Памплонска катедрала

Од Википедија — слободната енциклопедија

Митрополитската катедрала наречена Санта Марија ла Реал, која е сместена во градот Памплона (Составната заедница на покраината Навара, во државата Шпанија) претставува седиште на надбискупиите на Памплона и Тудела. Овој објект претставува црковен архитектонски храм, кој бил најкомплетниот катедрален комплекс воопшто зачуван на територијата на Шпанија. Оваа катедрала ги прикажува вообичаените градби кои ги има во останатите храмови како што се црквата, манастирот и светилиштата, но успеала да ги зачувува и специфичните елементи од типот на тезгите, трпезаријата, поглавјето и собите за преспијување. Овие особени зачувани простории биле доказ за постоење на заедничкиот живот во катедралата на нејзиното раководство. Низ вековите кај другите шпански катедрали овие дополнителни простории биле урнати.[1] Просториите кои го оформуваат овој комплекс биле изградени во различни периоди и со различни стилови. Денес мал дел од просториите кои постојат се од таканаречен романски стил, а преовладуваат оние кои биле изградени во готски стил (вклучувајќи ги објектите на црквата и манастирот). Црквата и манастирот водат потекло од xiv до xvi век. Западната фасада од катедралата која е во неокласичен стил, била изградена кон на крајот на 18 век.[2]

Објекти кои посебно се издвојуваат се; манастирот, кој се смета за чудо на европската готска уметност и секако еден од најдобриот изграден манастир во текот на XIV век,[2] потоа трпезариската кујна, која претставува една од трите преживеани примери на готска кујна во цела Европа,[3] како и делот од главната фасада едно од најблескавите, најчистите и најрепрезентативните дела на неокласицизмот на Иберискиот полуостров.[4]

Именувањето на храмот и титуларната слика[уреди | уреди извор]

Од изградбата, односно од своето основање, храмот е посветен на Санта Марија де ла Асунсион чиј празник, се празнува на 15 август. Од период кога е изградена оваа катедрала, оттогаш се слави овој празник како паѕтронен на оваа епископска црква.[5] Поради феноменот наречен метонимија, сопственоста на објектот на катедралата е директно поврзана со уметничкото насликано дело, Санта Марија ла Реал, поставено во нејзината внатрешност. Неодамна, во текот на XX век, промената на името настанало во согласност со уметничкото дело кое било поставено во централниот простор. Ова тврдења го потврдил Дејвид Аскорб, кој бил ангажиран како техничар во архивата на катедралата и воедно одговорен за епархискиот архив на градот Памплона.[6] Техничарот дури го надополнил и следното „титуларната слика или централното уметничко дело кое било познато во градот Памплона низ текот на вековите, претставувало основа за добивање на името на катедралата“. Истиот овој човек подоцна ги набројал и останатите имиња поврзани со објектот за кои се смета дека постојат некакви документирани записи, односно траги. Тоа биле: Богородица во светилиштето, Света Марија де Реал, Света Марија од Памплона, Убавата Света Марија, Богородица на кралевите и Августовската Богородица или Летна Богородица.[7]

Историчарот Хосе Гони Гастамбиде — инаку специјализиран историчар за епископска историја на бискупијата во градот Памплона — донекаде го објаснува прашањето поврзано со именувањето на катедралата. Тој неколку пати во 1905 година упатил барање за изјаснување околу дилемите за историјата на името на објектот. Барањето го упатил до раководството, односно директно до капеланот со име Маријано Аригита Ласа, кој во тој период бил еден од видните личности во раководството на катедралата, а подоцна и главен архивар на Провинцискиот совет на Навара и на Градскиот совет на Памплона. Овој пак првично побарал да се врати „почетното именување“ односно тоа да биде Света Марија ла Реал од Памплона. Во повратниот одговор од страна на Гони Гастамбиде се истакнувало дека: „Во однос на првата точка, односно именувањето, вреди да се истакне дека оригиналниот наслов на катедралата бил Света Марија од Памплона додека она дополнителното именување како Света Марија ла Реал де Памплона никогаш и во ниту едни записи не било официјално документирано.

Прашањето околу противречноста на посветеноста на главното уметничко дело, поставено во катедралата, во 1936 гподина, го натерало раководството на храмот да побара објаснување во вид на извештај за таа проблематика од одговорните свештеници во епархијата, Нестор Зубелдија и Онофре Ларумбе. Вториот од тие двајца ја имал и функцијата на претседател на Комисијата за историски и уметнички споменици на покраината Навара.[8] Таков извештај со детално објаснети моменти бил зачуван во Архивата на Соборниот храм. Извесен Дејвид Аскорб ги сумирал заклучоците според наредното образложение: „По извршената анализа на многубројните документи сместени во архивите на покраината Навара, се заклучува дека старото титуларно име на катедралата, според општата јурисдикција, требало да се зачува и конечно да гласи: Света Марија од Памплона“.[7]

Како резултат на конечното канонското назначување, од 21 септември 1946 година, на името Света Марија од Памплона сепак додатокот назначен како „Света Марија ла Реал од Памплона доста се популаризирал помеѓу народот“. Сето ова значело дека тој терминолошки израз претставувал нејзино конечно поставување.[7]

Поглед кон внатрешноста на храмот

Историја на катедралата[уреди | уреди извор]

Поглед на Платното кое ја нагрнува резбата од романски стил на делото наречено Света Марија од Памплона. Оваа уметничка творба била во сопственост на градот Памплона.

Сегашниот објект на катедралата заедно со нејзините околни градби зазема голема површина од делот на таканаречениот Стар град на Памплона. Оваа локација всушност претставува највисокиот дел на територијата наречена Наварерија. Тоа е просторот на градот Памплона каде што се пронајдени најстарите археолошки остатоци, кои воделе потекло од периодот на првото железно време. На истиот локалитет се наоѓало главното јадро на тогашниот римски град, од кои многубројни остатоци се пронајдени за време на различните археолошки ископувања извршени во внатрешноста и надворешноста од просторот на катедралата. Истражувањата покажале дека просторот зафатен од катедралата одговарало на раскрсницата од улиците познати како Кардо и Декумано. Тие улици, во тој период, претставувале главни артерии односно строгиот центар на римскиот град.

Почетоците од кога постојат докази за постоење на црквата во Памплона е некаде околу 589 година. Имало одреден документ, во кој е истакнато дека постои епископ на веќе споменатиот град. Овој доказ е истакнат за време на Третиот собор во градот Толедо.[9] Според сето тоа ако постои епископ, тој морало да има свој стол, односно столот да биде сместен во просториите на одредена катедрала. Овој факт претставувал запишан доказ. Меѓутоа, првиот физички доказ за постоењето на црковна градба на споменатото место е пронајден вметнат во темелите на објектот со романски стил на градба. Овој физички доказ бил пронајден на трите од вкупно четирите страни на катедралата. Истиот води потекло од IX или X век, што би го потврдило постоењето на црква од тој период.

Во 924 година на тој простор постоела една позната црква која сепак била урната од страна на Абд ал Рахман III (црквата која припаѓала на централниот дел град). Кралот на Шпанија Санчо Абарка (970-994) целиот град Памплона го посветил на Света Марија. Владетелот Санчо Постариот го обновил првиот епархиски храм, а решавачката одлука била донесена некаде во xii век. Зачетоците на оваа идеја биле во 1086 година, кога познатиот епископот Педро де Рода ги променил непроменливите секуларни канони на заедница со таканаречени редовни канони, во согласност со правилото на Свети Августин. Според овие канони се создало раководството на катедралата. [2] Таа се изградила во чист романски стил, во периодот помеѓу 1100 и 1127 година. Осветувањето на катедралата било извршено на 12 април 1127 година од страна на епископот Санчо де Лароса. На осветувањето присуствувал и кралот на Арагон и Навара, односно крал на Шпанија Алфонсо I од Арагон.[10]

Кон крајот на xiii век и првата половина на xiv век, бил изграден новиот манастир во склопот на катедралата. Тој бил оформен во готски стил, а во текот на xiv век биле изградени и некои други готски градби, како што се: капелата наречена Барбазана и трпезаријата односно кујната. На 1 јули 1390 година[11] романската катедрала се урнала во делот каде се наоѓа просторот на хорот. При ова уривање фасадата и пределот на главниот простор останале непроменети. По овој немил настан, раководството на катедралата одлучило да се започне со изградба на нов храм. Овој пат новите градби биле планирани да бидат изведени како оние од периодот на претходниот XIII век, како што бил на пример објектот на манастирот, односно во чист готски стил.

Во тој период, во вековите кои следеле низ целиот комплекс биле извршени различни интервенции, а најзабележителна била замената на фасадата од романски стил во неокласика. Фасадата била заменета во периодот на xviii век.

Романски храм[уреди | уреди извор]

Поглед кон планот на катедралата. Со бела боја е претставен планот на романската конструкција, а со црна боја сегашната готска конструкција.
Детал на Романска престолнина. Детал изработен со техника на каменоделство.

Објектот на храмот кој бил изграден на почетокот на xii век, односно помеѓу 1100 и 1127 година бил голем 70 метри по должина и 50 метри по ширина.[10] Во тој период поголема градба била само катедралата Сантјаго де Компостела. Целата изведба на катедралата била со величестен изглед. Се состоела од еден централен кораб и два странични, кои биле нешто помали во однос на ширина од сегашното здание. Всушност, планот на подот на тогашната романска катедрала по големина се совпаѓал со оној кој бил изграден неколку векови подоцна според новиот таканаречен готски стил. Романската катедрала се состоела од три апсиди, од кои централната била со полукружна форма одвнатре и со полигонална форма однадвор. Страничните пак апсиди биле со полукружна форма и одвнатре и однадвор. Зачудува постоењето на големото растојание помеѓу страничните и централната апсида. Под десната странична апсида со текот на годините била пронајдена една крипта со вкупно три кораби. Корабите биле поткрепени со самостојни столбови каде постоел простор со олтар.

Приказ на дело кое го претставува Исус Христос кое е сместено во истоимената капела.

Во наредните децении во комплексот на катедралата биле изградени најразлични објекти, сите во романски стил. Тоа биле објектите на капелата посветена на Исус Христос, која била поставена во делот на кралската и епископската палата, потоа биле изградени тезгите и секако објектот на манастирот (тој бил урнат кон крајот на xiii век за да се изгради повторно во нов готски стил). Старите делови од манстирот, но не сите, оние од прекрасни капители, биле зачувани во просториите на Музејот на Навара.

Фасадата на споменатата градба, онаа која била изграден во романски стил останала да опстојува до нејзиното демонтирање кое се случило во xviii век, во кој била изградена сегашната неокласична фасада. Зачувани биле само некои делови како капители и резби на човечки фигури. Исто така било зачувано и едно уметничко дело на висинскиот кат од катедралата, кое било вградено во новиот план на новиот објект. Во некои различни документи било запишано дека старата градба на храмот поседувала две кули, јужната со слична височина како и централниот кораб, и северната, која била повисока и на самиот врв завршувала со остар дел односно таканаречен шилецц. Поради височината и обликот само северната височинска градба го носела епитетот на „кула“. Во височините на оваа кула биле поставени литургиските ѕвона.

Во ископувањата и истражувањата кои биле извршени во внатрешноста на црквата во текот на 90-тите години од минатиот век, биле пронајдени темелите на романската градба, како и темелите на криптата, така што точно се знаат нејзините димензии и просторот на распространетоста. Покрај овие делови, други романски остатоци кои се сочувани во добра состојба биле: споменатиот параклис на Исус Христос, потоа остатоците под просторот на сакрилиите и тезгите. Исто така добро сочувани биле кулите на една стара пристапна врата (подоцна била делумно реконструирана). Во неодамнешните истражувања биле пронајдени од тој период и одредени романски остатоци под деловите на светилиштата, како и остатоци од некогашната палата која била сместена на јужната страна од манастирот.[12]

Готски стил на катедралата[уреди | уреди извор]

Причината поради која е изграден сегашниот готски храм била ненадејното уривање на претходната градба. Исчезнувањето на храмот принудило активностите за изградба да започнат веднаш, бидејќи поранешната катедрала служела како простор за најважните активности на самото кралско владеење. Тоа биле настани како крунисувањата и помазанието на кралевите, нивното крштевање или пак погребувањата. Поради сите овие причини, нејзината реконструкција станала примарна цел за кралевите Карлос III Благородниот, Леонор од Трастамара како и нивните наследници. Доста невообичаено за тоа време било фактот што раководството или таканареченото поглавје заедно со бискупите ги покривале најголемиот дел од трошоците за интервенциите кои биле извршувани врз катедралните комплекси. Кралевите плаќале само за опремувањето на капелите, жртвениците (олтарите) или вршеле донација на одредени парчиња изработени од злато. Во конкретниот случај со катедралата во Памплона, бидејќи претходното здание била речиси целосно срушено, со оглед на малата платежна моќ на раководството како и на целиот епископот сами да ги преземат трошоците за новата градба, кралевите донеле одлука дел од својот приход да го одделат и насочат кон последователните градби. Овие издвојувања се правеле континуирано со години од страна на голем дел на монарсите. Донирање на средства извршила и една од ќерките на монарсите позната под името Бланка.[11]

Во текот на xiv век и преовладувачкиот стил на градби низ цела Европа бил готскиот стил. Покраината Навара, каде што се наоѓа и Памплона бидејќи имала своја граница со кралството Франција, често се случувало да владеат различни француски владетелни лози. Такви биле семејството Евро (кое владеело во тие години) и семејството Шампањ. Сите овие факти допринеле во Навара да постои големо француското влијание кое било многу важно и одлучувачко. Во периодот на xiii и xiv век стилот во кој била изградена новата катедрала бил комбинација од стилови и влијанија. Па може да се рече дека стилот на храмот бил француско - готски.

