Струјно коло

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Просто струјно коло со извор и отпорник.
Елементи на едно струјно коло. Прикажани се и логичките порти.

Струјно коло или струен круг е затворена електрична врска помеѓу електрични елементи низ кои тече електрична струја. Струјното коло во најмала мера мора да поседува барем еден извор на електромоторна сила (ЕМС) и проводник кој може да биде, во скоро сите случаеви и потрошувач ако поседува одредена електрична отпорност.

Колото мора да биде затворено за да се создаде напон меѓу двата краја на изворот на ЕМС, со цел да се случи протек на електричните полнежи меѓу краевите на изворот на ЕМС низ проводникот.