Кирил и Методиј - 1.000 денари (кована пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кирил и Методиј
Лице
Опачина
Поединости
Серија Икони на светци
Номин. вредност 1,000 денари
Метал сребро (Ag) 925
Тежина 500 гр
Димензии 135 x 90 мм
Облик правоаголен
Раб мазен
Издадена 2014
Цена 49.000 денари


Кирил и Методијкована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија чија номинална вредност е 1,000 денари.[1][2]

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

На лицето од монетата е претставена слика на манастирот „Свети Наум“ во Охрид и седум светци над него - светите Кирил и Методиј и нивните пет ученици. На долниот дел од монетата има натпис „Република Македонија“ на македонски јазик. На горниот дел, на десната страна, е прикажан Грбот на Република Македонија, а на левата страна е прикажан апоен од „1000 денари“ на македонски јазик. Во средината, во горниот дел е претставена годината на издавање „2014“, а во средниот десен дел од монетата има ознака „Ag925“ и „500 g“.

Опачина[уреди | уреди извор]

Главната содржина на опачината е портрет од Свети Кирил и Свети Методиј, а над нив се претставени нивните имиња во сребрен натпис „Св. Методиј“ на левата страна и „Св. Кирил“ на десната страна со кирилско писмо на македонски јазик. Периметарот на опачината е затворен со украсни црти во златна боја.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Соопштение на НБРМ“. 27 март 2014. Посетено на 8 јануари 2018.
  2. „НБРМ ги промовираше кованите пари за колекционерски цели“. 1 август 2014. Посетено на 8 јануари 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]