Официјално на 27 мај 1394 година бил поставен првиот камен темелник за изградба на новата катедрала. Датумот и годината на започнувањето на градбата може да се прочита на натписот на релјефот поставен на вториот столб од централниот кораб во пределот на трансептот. Од страната на евангелието, во релјеф каде се претставени тројца клекнати канони пред ликот на Богородица, која е во седната положба било напишано „Поглавјето на катедралата во Памплона донесе одлука за градба во годината Capi(tu)l(u)m eccl(esie) Pampilon(ensis) an(no) M.CCC.LXXXX.IIII“ (1394 година).[11]

Внатрешноста на катедралата[уреди | уреди извор]

Планот на оваа катедрала, како и кај сите останати катедрали, се состои од тело на корабите и соодветниот трансепт.

Телото на храмот било составено од вкупно три кораби, најголемиот или централениот (димензии од 12.2 метри во ширина и 25,3 метри во висина висока) и два странични (со димензии од 7 метри во ширина и 12,8 метри во висина).[10] Страничните кораби биле составени од по шест делови. Оној последниот дел кој бил поставен најблиску до фасадата, бил изграден заедно со неа некаде кон крајот на xviii век.

Поглед од страна на подножјето на наосот кон композицијата на внатрешноста на катедралната црква.

Прицврстени кон страничните кораби постојат низа од параклиси, со исклучок на двата дела кои се наоѓаат најблиску до трансептот од онаа страна каде се наоѓа таканареченото Послание. Тој простор претставува одредено отстапување што се објаснува со потребата од обединување на црквата со просторот на манастирот кој во тој период бил веќе завршен. Иако повеќето од параклисите одговараат на дел од наосот кој се наоѓа помеѓу потпорните ѕидови, двете капели кои се наоѓаат најблиску до западната фасада зафаќаат простор што одговара како за два составни делови. Параклисите имале правоаголни форми со димензии од 5,2 метри по ширина и 6,5 метри до должина. Само двојните параклиси имаат двојно поголема должина, додека висината им е иста со висината на страничните кораби.[10]

Потпорите на главниот или централниот кораб се составени од самостојни ромбоидни столбови кои се составени од по дванаесет потенки столбови одделени помеѓу себе со соодветни вдлабнати лајсни. Столбовите ја носат тежината на попречните, но и на старите поранешни лакови, како и на дијагоналните ребрести носачи. Столбовите кои се наоѓаат помеѓу страничниот кораб и капелите не се променети, па иако слични на претходните, во делумен однос ја менувале својата структура. Од своја пак страна, двојните параклиси си имаат свој самостоен столб, кој од својата внатрешна и надворешна страна немаат таканаречени палки, туку се со полукружен пресек. Сводовите на врвот имаат изострена форма со потполна означена насоченост и изработени од профил во лиена форма.

Прозорците на катедралата[уреди | уреди извор]

Ѕидниот простор кој се наоѓа помеѓу сводовите на страничните кораби и прозорците на централниот кораб се од голема важност. Тоа е затоа што овој простор не дозволува прозорците да бидат подолги, бидејќи тие се граничат од надворешната страна со делот од покривот на страничните кораби и капелите. Сите прозорци се со иста висина. Воопшто не е изненадувачки, но чудно било зошто тој празен ѕиден простор не бил решен со вградување на соодветна трасира или клересторија, што би го разубавиле просторот, а би го избегнале својството на празен ѕид и би го неутрализирале негативниот впечаток.

Поглед на крстаречките долапи (простории)

Прозорците кои се наоѓаат на централниот кораб се со најголема димензија. Постојат по два прозорци на секој од пооделните делови. Се наоѓаат на поголема висина и се поставени наизменично еден поголем и еден помал. Формата на секој од прозорците е со изострен облик со налик на блескав лак, составен од два елементи наречени архиволти. Архиволтите се поставени на секоја од прозорските страни во исто толку мали просторни колони. Долниот дел на прозорците се наведнати и завршуваат во простор наречен олук, а нивната внатрешност е поделена со два елементи наречени мулиони кои ги разделува една дрвена греда-трасир во просторот на темето. Двата различни дизајни кај прозорците се повторуваат по принципот на непарни броеви со низа од многу остри односно изострени лаци кои преминуваат во.секантни или тангенти форми. Внатрешноста е исполнета со четирилобусни испишани кругови. Во парните пак делови, деловите наречени трасирa се формирани од по три големи кругови кои пак во себе содржат три квадрати со извесно закривени страни во кои пак се впишани четирилобусни форми.

Прозорците на ѕидовите од капелите се слични на претходните, но сепак се помали по димензија и се поделени само со еден елемент мулион. Трасирите кај овие прозорци се различни, иако се составени од исти основни елементи.

Катедралата во Памплона ни го претставува со голема изразна јасност ѕидот кој се наоѓа над главниот влезен простор. Постојат различни теории за таквата поставеност, тргнувајќи од климатските и светлосни прашања и повеќе стилски прашања. Тенденцијата била во xv век да се пристапува кон ревалоризација на изгледот на ѕидот. Можеби тоа е сторено според традицијата во тогашната наваро-готска формалност која практикувала да се поставуваат помалку прозорни отвори за разлика од останатите катедрални изведби.[11]

Целото тело на корабите на катедралата е покриено со изострени сводови. Централниот кораб има едноставни вкрстени сводови, наречени барлонги кои биле по еден на просторот од секој пресек. Сводовите се разделени со попречни лакови и зајакнати со надолжно поставени лигатури кои ги спојуваат клучните камени блокови на сводот со делот на попречниот лак. Изострениот лак е повисок од делот наречен фајон. Елементите со ребраста форма и фасциите имаат триаголен, но континуиран обликуван пресек. Фајоните се потпираат врз мала колона која се спушта по ѕидот и просторот на столбот кој припаѓа на елементниот наос.

Поставеност на сводовите и таваните[уреди | уреди извор]

Поглед на Страничниот кораб од страната на Евангелието

Клучевите на сводовите и на просторот од трансомите се украсени со хералдички, извајани и полихромни мотиви, а пак, ребрастите делови кај лигатурите поседуваат мал штит во близина на самиот клуч. Тие делови се со полихроматска (повеќебојна) изведба. Почнувајќи од делот на трансептот може да се забележат краците со грбовите кои се посветени на Карлос III Благородниот и иницијалите на кралицата Бланка I од Навара, како и грбот на Навара. Во петтиот дел сместен е грбот на епископот Мартин де Пералта. Шестиот дел, кој бил изграден во неокласичниот период, немал ниту полихромен ниту хералдички штит. За време на последнта реставрација (1992-1994) била направена таканаречена хипотетичка обнова врз основа на примерите кои биле сочувани во останатиот дел од храмот. Последните изведби биле оригинални и современи со формата на постоечката архитектура. Најзабележителен детал во декорацијата на просторот на клучевите било тоа што полихромот не само што се нанесувал врз клучевите и штитовите, туку покривал и околу четири метри во пречник околу истите, со тоа што поголемиот дел од сводот бил полихромиран. Иако тоа изгледало доста впечатливо, сепак таквиот начин на изведба бил вообичаен за периодот од средниот век. Се добивало впечаток дека мазниот и извајаниот камен имале полихромна видливост.

Сводовите на страничните кораби имале слична структура како и централниот, но клучните вградени камени блокови не биле споени со фасцијата со помош на сврзен елемент наречен лигатура. Како и кај централниот кораб, така и кај трансомите, краевите и ребрастите елементи постојат хералдички штитови со мотиви на кралеви и епископи. Просторот околу клучот и просторот околу сводот е исто така во полихромна изведба.[10]

Капели[уреди | уреди извор]

Поглед кон олтарот од времето на Класичните изведби (од 1610 година) од капелата посветена на Свети Јован Крстител

Капелите во катедралата се покриени со едноставни вкрстени сводови, а клучевите се украсени, иако не во сите случаи, со хералдички штитови. Како што е вообичаено, параклисите се посветени на еден или повеќе светци, а со текот на вековите некои ја промениле посветеноста. Денес тие се познати како (почнувајќи од подножјето на наосот од евангелската страна):

  • Капелата посветена на Свети Јован Крстител, која со векови функционирала како и истоимената парохија. Оваа капела целосно е поврзана со катедралата и припаѓа на населеното место познато како Наварерија. Старата градба која се наоѓа во непосредна близина, била комплетно истисната, односно претопена од новото здание кое било изведено со готските проширувања (од 1394 до 1501 година). Подоцна тоа било ставено во комплетна функција на оваа капела. Според тој доказ Наварерија претставува најстарата парохија во градот во времето кога биле протерани групата на Језуитите од градот некаде во 1767 година. Црквата посветена на Исус и Марија која се наоѓала на улицата Компања во тој период била отворена за богослужби. Оваа капела во 1951 година токму од таму била пренесена во просторот на катедралата.[13][14][15]
  • Капелата посветена на Света Кристина,
  • Капелата посветена на Свети Јосиф и Свети Тома,
  • Капелата посветена на Свети Андреј,
  • Сандовалска капела (во просторот на амбулантата),
  • Капелата посветена на Евхаристија (во делот од јужниот крак на трансептот),
  • Капелата посветена на Свети Јован Евангелист и
  • Капелата Света Катерина (и двете се наоѓаат од страната на Посланието).

До 1747 година, просторот на лекувалиштето, односно амбулантата била поделена на повеќе капели, а олтарниците кои денес се зачувани на самото место го потврдуваат тој факт. [16] Денес жртвениците (олтарите) не секогаш одговараат на името или посветеноста на капелата во кои се сместени. Тој елемент е дообјаснет во посебен дел од оваа статија.

Движење низ катедралата[уреди | уреди извор]

Трансептот на оваа катедрала има форма на квадрат, а двата крака се формирани од по два дела од кои првиот е правоаголен, со ширината на која е идентична со страничниот кораб и вториот со квадратна форма. Сводот на трансептот се наоѓа на иста висина со централниот кораб и е потпрен на столбови слични како оние на главниот кораб. Разликата е во тоа што столбовите наместо од дванаесет се составени од вкупно шеснаесет колони.

Двата раздвојни крака имаат по два прозорци распоредени еден зад друг во делот кој се наоѓа најблиску до просторот на трансептот. Структурата на прозорците е слична на останатите прозорци, но правецот и капацитетот на светлината е по блескав. Во тој простор постојат и два мали прозорци во форма на розета кои ги пробиваат фронтоновите. Малите прозорци оставале раскошна светлосна трага, која наликувала на онаа чии прозорци ја отсликувале на северното крило од манастирот.

Палубата на трансептот е составена од троен свод, со вкупно пет клучеви. Најблиските пресеци на краците имаат едноставен ребрест свод, зајакнат со надолжна лигатура, а повеќето надворешни делови имаат едноставни ребрести сводови, со квадратен план и со надолжни и попречни лигатурни елементи. Ребрастите делови кај трансептот имаат поконтинуирани и покомплексни профили од оние кои се наоѓаат на наосот, доказ кој може да се објасни со нивното вградување во некоја од подоцнежните градежни фази. Друг податок кој ни покажува дека овој составен дел е изграден во подоцнежниот период е недостатокот на резбани фрагменти на просторот од клучевите. Овој факт тешко се забележува бидејќи клучевите сепак се скриени, со поставување на поголеми лажни клучеви изработени од позлатено дрво. И на овој простор, односно на сводовите, поточно околу клучевите, повторно има полихроматски површини.

Главни елементи[уреди | уреди извор]

Просторот на Поглавието на катедралата во Памплона е составен од елементот на презвитерието и таканаречената амбуланта. Нивната функција е да служат како капели. Презвитерието има план во форма на неправилен петаголник. Амбулантата пак од своја страна е составена од вкупно четири дела. Двата централни дела се идентични, а по форма во вид на правилни шестоаголници, додека другите два дела се со форма на неправилни петаголници кои се нееднакви помеѓу себе.

Поглед кон Презвитеријата во која е враден неоготски балдахин со резба на Богородица. Води потекло некаде од XII век.

