарот е испишан натписот „Република Северна Македонија“. Во долниот дел се испишани натписи за апоенот — „100 денари“ — и годината на издавање — „2019“. Сите натписи се на англиски јазик.[1]
Опачина
[уреди | уреди извор]На опачината, во средишниот дел е направен приказ на вештачка интелигенција преку кристал и струјно коло во вид на човечки мозок од кој се шири мрежа на сензори коишто го опкружуваат светот. Во горниот дел има слика на ракување како симбол на тесната соработка на човештвото со вештачката интелигенција, а во горниот лев дел е испишана ознаката „Ag925“. Долж периметарот е испишан натписот „Вештачка интелигенција“ на англиски јазик.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели „Вештачка интелигенција"“. Посетено на 10 јануари 2020.