Алги
Систематската група на алги опфаќа околу 35 000 видови, анатомско и морфолошки различно диференцирани. Алгите се еукариотски протисти. Тие се автотрофни организми, со мали исклучоци. Нивното тело е малку диференцирано и се означува како талус.
Алгите имаат широко распространување на Земјата. Тие живеат во водна средина, најповолна за нивниот развиток, меѓутоа ги има во влажни и повремено влажни места. Освен тоа, живеат на карпи, снег, во почва, во некои растенија и животни, како и во симбиоза со габите. Алгите се космополитски организми, односно распространети се насекаде.
Размножувањето кај алгите е најразлично: бесполово (со проста делба, спори) и полово (изогамија, анизогамија, оогамија итн.).
Систематска поделба на алгите
[уреди | уреди извор]Алгите се јавуваат во најразлични форми. Некои од десетте оддели на алги се исклучиво едноклеточни. Други, пак, се збир на клетки наредени во конци или колонии. Зелените, кафеавите и црвените алги се многуклеточни организми. Најкарактеристични таксономски оддели на алги се:
- зелени алги (Chlorophyta)
- силикатни алги (Bacillariophyta)
- кафеави алги (Phaeophyta)
- црвени алги (Rhodophyta)
- жолтозелени алги (Xanthophyta)
- златни алги (Chrysophyta)
Некои научници конјугатните зелени алги (Gamophyta или Conjugatophyceae) ги вбројуваат во посебен оддел од зелените.
Алги во Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија се заведени следниве таксони на алги:
Таксон | Научен
назив |
Видови | Разн. | Обл. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
цијанобактерии | Cyanophyta | 213 | 10 | 59 | 282 |
евстигматофити | Eustigmatophyceae | 1 | — | — | 1 |
жолтозелени алги | Xanthophyceae | 10 | — | — | 10 |
зелени алги | Chlorophyta | 398 | 124 | 35 | 557 |
златни алги | Chrysophyceae | 7 | 4 | — | 11 |
светлечки камшичари | Dinophyta | 12 | 3 | 1 | 16 |
силикатни алги | Bacillariophyceae | 1.072 | 132 | — | 1.204 |
синозелени алги | Glaucophyta | 1 | — | — | 1 |
синурофити | Synurophyceae | 2 | — | — | 2 |
скришни алги | Cryptophyta | 1 | — | — | 1 |
харофити | Charophyta | 21 | — | 3 | 24 |
црвени алги | Rhodophyta | 8 | — | — | 8 |
црвенооки алги | Euglenophyta | 23 | 3 | 1 | 27 |
Вкупно | 1.769 | 276 | 99 | 2.144 |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Алги“ на Ризницата ? |
- Guiry, Michael and Wendy. „AlgaeBase“. - a database of all algal names including images, nomenclature, taxonomy, distribution, bibliography, uses, extracts
- Algae - Cell Centered Database
- „Algae Research“. National Museum of Natural History, Department of Botany. 2008. Посетено на 2008-12-19.
- Anderson, Don; Bruce Keafer; Judy Kleindinst; Katie Shaughnessy; Katherine Joyce; Danielle Fino; Adam Shepherd (2007). „Harmful Algae“. U.S. National Office for Harmful Algal Blooms. Посетено на 2008-12-19.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- „Australian Freshwater Algae (AFA)“. Department of Environment and Climate Change NSW Botanic Gardens Trust. Архивирано од изворникот на 2008-12-30. Посетено на 2008-12-19.
- „Monterey Bay Flora“. Monterey Bay Aquarium Research Institute (MBARI). 1996–2008. Архивирано од изворникот на 2009-01-25. Посетено на 2008-12-20.
- Silva, Paul (1997–2004). „Index Nominum Algarum (INA)“. Berkeley: University Herbarium, University of California. Посетено на 2008-12-19.
- Algae: Protists with Chloroplasts Архивирано на 14 јуни 2011 г.
- „Research on microalgae“. Wageningen UR. 2009. Посетено на 2009-05-18.
|