Просторот на Презвитериумот е со иста висина како централниот кораб и трансептот. Тој со централниот кораб и со трансептот е споен со широк изострен лак. Во просторот кон амбулантата можат да се забележат четири мали, многу изострени сводови кои се потпираат на вкупно три столбови со кружна форма. Овие столбови ја имаат функцијата за да ја носат тежината на заоблените елементи на главниот свод. Прозорците се слични како оние на наосот, но со единечен елемент наречен мулион. Тие се помали по димензија, но со пораскошна продорна светлина.

Покривниот елемент претставува свод во форма на ѕвезда, прилагоден на неправилниот петаголен простор. Тој има пет главни ребрасти делови кои формираат таканаречени пет додатоци. Оној додаток кој се наоѓа во непосредна близина на трансептот е многу поширок од останатите бидејќи го пресекува просторот на триумфалната порта. Главните сврзувачки делови се спојуваат во формата два по два со помош на елементи наречени терцалети, освен оние кои се наоѓаат до трансептот, кои претставуваат правилни терцалети и кои се вкрстуваат со триумфалната порта. Терцалетите пак се споени со лигатурите со главните спојки, со што се формира елемент со форма на ѕвезда со шест краци. Зглобовите на овие точки се надополнети со клучеви кои се врежани со зелени додатоци. Профилот на ребрата е идентичен со профилот на ребрестите делови кај останатите делови.

Најзабележително нешто кај просторот од амбулантата се двете влезни врати кои се поставени на просторот од двете сакристии.[10] И двете врати имаат слична форма и структура создадени од лак на канапела украсени со природно зеленило, со доста раскошен изглед. На горниот дел од вратите постои зеленило, а на крајните врвови има поставено таканаречена розета. Сите овие елементи од страните се ограничено со вдлабнати врвови. Се чини дека просторот на амбулантата води потекло од XIV век. Овој простор на почетокот бил наменет за сместување на гробници, но тие подоцна биле отстранети за да се овозможи пристап до светилиштата создадени подоцна кога амбулантата како елемент била отстранета.

Во просторот на амбулантата постојат само три мали прозорци. Еден од нив е зачуван во оригиналната форма опкружен со елементот мулион, вториот кај кој не постои тој елемент, а недостига и третиот чија форма изгледа во доста модерен стил.

Покривните елементи се поделени со ребрастите делови на шест или пак на пет дела, во зависност од тоа каде е поставен самиот дел. Клучевите биле поставени за да може во нив да се сместат хералдички штитови. Само еден од клучевите бил со издлабена форма, додека останатите се скриени со таканаречени дрвени клучеви, идентично како оние кај трансептот.

Најголемата особеност на главниот простор на оваа катедрала е тоа што се комбинирани два необични елементи кои постојат во сите готски катедрали. Од една страна е тоа што просторот на амбулантата се спојува со капелите, а втората е тоа што во презвитериумот постојат парен број на странични ѕидови, што значи дека наместо отвор одзади, постои колонален елемент.[10]

Надворешност[уреди | уреди извор]

Телото на корабите од надворешната страна претставуваат два диференцирани ѕида. Долниот ѕид се поврзува со параклисите, а горниот со горниот дел од централниот кораб.

Прозорците имаат ист распоред како и во внатрешноста на катедралата, со таа разлика што над лакот постои штитник кој е потпрен со елементи наречени корни кои имале налик на човечки глави. Човечките глави се поставени на северната страна, а животински глави на јужната страна. Секој дел е одделен со едноставна четириаголна потпора. Вакви потпори на северната страна има вкупно три, а на јужната страна постојат пет потпори. Од сите овие потпори произлегуваат по една едноставна потпора во форма на четвртина круг која се потпира на друг идентичен дел со четириаголна форма. Не е сигурно дали доказот кој ни говори дека не постоеле врвови кај прозорците се должи на тоа дека тие никогаш не постоеле како такви или пак на некогашно исчезнување. На јужната страна од капелата постои врата изградена од тули со изострена форма.

Поглед кон Јужната кота (поглед од страна на манастирот)
Поглед кон Источна кота (поглед од страна на заглавието)
Поглед кон Северна страна (портата наречена Свети Јосиф, од XV век )

Трансептот се совпаѓа по висина и ширина со телото на корабите. Јужната фасада е делумно видлива, бидејќи е прикачена на манастирот. Северната пак страна е целосно видлива. На горниот дел од трансептот постојат розетни прозорци, а во долниот дел се наоѓа готската врата наречена Свети Јосиф.

Поглед на вратата која се наоѓа на северната страна наречена Свети Хосе од XV век
Надворешен поглед на јужната фасада на катедралата од страната каде се наоѓа дворот на Архидинатот

Вратата наречена Свети Јосиф била изградена во 1425 година, од страна на Јехан Ломе де Турне во неговата работилница.[10] Оваа врата била составена од благо изострен лак со три потпори и два големи фигуративни архиволти од двете страни. На горниот простор е крунисана со двојна розета. Сите делови се врамени со два релативно добро развиени потпори кои завршуваат со врвови и заштитени со покривка од растителни мотиви. Крунисувањето на Богородица е претставено на просторот наречен тимпанумот.

Елементот наречен Корниз кој се наоѓа кај трансептот претставува низа од сфери, додека во просторот на наосот постојат растителни мотиви. Забележливи се двете спирални скалила, едното, она јужното, завршува со готски завршеток со голем врв, а другото северното одеднаш завршува како да има приказ на недовршено или делимично срушено. Скалилата имаат полигонален надворешен изглед со мали прозорци по должина.

Аглите кои се наоѓаат на јужниот крак од просторот на трансептот на долниот дел завршуваат во цилиндрична форма, додека на врвот украсени со филигран во форма на круна. Од тој елемент па нагоре започнуваат одредени столбови со минијатурна големина кои завршуваат со изострени краеви.

Просторот во презвитерискиот дел има иста висина и ширина како и кај главниот кораб, со што се создава гледано одозгора идеален латински крст. Оваа површина има слична шема на онаа на горниот дел на трансептот, која се вклопила со фазата на градба во која биле изградени двата дела. Двата прозорци кои се наоѓаат на овој потег поседуваат и капаци за заштита од надворешна прашина (за разлика од оние на делот од трансептот).

Потпорите односно столбовите се со мазна површина додека на крајната висина тие се во обликувана форма. На овој простор како и од предната страна веќе се знае за постоењето на врвовите, бидејќи еден од нив ги преживеал различните надворешни влијанија и како таков бил отстранет од неговата позиција некаде во 90-тите години од xx век поради постоење на отворен страв дека би можело да дојде до негово рушење. Сите останати врвови најверојатно се срушиле во 1756 година, за време на експлозијата предизвикана од согорување на барут. Оваа експлозија до крајна мера ја има оштетено целата катедрала и особено нејзините орнаменти, како што се витражите, трасите и врвовите. [10]

Фасада на катедралата[уреди | уреди извор]

И покрај делумното уривање во 1390 година на старата романска катедрала, храмот ја има задржано својата фасада, изградена во тоа време, со истите карактеристики. Од старата фасада на романската катедрала постоел само цртежот со планот од подот. Овој план бил изработен во 1783 година од страна на Вентура Родригес. Целовкупниот сочуван план подоцна бил заменет со нов со комплетен изглед како и денешниот. Од тој период биле сочувани некои резби кои денес се наоѓаат во Музејот на Навара.[2]

Поглед на Дизајнот на главната фасада на катедралата изработен од страна на Вентура Родригес

Во xviii век, архитектот Кабилдо добил задача да и изработи на катедралната црква достоинствена фасада која конечно би ја здогледала светлината на денот. Идејата за изработка на нова фасада била константна низ долгите векови, но сепак било потребно да се почека до крајот на xviii век, за работите да бидат дефинитивно преземени и плановите да почнат да се релизираат. Откако добил неколку нацртни решенија за изгледот на фасадата, инаку сите во доцнобарокен стил, Кабилдо решил да побара совет од Фелипе Гарсија де Саманиего. Овој пак за мислење му наложил на Кабилдо да се посоветува со Кралската академија на Сан Фернандо. Академијата ги отфрлила сите пристигнати предлози и дала наредба работата да му се довери на архитектот Вентура Родригес, кој во тоа време бил голем експонент на новиот академски стил на изработка на идејни решенија. Родригес во тој период ја извршувал функцијата на директор на Академијата.

Кабилдо по сите извршени консултации одлучил да направи конечна нарачка за изработка на новиот дизајн. Прелиминарниот проект за фасадата бил изработен на 5 февруари 1783 година. Тоа е проектот кој се гледа и денес. Неговата реализација била извршена од страна на Сантос Анхел де Очандатеги, според желбата и насоките на Вентура Родригес.[16]

Конечната фасада има трипартитна композиција, со класичена изведба на преден дел кој се наоѓа помеѓу двете странични кули. Овој фронтален дел од катедралата е во целосна одвоеност со внатрешноста и во целосно одвоеност во покривните елементи. Ги има зачувано своите пропорции и квалитетното осветлување, поткрепено со постоењето на прозорците во форма на таканаречени розети. Ова дневно осветлување е искористено и за просторот на корабите.

За изведбата на фронталниот дел, станува збор за целосно академска композиција, со својот тетрастилски фронтон кој е спарен во длабочина. Останатите фронтони се поставени малку зад него, а тетрастилскиот фронтон од останатите е одвоен со подиум на кои постојат скалила. Колоните кои се со мазна осовина се потпираат на таканаречено цокле која е со атичка основа и со дополнителни коринтски капители. Во тој потег постои и одредена табла со архитрав, еден мазен фриз и дополнителен корниз. На просторот од големиот фронтон како единствен украс, поставен е грбот на градскиот совет на градот Памплона.

Неокласичната фасада на катедралата во Памплона дизајнирана од страна на Вентура Родригес

Над овој преден елемент се издигнува второ издигнување. Во тој простор столбовите од предниот елемент се заменуваат со столбови кои се прикачени на самиот ѕид. На истиот сид се наоѓа и розетниот прозорец кој се наоѓа точно во центарот. Крајот на овој елемент завршува со нов фронтон со исти димензии како и оној долниот, но без украс на него. Овој фронтон е крунисан со крст и се поставени два ангела од двете страни на крстот. Ангелите се поставени во ораторска положба во чија близина постојат и изведби од два пламени.

Страничните елементи служат како спојна врска помеѓу комплетниот фронтон и кулите. Спојувањето е извршено на едноставен начин, со четириаголни форми, каде најзабележителна форма се двете камени огради.

Двете фронтални кули се поделени на три дела по вертикална линија. Долниот дел од кулите е претставен со голи ѕидови и со два големи прозорци, од кои на едниот од предната страна постојат одредни жици. Првиот дел комплетно е обложен со таканаречена ентаблатура со доста испакнат корниз кој потоа продолжува кон вториот вертикален дел. И овој дел е составен од голо тело со одредена табла во основата и еден сончев часовник, само на просторот од северната кула, додека на просторот од јужната кула постои механички часовник. Часовниците се единствените украси на вторите делови по вертикала на кулите и истите се со идентични димензии на централниот прозорец кој има форма на роза. Третите делови од кулите по вертикала се оние каде што се наоѓаат ѕвоната. Овие елементи се со октоаголна форма. На нив има поставено пламени дрвја на секој од аглите и композитни столбови кои ги врамуваат отворите. Композитните столбови завршуваат со полукружни сводови. Аголните сводови се помали од композитните. Над третите делови од кулите поставени се цилиндрични волумени опкружени со по осум пламени. На крајните врвови постојат завршни делови во вид на ѕвонче.

Овој фронателен дизајн бил дел од последната изведба на истиот архитект кој сепак постепено го напуштал форматот за раскошност кој е вообичаен за барокниот стил. Архитектот Родригес истакнал дека фасадата за да биде прекрасна ги има сите вистински и потребни елементи. Тој исто така ги истакнувал потребните соодноси на нејзините делови, но и на целината како елемент.

Оригиналниот дизајн на архитектот Вентура Родригес вклучувал во себе и еден релјеф со изгледот на Богородица, во високите површини над главната врата. Овој релјеф кој може да се воочи и денес, изработен е во 1798 година од страна на Хулијан Сан Мартин.[17] Шесте дополнителни скулптури кои требало да ги изработи истиот автор, никогаш не биле создадени поради недостаток на средства кои ги раководел и со нив економски управувал надзорникот Кабилдо. Скулптурите требало да бидат посветени на Свети Петар и Свети Павле и требало да бидат поставени нишите на атриумот, а на долниот педимент останатите четири скулптури на светци кои потекнуваат од територијата на Навареа. Сите овие скулптури требало да бидат вградени во содејство со постоечката архитектурата. Покрај недостатокот на средства овие скулптури биле и во спротивност на првите барокни креации на архитектот Вентура Родригес.

Атриумот кој се наоѓа пред фронталната фасада на своите столбови има поставено вазни, а истите се споени со железни огради. Овој атриум ја затвора катедралата од предната страна и истата ја оградува од плоштадот. Оградата била идејно решение, но и конечен проект на Очандатеги. Тој ја предложил нејзината изградба на надзорникот Кабилдо се со цел да се дефинира и подобри просторот.кој се наоѓал пред новата градба.

Целата фасада на катедралата, потоа внатрешноста на кулите, куќичката на ѕвонарот, камбаните и оградениот атриум, денес е сèуште предмет на темелна реставрација (започната во период околу 2010 година). Покрај консолидацијата на елементите изработени од камен, потоа замената на оштетените или изгубените делови, и чистењето односно заштитата на целиот комплекс, дополнително се гради музеј во внатрешноста на куќичката на ѕвонарот се со цел оваа катедрала да добиде поголема препознатливост.

Клостер — страничен трем[уреди | уреди извор]

Западната страна на манастирот, најстариот создаден дел

Сегашниот манастир бил изграден некаде помеѓу 1280 и 1360 година. Се смета за еден од најдобрите примери на манастир од готски стил во цела Европа и без сомнение најубавиот манастир создаден во текот на xiv век.[10] На истата локација постоел уште еден манастир, но изграден во романски стил, кој бил во многу лоша состојба (особено по војната во областа на Наварерија од 1276 година).[11] Под раководство на епископот Мигел Санчез де Ункастиљо, била извршена реконструкција со што манастирот добил форма во помодрнистички стил. Некои прекрасно врежани капители од овој стар манастир биле зачувани и однесени во Музејот на покраината Навара.

При изградбата биле препознатливи три фази на градба кои пак воделе сметка за морфолошките промени и еволуции при изведувањето на декорацијата на одредени елементи. Работите требало да започнат од површините на источната страна, каде изведбата на трасирите е поедноставна. Подоцна се продолжило на северната и западната страна и на крајот се преминало на јужниот дел, каде што може да се забележи поголема сложеност во однос на дизајнот.

Манастирот има квадратна форма, со обиколен ѕид на кој се поставени најразлични врати, а од внатрешна страна постојат низа од прозорци со изострени лакови поделени со три облоги кои се потпираат на столбната плоча. Прозорците поддржуваат во различни правци, при што секој дел е одделен од внатрешна страна со потпора на горниот дел, а над сводовите, повеќето од нив имаат таканаречен преден дел - фронтон кој е издаден од самиот ѕид. Секоја страна на манастирот има по шест делови кои се насочени кон внатрешната градина. Деловите споени во нивните агли со дел споделен помеѓу двете галерии. Помеѓу јужниот и западниот дел има вметнат елемент кон правецот на градината, во кој елемент е сместен тоалетот. Без овој дополонителен дел, кој не е составен елемент од галериите, кај манастирот постојат вкупно 28 составни делови.

Во рамките на прозорците може да се забележат влијателни елементи веројатно од просторите наНормандија. Изградбата започнала на просторот од источното крило. Дизајнот на неговата поставеност е најстар, а квалитетот на неговите резби е различен, што укажува на фактот дека просторот поминал низ различни градителски раце. Кај клучевите пак се забележува континуитет. Од делот на северното крило, во кое се врамени некои делови, се гледаат одредени недоследности најчесто поврзани според различните временски периоди, односно месеци од годината. Деловите наречени спандели кои биле поставени на источната страна биле изградени неколку години подоцна, останатиот простор бил веќе завршен. Дополнителните изведби имале функција да го хомогенизираат новиот дизајн со останатите постари делови.

Поглед кон трасерите поставени на отворите на јужната страна на манастирот. Во позадина се гледа јужната фасада од катедралата.
Детал од трасирот на дел од западната галерија

Завршната изведба на северниот и западниот ѕид од тоалетот е изведена во период на втората фаза. Исто така, може да се забележи дека вратите од трпезаријата, која била изградена во 1330 година, и од просторот наречен Ампаро, кои овозможувале пристап до катедралата, се изградени во истиот период. Вратата која води кон Ампарот е опкружена со прекрасен елемент кој е прикачен на ѕидот. По должината на целиот внатрешен ѕид се протега столбната плоча со ист стил како онаа што се наоѓа под прозорците. Во овој дел имало мала промена во дизајнот на столбовите и во дизајните на клучевите.

Патеката која се наоѓа во северното крило го менувала дизајнот на својот завршеток со друга посложена изведба. Просторот на патеките се завршува со фронтон кој се наоѓа над сводовите. Западниот дел ја има истата патека со карактеристична форма на крст. Во центарот постои фронтон над сводот, исто како и кај јужниот дел. Втората патека е изградена во третата фаза од изградбата на манастирот. Згрчените форми и поголемата сложеност се забележани во множеството патеки кои постојат на споменатата страна.

Четвртата фаза би вклучувала адаптација на веќе завршените делови, како и обединување на одредени украсни дизајни, иако манастирот веќе бил завршен во однос на неговата структурална конструкција.

Капителите на манастирот претставуваат два различни типа на претстави, од една страна тоа се фигуративните (човечки или животински), а од друга страна флоралните - растителните. Што се однесува до фигуративните елементи, на северното и источното крило постојат капители украсени со вистински или фантастични животински форми, но и ликови од религиозниот или световниот живот. Овие елементи често биле придружени со растителни дизајнирани форми.

Сводовите на корабите се едноставни со ребраста форма, разделени со изострени таканаречени перпијано сводови. Во центарот на сводовите, како и во оние попречни сводови, постојат клучеви, кои речиси сите се врежани и полихромно изведени.

Точниот период за изградба не е познат, но мора да е некаде во xv век кога бил изграден просторот наречен над-манак.[10] За да се изгради овој елемент, врвовите кои се наоѓале на парапетите биле отстранети. Само завршетоците на парапетите биле заменети со пиластри како продолжение на попречниот елемент. Страничните ѕидови биле подигнати и целиот простор бил покриен со лесна плоча изработени од дрвени сводови. И покрај тоа што неповратно ја променил првобитната форма на оригиналниот дизајн, овој надграден простор, придонел во голема мера за да биде зачуван.

Иако денес, муралните слики кои ги украсувале одредени ѕидови од манастирот не се наоѓаат на местото каде биле поставени. Тие се доста впечатливи и за сите оние кои ќе посакаат да ги видат тоа ќе може да го сторат во Музејот на покраината Навара. Муралните елементи се дрвото на Џеси со потекло од xiv век, кое го зафаќал целиот ѕид на делот до вратата на Архидинатот и муралниот елемент на конечниот суд кој бил пронајден во нишата од гробот на Санчез де Азијан. Во просторот на манастирот сè уште можат да се видат полихромните клучеви, како и остатоците на релјефот со наслов Воздигнувањето на тројцата мудреци. Вториот елемент може да се забележи на сводовите прикачени на ѕидот, од гробниците на Азијан и Гаро (тој зафаќа голем дел од споменатиот полихром)[18] и во една од додатоците на делот во непосредна близина на претходната гробница на епископот. Постои и друго мурално дело кое ги претставува краците на Eвро, кои ги комбинираат синџирите на провинциите на Навара. Во останатиот дел може да се забележат некои додатоци украсени со ѕвезден свод во сина боја. Забележителна е и полихромноста на резбите на вратата посветена на Ампаро, особено на деловите од лицата на човечките ликови поставени на тимпанот. Полихромноста им дава голема експресивност и реализам на самите ликови.

Затворени — посебни простории[уреди | уреди извор]

Околу манастирот постојат низа простории кои низ вековите служеле како живеалишта за претстојување на жителите — канони, како и други простории и капели неопходни за обична богослужба во катедралната црква.

Капелата Барбазана[уреди | уреди извор]

Поглед кон Ѕвездениот свод на капелата
Поглед кон Фотокомпозицијата на криптата

Иако првите документирани податоци за градбата на оваа капела се од 1378 година[10] поради нејзиниот распоред и поврзаноста со источниот дел на манастирот (каде што се наоѓа) и елементите на декорацијата, можно е да се помисли дека овој простор започнал да се гради во исто време со почетокот на изградбата на готскиот манастир. Тоа се совпаѓа со периодот од крајот на xiii век. Денес како и неколку векови претходно овој простор се користи како капела. Во нејзиниот простор се наоѓа гробот на епископот Арналдо Барбазан (кој ја дал идејата за нејзината изградба). Но, на почетокот, поради нејзината локација во манастирот, потоа поради нејзината раскошноста и распоредот односно поставеноста на вратата и прозорците на површината на ѕидот кој е свртен кон споменатиот манастир, нејзината функција била за судски изведби односно еден вид на судска централа.

Под оваа капела постои крипта, а над неа самиот капелен простор, кој бил создаден за да се надминела големата висинска разлика на теренскиот простор. Капелата има квадратна основа, со еден осмоаголен столб во центарот. Од капителот започнуваат осум лакови кои го делат сводот на четири едноставни ребрести делови. Тие се наоѓаат на околу 6 метри од површината на основата. Денес тој простор служи како гробно место. Таму постојат неколку ниши кои се прикачени на ѕидот во кои почиваат неколку епископи со потекло од градот Памплона.

Во просторијата која се наоѓа на висинското ниво од манастирот, над гореспоменатата крипта, каде што се наоѓа капелата, може да се пристапи од просторот на манастирот преку една широка врата опкружена со два грандиозни прозорци украсени со фини елементи. Овие составни делови биле вообичаени за објектите каде биле сместени поглавјата (раководствата) изградени во тој век.[10] Внатрешноста била со квадратен план кој на одредена височина преминувал во октагонален простор преку вметнување на аголни додатоци.

Просторот на капелата е покриен со осумкратен ѕвезден свод, надополнет со сложен сет од таканаречени терцелети, лигатури и ребрени елементи. Сите овие составни делови се споени со осум мали клучеви. Централниот клуч се истакнува со полихромниот релјеф со мотиви од Богородица. Сводот се потпира на жични елементи кои се прикачени на ѕидот и претставуваат животински орнаменти. На ѕидовите од капелата постојат два големи прозорци, едниот се наоѓа пред вратата, а другиот на источната страна во нејзиниот централниот дел. И двата прозорци се ноѓаат на значителна висина гледајќи од подот.

Однадвор капелата, има изглед на моќна четиристрана призматична кула, со силни потпори (дванаесет на број). На крајната висина постојат пирамиди како врвови. Една од овие пирамиди се истакнува по својата големина и висина, и во неа се сместени спиралните внатрешни скалила. Капелата завршува со потпорите од височинската галерија каде постојат изострени сводови под самиот покрив. Во тоа време кога била создадена оваа капела сводовите биле најверојатно на отворен простор поради распоредот на нивните елементи.

Некогаш во текот на вековите во просторот на оваа капела постоел маниристички олтар, кој денес се наоѓа во еден храм во главниот град Мадрид, додека двата странични жртвеници се наоѓаат во просторот од катедралата. Во просторот на некогашниот манастирски олтар било поставено делото наречено Богородица од Консуело. Ова достигнување претставува готска резба од првата третина на xiv век. Претходно тоа било сместено во просторот на трпезаријата.[19]

Просторот на Трпезаријата[уреди | уреди извор]

Поглед кон просторот на Трпезаријата

Просторот на Трпезаријата се наоѓа на јужната страна од манастирот, од спротивната страна на катедралата. Изградена е помеѓу 1328 и 1335 година.[10] Трпезаријата е составена од еден правоаголен кораб долг 31 метар, широк 10,5 метри, и висок 13 метри. Во овој простор иста како и кај наосот од катедралната црква, постојат мали штитови на ребрастите површини, но и на ребрата од попречните сводови.

Просторот на трпезаријата има вкупно пет врати, од кои најважна е онаа која ја поврзува со манастирот. Оваа врата го зафаќа целиот отвор, претставен со фигуративни архиволти и извајан тимпан со претстава од Тајната вечера (тема што е поврзана со трпезариската функција на објектот) како и со скулптури поставени од двете страни на објектите.

Во внатрешноста постојат вкупно осум долги и воедно тесни прозорци со витражни елементи на нив, како и еден прозорец во вид на роза. Прозорците попречно се поделени на два дела. Оваа претстава на прозорци била доста необична и некои автори припишуваат дека води потекло од англиското градителство.[10]

Таканаречените корбули кои го поддржуваат сводот и капителите врз прозорците се прилично украсени со резби со мотиви на животни и човечки ликови.

Како што било вообичаено за овој тип на простории, и во оваа трпезарија постои елемент наречен амвон кој бил прикачен на ѕидот (иако единствениот дел што останало од оригиналната изведба била конзолата). Од просторот на анвонот еден од каноните го читал Евангелието додека останатите го консумирале појадокот.

Друг елемент кој нè потсетува на потеклото на овој простор била малата дупка сместена во западниот ѕид. Отворот бил со полукружен лак и трирезна интрадос и служел за директно поврзување на кујната со трпезарискиот простор. Преку овој отвор храната можела да премине од просторот на кујната во просторот од трпезаријата.

На позадинскиот ѕид постоело прекрасно мурално уметничко дело од xiv век, создадено од страна на Хуан Оливер, кое моментално се чува во Музејот на Навара. Делото содржело сцена од страста, од смртта и од воскресението Христово, придружено со интересна хералдичка претстава. Истиот хералдички мотив се повторува кај клучевите и кај штитовите на ребрата на сводот, иако не на сите површини, бидејќи тие наизменично се менуваат со други клучеви со религиозни мотиви. Сите тие се во полихромна изведба, како и во случајот со капителите.

Со исчезнувањето на монашкиот живот во катедралата, трпезаријата ја изгубила својата функционалност, а по реновирањето во текот на xix век, била претворена во капела. Денес во овој простор се сместени елементи од Епархискиот музеј.

Просторијата на Поглавјето[уреди | уреди извор]

Поглед кон просторот наменет за Поглавјето

Просторијата наменета за Полавјето се наоѓа во позадинскиот дел од главниот простор на црквата, а не во просториите на манастирот како што било вообичаено кај овој тип градби. Поради затворениот карактер на објектот, тој сепак се споменува како посебен дел на црквата.

Оваа просторија е со правоаголна форма сместена во посебен дел сместен помеѓу две сакристии. Со сакристиите просторот на Поглавјето комуницира преку посебни проодни простории. Во едната просторија, онаа која е изведена во рококо стил сместени се две мали капели. Овој составен елемент е покриен со свод во вид на корито со одредени украсни прегради. Поглавјето има распоред кој е поставен север-југ, односно попречно на наосот од црквата.

Просторот на Поглавјето бил свечено отворен на 17 октомври 1727 година.[10] Во 1765 година било наредено да се украси во рококо стил за да не се разликува во однос на новоуредената сакристија. Воедно биле насликани и позлатени елементи, потоа биле додадени рококо резби и една прекрасна крошна.[16]

Просторијата е осветлена со помош на два отворени прозорци кои се наоѓаат од страните на ѕидовите. По должината на ѕидовите постои долга клупа на која се наредени седиштата, иако денес каноните користат посебни столчиња различни од оние на клупата. Подот е покриен со плочки и е во современ стил кој наполно одговара на работниот амбиент во просторијата.

Епископската столица, која се наоѓа под настрешницата, во 1982 година ја користел папата Јован Павле Втори при неговата посета на замокот Хавиер.[3]

Сакристии - светилишта[уреди | уреди извор]

Поглед кон Сакристијата на каноните
Поглед кон Страничните капели во делот за пристап до просторијата на Поглавјето

Катедралата има две светилишта сместени зад главниот дел од објектот, и тоа од двете страни на Поглавјето. Тоа се светилиштата наречени: Жртвата на Корисниците (или капеланите) и она на Каноните (или градоначалникот). И двете биле опремени и украсени во текот на xviii век.[16]

Светилиштето на Корисниците претставува вообичаен пример на шпанска барокна сакристија која го наследува ренесансниот модел на авторот Коварубиас. Станува збор за голем правоаголен простор без дополнителни ниши кој на подолгите страни содржи фиокарни простори, а на кратките страни постои еден голем прозорец и секако влезната врата кон црквата. Овој простор е покриен со свод кој содржи лунети. Покривната површина е поделена на три дела со помош на попречни сводови. Неговата декорација е многу едноставна, и е составена исклучиво од платната кои висат од нејзините ѕидови.[16]

Сакристијата наменета за каноните, претставува прекрасен пример во рококо стил. Иако првичната градба била од xvi век, последователната декорација во текот на xviii век целосно го променила првобитниот изглед.[16] По површина оваа сакристија е доста голема. Има правоаголна форма со ребрест свод составен од два дела во подножјето. Во делот на прозорецот има два странични додатоци со помала површина и висина затскриени со купола од завеси. Од спротивната страна до прозорецот, во простор на друг додаток во јајцевидна форма е сместена барокна мермерна фонтана. Ѕидовите на сакристијата се украсени со таканаречена канелена сина свила, со растителни формални орнаменти. Над овие елементи постојат висечки огледала, бакарни форми и соодветни платна. Долниот дел е покриен со мермер и содржи неколку додатоци во вид на ниши. Во позадина, од страните на прозорецот, постојат криволиниски форми на фиокарни простори. Во горниот дел од ѕидовите, веднаш под сводот се сместени големи платна изработени во 1762 година од страна на Педро де Рада.[2] Како надополнување на се останато, просторот на сакристијата е украсен со конзоли и два лустери. Оваа сакристија има директен пристап до манастирот, до капелата посветена на Барбазана, црквата и до просторот за сметување. Во средината на последниот пристап, постојат две мали странични капели со насликани панели и поставени четири реликвијарни бисти.

До двете светилишта - сакристии се пристапува од страна на црквата, преку врати во готски стил. Всушност овој простор претствуваат стари гробници кои подоцна биле повторно употребени за истата намена. Овие гробни места како и другите гробници кои се од понов датум и се пронајдени низ катедралата.

Кујната во катедралата[уреди | уреди извор]

Надворешен поглед на кујната

На западниот ѕид од трпезаријата била додадена, како што било тоа вообичаено за тој период, делот од кујната. Објектот бил со исклучителна убавина и претставува еден од трите сочувани примероци од тој тип на градби во цела Европа.[20] Составена е од две простории, првата наречена пред-кујна, која е со ширина што одговара на првиот дел од трпезаријата. Овој простор има правоаголна форма и дното е обложено со дрво. Вториот простор претставува самата кујна, која има должина еднаква на вториот и третиот дел од трпезаријата. Покривот на кујната претставува најуникатниот елемент на целата конструкција. Тој има двојна функција, во исто време служи како покрив, но и како оџак. Формиран е од скратен пирамидален свод, со осум панели и сите тие панели дополнително потпрени на таканаречени сквинши. Дел од елементите на овој дел во одреден период ја менувале својата структура со својот распоред, со цел да ја извршуваат функцијата и на покрив и на оџак. Овие измени биле пред сè додавањето на дополнителни отвори за да може низ нив да излегува чадот.[10]

Кујната од надворешната страна има форма на призматичен волумен кој на врвот е крунисан со една осумстрана пирамида. На крајниот завршеток има поставено фенер во форма на осумстрана пирамида која ја поддржува функцијата на излез за чадот. Објектот дополнително има четири други елементи наречени лампиони (со квадратен пресек) кои ја имаат функцијата да ги завршуваат четирите агли на градителскиот елемент.

Вкупната висина која ја достигнува оваа градба е повисока од онаа на централниот кораб на катедралата (бидејќи е повисока од 25 метри).[3]

Спални соби за преноќување[уреди | уреди извор]

Поглед кон внатрешноста на долниот дел од една соба за ноќевање.

Како последица на одржувањето на редовниот режим на живот на Поглавјето во катедралата до 1860 година, овој објект ги има зачувано просториите кои служеле како место за преноќување. Се чини дека тоа се простории кои биле единствени преживеани од овој тип. Тие простории ја давале целокупната претстава за животот кој се одвивал тука и во исто време претставуваат елементи од голема важност.

Просторот за преноќување се наоѓал на јужната страна од манастирот, во паралелна поставеност со просторот на трпезаријата. Потеклото кога е изгладен го води некаде помеѓу 1408 и 1419 година, или периодот во кој Дон Ланселот, инаку син на Чарлс III, бил викар во катедралата. Овој градителски елемент се состои од форми на две нивоа. Тогашниот потфат го заменил претходниот од времето на Арналдо Барбазан, кој водел потекло од почетокот на xiv век. Идејата за поставување на овој елемент, на две нивоа, била за да можело поугледните членови од Поглавјето да преноќуваат на вториот кат, подалеку од земјата, но и од влагата.[10]

Долниот дел од просторот за преноќување е составен од пет изострени дијафрагмални лаци, на кои е поставен штитот на Дон Ланселот во просторот на клучот.[10] Таа просторија служела како основа за главната соба за преноќување.

Просторијата која служела како спална соба се наоѓа на дрвена платформа. Денес не се зачувани преградите со кои се изведувала поделбата според важност на кликите, но се зачувани дијафрагмните сводови кои го потпирале покривот.

Цилерија (остава)[уреди | уреди извор]

Поглед кон надворешниот ѕид заедно со реконструираната романска врата
Поглед кон спиралните скалила кои водат до горниот манастир

Овој елемент кој го носи и името Камената претставува еден од ретките романски остатоци кои опстојуваат сè до денес. Станува збор за тесен и долг објект, кој првобитно имал два ката, иако денес таквата поставеност не постои.[10] Во првобитниот период кога е создаден, се користел како магацин или остава за потребите на чајната кујна на советот. Овој простор има дебели ѕидови изградени од камен, а во делот на западниот ѕид постојат мали отвори кои ја имаат улогата на мали прозорци. На двата краја постојат две квадратни кули. Во едната кула, која денес е соѕидана со тули, се наоѓаат прекрасните спирални скалила за пристап до манастирот. Во просторот на другата кула се наоѓаат вратите кои го поврзуваат манастирот со надворешната страна на објектот.

Некаде на средината на надворешниот ѕид на објектот се забележува една врата. Таа врата е составена од полукружен лак со три архиволти. Едниот архиволт е украсен со форма на шах, вториот со ѕвезди и третиот и највнатрешниот е потполно мазен и без никави форми на него. Лакот на вратата е потпрен од две колони составени од капители на кои се издлабени форми од животински мотиви. Оваа врата била подложена на темелна реконструкција, при која биле отстранети сите оштетени делови. По реконструкцијата вратата била повторно вратена на своето место, но овој пат била поставена на малку повисоко ниво. Врежаните делови од претходно кои биле во ромаски стил и кои се наоѓале во добра состојба биле повторно вратени на своето место. Тоа биле елементите како што се делот од архиволтите и капители на колоните.

Скалите во делот на надградбата биле спирални, со доста голема широчина, но и висина на самиот чекор. Биле благо наведнати кон централното ниво со необична големина (околу два метри). Скалилата немале никаква потпора освен самиот ѕид околу кој го правеле вртењето (спиралата). Тие опишуваат еден вид на пропелер со четири чекори, бидејќи правел вкупно четири целосни завртувања (360 степени). Спиралните скали не биле со вообичаен стил, бидејќи биле доста осветлени, но тешки за совладување.

Неколку примери на вакви скалила се изградени во периодот и пред xiv век. Во подоцнежните векови вакви скалила биле позастапени во катедралите низ цела Европа, но и во катедралните објекти низ Шпанија.[10]

Декорацијата на скалилата е претставена на делот од оградата која се протега по целата должина и во која се гледа раскошен вдлабнат цртеж со мала длабочина. Овој украсен елемент завршува на дното со одредени оргаменти наречени оламбрили изработени од страна на мудехари. Најверојатно во минатото овој потег бил украсен со повеќе бои, исто како и делот од ѕидовите. Денес боите од ѕидовите се отстранети и се останати во бела боја. Парапетот кој се наоѓа над скалилата исто така е дело создадено од страна на мудехари.

Скалилата завршуваат со одредена купола на која постојат едноставни закачалки украсени со панделки и дополнителна ткаенина, на која лежи соодветен елемент кој ја осветлува просторијата. Кога се работи за скалилата, може да се замисли дека во нивната завршна обработка биле покриени со интересен и богат таван на кој постоела каса. Оваа каса многу наликувала со својот стил на вистински парапет.[10]

Денес полиците на Музејот на епархијата на катедралата содржат дел од вредните парчиња, особено од оние елементи со најголема вредност, како изработки од злато и резби изработени од слонова коска.[21]

Параклисот на Исус Христос[уреди | уреди извор]

Поглед кон Параклисот на Исус Христос (од XII век)

На најисточната страна на катедралниот комплекс, зад собата за преноќување, се наоѓа капелата посветена на Исус Христос или капелата наречена според создавателот Педро де Рода. Оваа капела е создадена во таканаречен романски стил и води потекло од крајот на xii век. Таа претставува една од најстарите зачувани градби.

Оваа капела е создадена од еден кораб од два дела и еден прав дел. Покривот на капелата има ребрест свод. Пресеците се разделени со благо изострен попречен лак кој се потпира на свиткани делови наречени капители, кои пак се изградени од елементи наречени модилони. Раздвојувањето на корабите со посебниот дел е со помош на два мазни столбови со едноставна основа и капител.

Во добра состојба се зачувани две пристапни врати од двете страни на последниот дел. На северната врата постои полукружна лачна надвратница со едноставен фриз кој формира рамка околу неа. Оваа врата претставува директна врска помеѓу капелата и долната соба за преноќување.

Двата дела на наосот ги дели една решетка која е изработена во готски стил. Поради својата типологија, наосот е сличен со страничните прегради на презвитериумот, иако е понизок по височина од него. Тој во својата внатрешност има голема декорација, особено на просторот околу надвратникот на вратата. Неговиот краен дел има облик на крст.

Постои верување дека оваа капела во минатото била дел од кралска и епископска палата која се наоѓала од страна на катедралниот комплекс.[10]

Библиотеката на Поглавјето[уреди | уреди извор]

Поглед кон одреден дел од библиотеката на Поглавјето

Некаде во средината на ерата на Просветителството, односно во 1760 година, советот на катедралата наредил да се изгради голема библиотека во која ќе бидат собрани сите документи кои ги поседувала катедралата, како и документи кои пристигнувале од различни делови на државата.

Одлучено е објектот да се подигне помеѓу југоисточниот агол на трпезаријата и југозападниот дел од таканаречениот студентскиот дом. Просторот на библиотеката бил долг 25 метри, а широк 8 метри.[16] Овој простор бил осветлен со неколку прозорци од едната страна, додека од другата страна постојат два ката наредени со полици. Сите полици биле изработени од дрво од страна на Ронкал. Горниот кат е составен од ходник со балустрада, а полиците на овој кат се обработени со украси во рококо стил, сите имаат позлатена форма. На крајот од објектот била изградена покриена тераса, веднаш над капелата посветена на Исус Христос, на истото место каде и порано постоела слична изведба.

Денес секој еден посетител може да побара некој документ или останато дело, но и да постави прашање во делот на архивата или во делот од библиотеката на Поглавјето за целата поставка во сопственост на градот Памплона. Во оваа библиотеката постојат точно 135 кодекси, 141 таканаречена инкунабула и повеќе од 15 000 антички и историски дела (томови), на кои неодамна биле додадени уште 8.000 други дела - томови со потекло од претходната архива - библиотека.[22]

Најстарото парче кое се наоѓало во архивата на библиотеката бил документ со потекло од 829 година, сместен во таканаречената Тркалезна книга со потекло од 13 век. Меѓу другите значајни дела сместени во библиотеката се и: мисалот на градот Памплона, средновековните кратки дела со потекло од XIV и XV век, потоа евангелието од XIII век, хебрејската Библија со зооморфни масори (од XV век), и Коментарот на III книга со реченици од Светиот Тома.[23]

Раскошни уметнички дела и дела во лична сопственост на катедралата[уреди | уреди извор]

Во оваа поставка се вклучени различни предмети и делови поврзани со богослужбата (во употреба или неупотребливи), како и сите оние дела кои се добиени со цел да се збогати внатрешноста на објектите во состав на катедралата.

Музејот на епархиската катедрала во Памплона, кој зафаќа дел од просториите на комплексот, зачувал голем број на богослужбени и литургиски предмети кои потекнуваат од катедралата, како и други предмети и дела донесени од различни парохии на провинцијата Навара. Оваа колекција вклучува различни парчиња метална предмети, жртвеници, маријански резби, шаблони, костуми, парохиски крстови, документи и голем број на останати вредни елементи.

Голем дел од овие предмети се елементи кои се статични или преносливи, наменети и конципирани за функциите кои се спроведуваат во катедралата. Такви елементи се: жртвениците, резбите и платната, хорот, витражите, ѕвоната и слично. Останати дела кои се составен дел на катедралата, а се од исклучително значење и со голема вредност за истата се: различните видови гробни позиции, како класични гробници и мавзолеи.

Олтари и капели во просторот на катедралата[уреди | уреди извор]

Забележителни се бројните и вредни жртвеници кои ги поседува внатрешноста на катедралната црква. Понекогаш, оригиналните олтари биле заменувани со жртвеници со поголема уметничка вредност донесени од други градови на провинцијата Навара. Можело да се случи светецот на кој му е посветено делото да не одговара на светецот според кој е добиено името на капелата во која се наоѓа. Значи во одредена капела со одредено име на светец внатре да постојат елементи од некој сосем различен светец.

Поглед кон Олтарот на Свети Јован Крстител кој се наоѓа во истоимената капела

Во подножјето на наосот, од страната на Евангелието и по просторот на крстилницата, во капелата Свети Јован Крстител (која била парохија на катедралата), постои еден ренесансен олтар, дело изработено во втората деценија на xvii век и посветено на истиот светец. Тој олтар е поврзан со жртвениците изработени во романски стил од страна на работилницата Сангуеза. Капелата на Свети Јован е составена од клупа, тело од флејт линии, проследено со фриз од дорски стил, потоа од метопи и триглифи. Овој простор е поделен на три улици, од кои централната завршува со искршен фронтон. Фронтонот е проследен со една табла на која постојат овали со таканаречените доблести. Над овој елемент постои второ тело исто така со три улици со изострени столбови надополнети со јонски капители. На врвот од целиот простор се наоѓа поткровјето составено од три дела со извиени коринтски столбови. Во делот на централната улица, која е нешто повисока се наоѓа триаголен фронтон сместен помеѓу пирамидални делови. Во капелата иконографски се прикажани главните моменти од животот на Свети Јован Крстител, сите претставени со барелјефи сместени во споредните улички. Дополнително големи фигури постојат на делот од централната улица на двата горни ката.[16]

Поглед кон Олтарот на Христос Капаросо, сместен во капелата посветена на Света Кристина

Во наредната капела, онаа на Света Кристина, се наоѓа готскиот олтар на Христос Капаросо, насликан на панел, во кој се претставени пророците и долнителна резба посветена на Распетието. Овие дела водат потекло од крајот на xv век или почетокот xvi век. Просторниот дел од капелата е составен од шеснаесет полихромни панели распоредени во четири еднакви патеки. Секој од пророците во внатрешноста е претставен со луксузна облека и со посебен дел наречен филактерија на кој постои текст што го идентификува. Резбата посветена на Христос е висока 1,95 метри. Оваа резба содржи комплетен натурализам кој ја покажува нејзината припадност кон северноевропскиот готски стил. Олтарното парче е комплетно е создадено во xix век со веќе споменатите елементи како составни делови.[10]

Во соседната капела посветена на Свети Јосиф и Свети Тома (поранешна капела посветена на Лас Анимас и де ла Тринидад), се наоѓа барокниот олтар на Свети Јосиф, кој бил светец-заштитник на братството, односно здружението на столари. Изградбата води потекло од xviii век. Структурата на капелата е едноставна. Таа е врамена во класицистичките линии кои преовладувале во градот Памплона во тие децении од XVIII век. Во внатрешниот простор постојат неколку жртвеници од истиот период, исто такви какви што имало во манастирот посветен на отфрлените кармелити кој се наоѓа исто така во Памплона. Дополнително во катедралата се одржувал сличен стил, кој се спротивставувал на употребата на стилот од таканаречениот соломонскиот ред.[16] На постаментот од капелата постојат две дела ограничени со парови од осветлени коринтски столбови. Во првиот дел во просторот на нишата е поставен ликот на светителот, додека во вториот дел на една насликана плоча, поставена во поткровјето, поставен е заоблен фронтоновен елемент. Сите овие додатоци се со богата барокна декорација. Слободната резба со мотиви од Свети Јосиф е создадена во XVI век. Овој светител постои и во просторот на претходниот олтар кој е создаден во 1560 година. Во вториот дел дополнително има поставено уметнички насликано дело од светецот-заштитник на братството, Свети Тома. На таванот постои уметничко дело со мотиви на Распетието, изработено во 1565 година од страна на Хуан де Гони. Ова дело исто така е поставено и во претходно споменатиот олтар од периодот на ренесансата.[16]

Последната капела од истата страна на катедралата е онаа посветена на Свети Андреја (тој простор бил посветен на Свети Мартин),[24] се наоѓа олтарниот дел на моштите подигнат некаде во xvii век. Оваа капела заедно со онаа посветена на Свети Августин (која се наоѓа на почетокот од просторот на амбулантата), биле една од поранешните капели посветени на Барбазана. Тие биле подарок од епископот Сандовал.[2] Внатре потои една патека и еден издигнат дел со поткровје. Централниот дел од капелата содржи група од мали реликвијариски кутии сместени помеѓу парови од коринтски столбови на кои има рабови. На таванот е сместено платно кое ја прикажува Света Марија Магдалена. На клупата постои барокен додаток со потекло од 1731 година. Овој додаток служел за сместување на телото на еден светец (ваков додаток бил направен во двата жртвеници во просторот од амбулантата и дополнително кај веќе споменатиот светец Свети Августин). Тука во тој простор кутијата била наменета за Света Колумба.[16]

Поглед кон Капелата посветена на Сантисимо, со барокен жртвеник истороден како оној на Свети Јеронимо, кој се наоѓа на другиот крај од трансептот

Во просторот на северниот трансепт се издвојува голем барокен олтар, кој бил еден од двата жртвеника, изработени во 1683 година. Едниот е посветен на Свети Јероним, и до најситни детали е идентичен со вториот кој е посветен на Свети Григориј. Двата олтари се наоѓаат од другата страна на трансептот, од јужната страна.[16] Архитектонската и декоративната шема на двата олтари е идентична. Во нив постојат клупа со растителни елементи, потоа украсени штици, две тела со по три правци (средишната е поширока од останатите две). На највисокиот дел, во поткровјето постојат перки и грбови. Преградите се претставени со коринтски столбови кои имаат отвори. Страничните улици се составени од кутии со високи релјефи, а централните улици во двата простора се составени од ниши во кои се сместени тркалезни скулптури. Бројни растителни украси со значителен релјеф го красат целиот сет од двата простора. Иконографскиот развој во првиот простор го претставува светецот кој е поставен во делот од главната ниша. Заедно со светецот, од двете негови страни се поставени и Свети Фернандо, кралот на Кастилја и Свети Франциско Хавиер. Во вториот простор, во централниот дел, сместен е Свети Франциско де Асис, а од двете страни, најпрво Свети Сатурнино од едната страна и Свети Фермин од другата страна. На таванот од капелата постои релјеф на Евхаристискиот пеликан во елемент наречен тондо, дополнително опкружен со зраци.

Поглед кон Олтарот на капелата Сандовал

Во просторот на амбулантата може да се погледне капелата наречена Сандовал со олтар во неа кој потекнува од 1620 година. Оваа капела претставува дел од остатокот на Барбазана. Од таа поставка биле зачувани две капели во катедралната црква (главниот олтар од оваа капела бил пренесен во една црква во главниот град Мадрид). Овој простор бил изграден со едноставна структура, архитектонски стабилна (наликува на почетниот период од барокот или последните фази од романизмот). Во капелата постои клупа со мрежи и надворешни корни. Внатрешноста е претставена со простор артикулиран со столбови украсени со коринтски капители. На поткровјето од истата капела во просторот помеѓу одредени перки постои триаголен фронтон кој преминува во класичен врв. Иконографската програма во капелата претставена на платно во центарот е на Црковните отци, и на титуларот Светиот Бенедикт Игумен, додека на таванот се претставени мотиви од Голготата.[16]

Во продолжение на просторот од амбулантата, може да се забележиме жртвеникот посветен на Свети Августин, со потекло од xvii век. Овој жртвеник е идентичен со оној на моштите. Во оваа капела постои една патека и еден простор во делот од поткровјето. Централниот дел го зафаќа платното со претставата на светителот поставено помеѓу парови од коринтски столбови со одредени елементи во форма на брави. На таванскиот простор е сместено платно кое ја претставува Богородица на народот. На просторот од клупата постои барокниот додаток во кој се наоѓа телото на Светиот Инокентиј.[16]

На позадинската страна се наоѓаат двете врати на жртвениците, а меѓу нив два големи барокни олтари, кои водат потекло од 1709 година. Првиот олтар има две имиња, Света Барбара и Кристо де лос Капеланес, а вториот е посветен на Свети Фермин.[2] Структурата на двата жртвеника е иста, и тие се поставени на симетричен начин. Составени се од подигнат основен дел, потоа една клупа, два главни дела од по три правци и поткровје. Централниот правец е поистакнат, што дава одредено раздвижена претстава. Клупата е составена од повеќе мрежи кои се придружени со украсни резбарски елементи таканаречени пинџани, идентично како и кај штиците. Главните простори на капелите се претставени со помош на коринтски столбови над кои постојат одреди отвори. Централните правци завршуваат со ниши кои се подлабоко поставени од оние страничните. Во двата случаи на врвовите постојат набраздени карти со свитоци, потоа резби со претстава на овошје и зеленчук. Поткровјето е претставено на сличен начин како и кај останатите капели, па така на врвот постои заоблен фронтон поделен на волути и украсни листови од зеленило на неговите странични делови.Во овој простор впечатлива е мешавината на класични нарачки вообичани за романскиот стил. Додека кај колоните декорацијата е со елементи на зеленило кое пак е вообичаена за најнапредниот период на барокниот стил.[16] На просторот од клупите се вметнати урни слични на оние од жртвениците посветени на моштите на Свети Августин. Во тој простор од капелите се сместени телата на Свети Фидел и Света Деодата. Иконографски, олтарниот дел посветен на Свети Фермин си го задржал својот централен простор. Тој елемент е составен од тркалезна резба. Од двете страни на Свети Фермин поставени се делата посветени на Свети Доминик Гусман и Свети Тома Аквински. На вториот кат во централниот дел е делото посветено на Свети апостол Андреј и од неговите страни се поставени Свети Антониј од Падова и Свети Педро Ноласко. На крајниот горен дел, на површината од таванот, сетот се завршува со едно динамично уметничко насликано дело, посветено на Свети Михаил во претстава како го убива демонот. Во олтарниот дел на капелата на Света Барбара, во централниот дел постои резба на Кристо де лос Капеланес.[24] Ова дело претставува романска скулптура со потекло од XVII век. Од двете страни на овој елемент се поставени ликовите на Свети Фелипе Нери и свети Игнатиј Лојолски. Тоа биле двајца свети канони, но и кардинали. Поткровјето на капелата е зафатено од елементот на Света Агуеда. Перките кои постоеле од претходно биле заменети со скулптури на Свети Јован Крстител, Света Тереза, Свети Михаил и Ангелот чувар.[16]

Поглед на Олтарот посветен на Свети Тома

На крајот од просторот на амбулантата од страната на Посланието, се наоѓа готскиот олтар посветен на Свети Тома, кој потекнува од 1507 година. Оваа капела е составена од столбната плоча со форма на рацете на Марсила и Уриз, кои всушност се оние на големиот Капаросо од градот Памплона. Во внатрешноста има клупа со вкупно седум фрагментни продолженија од мотивите на Страста. Капелата има простор со пет колони кои имаат по два ката и круна на самиот врв. Сите тие елементи се одделени со колони и соодветни врвови. Масите се прелиени со елементи на фини траси. Централната ниша е претставена со резба на светителот. Во телото на жртвеникот се претставени бројни сцени од животот на Христос. Површинските делови содржат полихромни фигури на светци, ангели и неколку покровители на делото како и нивните штитови. Овој олтар претставува највредниот елемент од тој тип во целиот комплекс, поради неговата прекрасна моментална состојба на конзервација, но и поради нејзината нијансирана боја.[10]

Поглед кон Грбот на шпанската монархија, поставен во олтарот наречен Ла Пиедад

Веднаш до вториот олтар има поставено мал жртвеник посветен на Ла Пиедад, изработен во 1601 година од страна на конструкторите Доминго Бидарте и Хуан Клавер. Во овој олтар постои дело барелјеф со претстава на Богородица која го држи Христовото лежечко тело. Овој елемент многу наликува на стилот на големиот Микеланџело. Токму од Микеланџело е земен примерот за делата на Педро Гонсалес и Светиот Педро.[25] Во малиот простор од овој олтар е насликана поставеноста на Христовото тело во гробот. Од двете страни на ова дело се наоѓаат уметничките дела посветени на Свети Михаил и Свети Луј, кралот на Франција. На врвот може да се види штитот на шпанската монархија, од времето на кралот Филип Втори. Во овој олтар во тој период се празнувале миси во чест на кралевите на Шпанија.[2]

Во просторот на јужниот крак на трансептот се наоѓа капелата посветена на Евхаристијата (затворена со старата ренесансна решетка на хорот). Тука постои голем барокен олтар посветен на Свети Григориј,[24] кој бил идентичен со оној кој е посветен на Свети Јеронимо кој бил пронајден во просторот на северниот трансепт. Оваа капела е составена од мала клупа украсена со растителни корбели и украсени штици. Просторот е претставен од два дела со три правци. Централниот правец е поширок и воедно крунисан со поткровје поставено помеѓу перки и грбови. Премините се претставени со коринтски столбови кои имаат отвори во себе. Страните се составени од кутии на кои постојат високи релјефи. Централниот простор е составен од ниши во кои се сместени тркалезни скулптури. Бројни растителни украси со значителен релјеф го красат целиот сет. Во иконографските елементи постои делото посветено на Свети Григориј. Моментално таа резба била заменета со елемет наречен скинија. Од двете страни на Свети Григориј, на долниот кат, постојат високорелјефни резби на Свети Себастијан и Свети Антониј Игумен, а на горниот кат, во централниот дел, поставено е делото на Свети Августин. Од неговите страни се поставени Света Моника и уште еден дополнителен светец. На таванот постои приказ на Евхаристискиот пеликан во формат како ги храни своите пилиња.[16]

Понатаму во просторот од катедралата се наоѓал параклисот посветен на Свети Јован Евангелистот. Тоа е готски жртвеник изработен во првата третина на xvi век и донесен од Итоиз. Овој елемент ја украсува оваа капела некаде од 1929 година. Изработката на параклисот води потекло од xv век, а е дело на бискупот Санчо Санчез де Отеиза. Со помош на ова дело се извршило замена на поранешниот неокласичниот олтар кој бил покриван со гробот на веќе споменатиот епископ.[2] Тоа дело било создадено со ѕидарски активности во готски стил, но неговите насликани панели означуваат стил многу поблизок до ренесансата, поради неговите траги на перспективата и на пејзажите вообичаени за тој период. До столбната плоча со грбот на епископот постои клупа составена од пет составни елементи, а над неа предел на кој е поставен олтарниот дел. Тука постојат три правци распоредени на два ката, сите опкружени со покривка. Премините се врамени со елементи наречени пиластри кои се наоѓаат на самиот врв. Целокупната оваа изведба е во готски стил. Одредени траги од новиот стил се гледаат на вратата од просторот наречен банка. Просторот е збогатен со растителните мотиви. Со иконографска изведба на пределот на клупата и на масата се претставени четворица евангелисти и тоа: Света Еулалија, Света Варвара, Света Катерина, Свети Јулијан, Свети Фермин, Свети Антон, Свети Вартоломеј и претставата на Голготата.[16]

Поглед кон Барокниот олтар посветен на Света Катерина. Во неговата капела и зад него е претставен готскиот олтар посветен на Свети Јован Евангелистот

При крајот на внатрешниот простор конечно се доаѓа до капелата посветена на Света Каталина. Оваа капела има олтар кој е изграден во барокен стил и потекнува од 1683 година. Оваа капела претставувала една од најважните во катедралата. Тоа може да се заклучи според раскошниот изглед на нејзиниот жртвеник, но и по други детали. Секако тука се наоѓала и оргулата со потекло од крајот на xix век.[26] Стилски капелата е составена од висок постамент, една клупа, два простора и поткровје. Постаментот е енормно висок, но тоа е начин да се избегне диспропорционалноста на облиците и на тој начин да се осигура дека олтарниот дел ќе го достигне врвот на сводот. Клупата била составена од четири големи растителни таканаречени корбели и вкупно три даски (штици) со исто така со растителни мотиви. Двете дела се составени од три премини (средишниот премин е нешто поширок од останатите два), претставени со соломонски столбови украсени со дополнителни венци. Централните простори претставуваат ниши, а споредните претставуваат само нивни верни копии. Поткровјето е составено од централна кутија опкружена со соломонски столбови и две соодветни перки. Обилната и длабока декорација се провлекува низ сите точки на олтарниот простор во согласност со периодот на максимаалниот барокен сјај во кој е и изработен. Иконографски, оваа капела е со добар одраз на посветеноста на Поглавјето, но и на шпанската посветеност на тој период. Во просторот на главната ниша постојат слободни резби посветени на Света Каталина, опкружени со релјеф на Светите Непогрешни, како и висок релјеф посветен на епископот Свети Вавил. Во вториот дел се наоѓа елементот набезгрешното зачнување кој е претставен во тркалезна форма. На неговите страни се наоѓаат Света Марија Магдалена и Света Тереза Исусова. На таванот пак постои релјеф со мотиви од Сантјаго Матаморос.[16]

Главниот олтар на катедралата претставува скулптурно дело на авторот Педро Гонсалес или Свети Педро, кој бил ученик на Хуан де Анчиета. Изграден во романски стил, овој олтар бил преместен во периодот по ремоделирањето на објектот во 1940 година. Жртвеникот бил дислоциран во просторот на црквата Сан Мигел во Памплона. Овој нов објект бил изграден експресно брзо, во таканаречен хереријански стил. Внатрешноста и надворешноста биле завршени во 1954 година.[2] Во него било сместено ова прекрасно уметничко дело, каде што може и денес секој посетител да се восхитува. Тој олтар претставувал несомнено највредниот олтарен простор во целиот комплекс. Делото било со голем квалитет, врамено во рамките на ренесансната програма за олтарници. Вакви големи ремек дела постоеле и во соседни катедрали, како онаа во градот Бургос и во градот Сарагоса.

Резби и уметнички насликани дела во катедралата[уреди | уреди извор]

Во просторот на катедралата во Памплона постојат бројни резби кои се сместени на ѕидовите од катедралниот комплекс, без разлика дали се во просторот на катедралната црква или во просторот на епархискиот катедрален музеј. Меѓу нив најстари се маријанските уметнички творби со потекло од xii и xiii век. Од овој тип на дела се зачувани примероци со потекло и од подоцнежните векови. Најважен и највреден примерок кој се наоѓа во просторот на катедралата претставува делото со ликот на Света Марија ла Реал.

Поглед кон приказот на Христос Анчета

Еден од најскапоцените примероци во катедралата е делото Распетието на Траскоро или поинаку наречено Христос од Анчета, кое било изработено околу 1577 година од страна на баскискиот скулптор Хуан де Анчета (или Анчиета). Несомнено овој примерок претставува едно од најдобрите Распетија во целата шпанска земја од периодот на xvi век.[27] Величенственоста на ова дело се граничи со ремек-делото на маниристите, Ел Ескориал на Помпео Леони кои исто така создале елемент со мотиви од Распетието Христово.

Овој елемент бил сосема малку помал од димензиите во природна големина и бил решен на уметнички безпрекорен начин. Целосното мускулно и анатомско знаење кој го поседувал авторот за човечкото тело се пренесени во начинот на кој било третирано торзото на Исус и секако генијалноста на изведбата во делот на рацете и нозете. Рацете се многу експресивни, а падот на главата е претставен со драматичен изглед. Неговото лице е речиси незабележливо, со многу строг, но воедно спокоен израз. Поставеноста на телото опишува широка кривина додека неговите раце покажуваат замав вообичаен за периодот кога се практикувал маниризмот.

Ова уметничко дело на почетокот било изработено за просторот на капелата на Барбазана, каде што останало до 1857 година кога било преместено во новата капела наречена Траскоро. Распетието доживеало голема посветеност од страна на поворките кои се одржувале во деновите среда и петок за време на Велигденскиот пост. Овие поворки се одржувале се некаде до крајот на xvii век. Денес, ова уметничко дело се наоѓа во првиот дел од капелата посветена на Свети Јован Крстител, која се наоѓа во подножјето на катедралната црква од страната на Евангелието.

Две скулптури изработени во резба на језуитски светци Игнатиј Лојолски и Франциск Ксаверски, се наоѓаат во просторот на капелата наречена Сандовал. Овие скулптури се издвојуваат од останатите по тоа што се изработени додека светците биле доста млади, сигурно во периодот многу кратко по нивната канонизација, која се случила во 1622 година. Овие изведби биле сосема малку помали од природната големина. Биле врамени во една целина заедно со делото на Анчета, во рамките на периодот на романизмот.

Две уметнички насликани дела на платно биле сместени во просторот кој го зафаќа амбулантата. Овие платна со уметничките дела на нив биле изработени во 1840 година од страна на Хуан Галвез. Подоцна биле поставени на ѕидот од хорот. Тие ја претставувале Тајната вечера и молитвата во градината.

Поглед кон Распетието на Христос изработено од слонова коска (во XVIII век)

Во првиот дел од страничниот кораб, каде што се наоѓа влезната врата која води кон манастирот, постои едно големо платно кое го претставува Свети Христофор, дело изработено во 1773 година, од страна на Педро де Рада. Подоцна ова дело го заземало олтарниот простор кој претходно се наоѓал на тоа место.

Покрај останатите уметничко насликани дела кои висат низ внатрешноста од катедралата, како на пример оние во просторот на Крстилницата, или пак двете во капелата на Сантисимо од XVII век, низ целиот катедрален комплекс постојат голем број на уметнички дела од xvi или пак од xv век. Тие не се издвојуваат со особен уметнички квалитет.

Портите на вратата на капелата Свети Јосиф и завршницата на пристапот до манастирот биле изработени во 1736 година. Изработката била од дрво со природната боја. Овие порти претставуваат добар пример за потеклото на своето време. Тие над својата форма поддржувале круни со разделени фронтони, а на највисокиот дел биле збогатени со скулптури на епископи и канони.

Во капелата посветена на Барбазана се наоѓале хорските подиуми на парохијата Свети Јован. Тие на тоа место биле преместени во средината на xx век.Овие елементи биле изработени со едноставни потези во висок барокен стил, започнувајќи од седиштата, па сè до поглавјето. Исто така, во просторот на оваа капела се наоѓа и делото на Богородица во готски стил, која некогаш била сместена во делот од трпезаријата.

На надворешниот ѕид од спиралните скали кои што се искачуваат до трансептната палуба, од страната свртена кон вратата на манастирот, на врежан постамент и под камена крошна се наоѓа една готска резба со мотиви на Богородица и добрата вест со потекло од периодот на xv век. Тоа е прекрасна камена резба која открива хуманизирачки карактер на Богородица во однос на детето кое го држи.[10]

Постојат бројни примери на декоративна скулптура пронајдени низ целиот катедрален комплекс, како во внатрешниот, така и во надворешниот простор. Тие го заземаат местото на клучеви, копчињата и капителите. Внатре во црквата, постои декорација која е во огромно мнозинство од растителен тип на просторот од капителите и делот од малите столбови, додека на просторот од корбелите постојат животински или човечки резби. Хералдичките резби на клучевите се посебно интересни според нивната хронолошка природа. Во просторот на манастирот, овие дела се менуваат според фазите на изградба. Најпримитивни се историскитете дела, додека најновите се сконцентрирани на растителниот свет. Претходно беа споменати резбите на величествените врати на манастирот, како и на малата надворешна декорација на комплексот.

Повеќебојноста или полихромијата на каменитите елементи била претставена во резбите или на самите панели на ѕидовите. Оваа техника била широко распространета практика низ средниот век од кои бројни примери се зачувани и се наведени во нивните соодветни делови. Она што посебно се издвојува е готското мурално уметничко сликање во просторот на трпезаријата кое денес може да се видиме во Музејот на провинцијата Навара.

Помеѓу скулптурите што денес се наоѓаат во Епархискиот музеј, посебно се издвојуваат две резби на светци од олтарите на катедралата, но и две Распетија изработени од слонова коска во периодот на xviii век. Едното Распетие е со мали димензии, а другото е поголемо. Претходно овие уметнички дела се наоѓале во храмот на катедралата.

Во Музејот се наоѓа и олтарниот дел посветен на Лас Навас. Тоа бил жртвеник изработен во прекрасен готски стил со тркалезни и високорелјефни резби, дополнително украсен со раскошна архитектура исто така со готски примеси.

Просторот на хорот[уреди | уреди извор]

Подиумите на хорот биле изработени помеѓу 1539 и 1541 година. Овие дела ги замислил Естебан де Обреј, [16] иако конкретно биле издлабени од рацете на многумина мајстори. Помеѓу останатите бил и Гилен од Холандија, на кого му се припишуваат најдобрите резби. Делот на хорот претставува една од последните врски на големите ренесансни ѕидари кои граделе на северот од полуостровот (Ибериски полуостров).

Поглед на Ренесансниот хор во просторот на Презвитериумот

Хорскиот простор претставувал одлично дело замислено од претходникот на катедралата, Санчо Мигел Гарсес де Касканте. Оваа личност долго време живеела во градот Рим, на дворот на папата Јулиј II. Овој господин бил покровител на големите уметници Микеланџело, Браманте и Рафаел. Тоа било одлучувачко влијание врз вкусот за уметноста, а особено за избор на италијанскиот ренесансен стил. Овој нов стилски вкус бил детерминиран и од останати уметници пред сè од француското потекло, но и со потекло од Нормандија. Сите тие уметници имале референца кон новиот италијански стил увезен од страна на покровителот на кардиналот на градот Руан (Франција) Жорж д'Амбоаз.

Во катедралата во Памплона претходно, некаде на почетокот на XV век постоела уште една хорска платформа изработена од страна на уметниците на уметничката куќа на Мудехари. Тој простор денес веќе не постои во просторот од катедралата.

Преходно просторот за хорот бил сместен во вториот и третиот дел од централниот кораб, поблиску до трансептот и имал вообичаена U форма отворена кон просторот од главниот олтар. Хорот се состоел од 59 високо поставени столчиња распоредени според повисокиот ред за личности и канони по службена должност. Ниските постаменти имале седишта со три столчиња. Едното било резервирано за главниот - претходникот и две за неговите министри. Тука постоеле пристапни скалила и од двете страни кои воделе до врвот. Веднаш до нив постоеле десет столчиња, и уште еден пристап каде имало единаесет места. Вкупниот број на позиции изнесувал 45 ниски седишта. Пред сите нив се издвојувала епископската фотелја, со поставена говорница пред неа и соодветна настрешница.

Поглед кон Деталот со столчињата

Хорскиот простор во 1946 година бил преместен во делот од презвитериумот, каде што имало помалку простор, па речиси една третина од столовите биле отстапени на Покраинскиот совет. Со тој гест се успеало да се покријат трошоците за преместителната работа. Имено дванаесет од високите столчиња и осум од ниските денес се зачувани во капелата на Музејот на Навара. Едно од столчињата било подарено на Нунцијатурата од градот Мадрид. Денес во презвитериумот, во делот на хорот постојат 33 високи столчиња, потоа 3 кои припаѓале на претходникот и министрите и дополнителни 23 ниски столчиња. Останатите се водат за непостоечки (иако претходно биле подарени).[16]

Сите седишта имаат милосрден преклопен простор за седење, прегради со криволинеарен профил, предни делови со таканаречени балустри и атланти. Овие елементи ги поддржуваат копчињата кои претставуваат огромни фигури. Потпирачите за грб поседуваат инкрустирани панели. Над високите столчиња постои фриз од позадинската страна, како и панел во резба со изглед на човечка фигура која е опкружена со пиластри (фигурите претставуваат светци и апостоли со кои раководи Спасителот). Над секој стол има школка. Сето тоа завршува со прекривки од корбели и дополнителен фриз со финили од таканаречено тимпанило. Епископската столица е крунисана со голем изострен врв изработен во класичен готски стил.

Елементи од злато во катедралата[уреди | уреди извор]

Во просторот од Катедралата во Памплона е сместена една од најзабележителните и најбогатите златарски збирки во Шпанија, како според оригиналноста на некои нејзини парчиња кои можат да се сметаат за уникатни, така и по нивниот број.[16] Од посебна важност се реликвијарите на Лигнум Круцис и оние поставени на Светиот гроб, двете изработени во готски стил. Тука е секако и сребрениот Монструс, како и една евангелска книга чии корици биле изработени од истиот метал од периодот на ренесансата.

Санта Марија ла Реал[уреди | уреди извор]

Света Марија ла Реал (на Престолот) од Памплона се смета за една од најстарите маријански резби зачувани во Форалската заедница, заедно со онаа која се наоѓа во манастирот Ираче. Оваа резба води потекло некаде помеѓу 1175-1185 година.[28] Станува збор за седечка фигура, која е седната на престолот (кој бил додаден во xvi век заедно со детето), со детето Исус. Исус седи на левата нога, и фактички телото на Марија служи како престол за нејзиниот син. Димензијата на оваа фигура по висина е 93 сантиметри. Целата фигура била обложена, освен лицето и рацете, како што било вообичаено за тоа време. Ова уметничко дело било нарачано од страна на Чарлс II некаде во периодот од xiv век.

Со текот на времето, од страна на сопствениците на катедралата во Памплона ова дело било наречено со поинакво име. Порано, за време на романскиот период, но и за време готскиот стил, таа била позната како Света Марија. Низ вековите името било менувано, па така ова дело било познато и како Богородица од Саграрио. Ова име било во употреба до средината на xx век, кога по канонско крунисување, делото било преименувано во Света Марија на Престолот. Ова име би се однесувало и на фактот дека кралевите на провинцијата Навара биле крунисувани додека биле клекнати пред нејзините нозе.

Веќе неколку векови вообичаено било ова уметничко дело да биде облечено во везени наметки, превези или мантили за време на литургиите според литургискиот календар. Постоеле одредени гравури од барокниот период според кој можело да се види како уметничкото дело била целосно, вклучувајќи го и бебето Исус. Овој обичај продолжил да се практикува и денес на важни и значајни датуми, иако со вклученост на одредени измени. Од периодот на канонското крунисување, за време на тие значајни датуми, на делото му се става впечатлива кралска круна со осум златни филигрански дијадеми, дополнително исполнети со дијаманти со различни големини. На круната од света Марија постоеле и смарагди. Круната пак на детето била украсена исто така со овој тип на бесценети камења. И двете круни (на Марија и на Исус) биле изработени во xviii век со одредена надградба од 1946 година, кога и се случило крунисувањето.[2]

Исто така доста забележлива е и колекцијата на извезени златни и сребрени наметки кои се чуваат за облекување на Богородица. На некои празници, како што е денот на Успение на Пресвета Богородица, уметничкото дело, така богато украсено, се носи од страна на поворката на процесијата низ просториите од корабите на катедралната црква, но и и низ внатрешноста на манастирот.

Реликвијата на Светиот гроб[уреди | уреди извор]

Поглед кон Реликвијарот на Светиот гроб, дело кое води потекло од xiii век

Реликвијарот на Светиот гроб (со димензии 88 x 38,5 x 24,5 сантиметри) претставува исклучително уметничко дело кое води потекло од француското златарство. Со сигурност може да се потврди дека доаѓа од париските работилници. Тоа е уникатно парче, бидејќи ниту во земјата од каде потекнува не е зачувано друго такво дело или пак слично на него. Поради таа причина се смета дека ова уметничко дело претставува највредното парче од бројното богатството на катедралата.[16]

Постојат различни теории за неговото потекло и причината поради која ова дело пристигнало токму во покраината Навара. Најважните две терории се согласуваат помеѓу себе дека делото води потекло крајот на xiii век, односно времето во кое ќерката на Луј IX од Франција, Изабел, се омажила за Тибалт II од Навара. Тоа бил начинот како ова дело е пристигнато од Франција во Шпанија.

Поглед кон Реликвијарот на Лигнум Круцис, дело создадено во XIV век

Овој реликвијар е изработен од позлатено сребро и бакар, дополнително украсен со непроѕирни елементи од емајли. Претставата на делото е налик на отворен храм со правоаголен план поставено на четири ногарки во облик на лав. Со помош на четири столба, по еден на секој крај, ногарките се отвораат однапред и одзади, преку тролистни лакови кон фронтовите каде има прозорец во форма на роза. Овој реликвијар е покриен со двокрилен покрив во вид на гребен. Комплетот на делото на крајниот врв има изострен ажур покриен со остри лакови со трасира. Ова уметничко дело во стилот многу наликува на Париската Света капела, која била изградена неколку години претходно.

Внатре во храмот е извајана сцената на Трите Марии сместена веднаш пред Базиликата на Светиот гроб. Трите Марии се облечени во туники, а преку главите се покриени со парче текстил. Тие се насмеани (вообичаена готска насмевка) затоа што се инспирирани од веста за присуството на ангелот кој е седнат врз гробот и покажува со прстот кон внатрешноста на истиот. Во гробот биле упокоени двајца војници од понизок ранг, кои биле облечени во најверната средновековна облека од тоа време.

Реликвијата на дрвениот крст[уреди | уреди извор]

Делото наречено Реликвијарот на дрвениот крст (со димензии 65 x 40 x 30 сантиметри) исто така се мисли дека има париско потекло. Поради односот со современите дела, некаде од почетокот на xiv век, поточно од 1401 година кон ова дело е надополнето со два емајлирани крста и дополнително со моштите од Вистинскиот крст, како и со дел од Христовата туника (наметка). Сите овие бесценети елементи биле дарувани од страна на Мануел II Палеолог на владетелот Карло III Благородниот.

Ова уметничко дело е изработено од позлатено сребро со проѕирни емајли. Квадрилната основа се потпира на четири лава. На оваа основа постојат висококвалитетни емајли кои претставуваат сцени од Страста, а во центарот има затворен храм, со сложена готска архитектура, надополнета со емајли на апостолите.[29] Целиот реликвијар е врамен со помош на повеќеслоен лак впишан во елемент наречен фронтон со вегетален гребен. На ова дело, од двете страни можат да се забележат резби со ликовите на Свети Петар и Свети Павле. На врвот постои крунисување составено од три крста. Само крстот кој се наоѓа на левата страна е оригиналниот од тоа време, додека останатите се изгубени откако реликвијарот бил украден во текот на xx век. По кражбата уметничкото дело е пронајдено, но не и два оригинални крста. Новите, односно сегашните крстови претставуваат модерни реконструкции базирани врз старите и оригинални готски модели.

Реликвијата на Процесниот храм и на притворот[уреди | уреди извор]

Ренесансата како период носела со себе суштински промени во конструкцијата и декорацијата на парчињата кои се наоѓале во катедралата. Од овој период потекнуваат елементот наречен притвор и малиот храм кој е зачуван во внатрешноста на храмот. Овој притвор (со димензии 84 x 42 x 37 cантиметри) е изработен од позлатено сребро и е создаден во работилниците во градот Памплона како што е наведено во неговиот запис „PPLON“. Се смета дека овој реликвијар е направен во деценијата од 1540 до 1550 година. Подоцна врз ова дело имало извршено и неколку измени и надополнувања.[29] Неговата структура е во форма на храм, поставен на повеќеслоен постамент од кој излегува пресечено конусно тело, на кое е поставен храмот со квадратна основа и триаголни странични додатоци. Храмот е покриен со ребраст свод, а на врвот од надворешната страна постои стебло врз пирамида на која има скулпторска група на која е поставен распнат човек. На врвот постојат повеќе човечки фигури. Храмот е украсен со балустри и богато врежани панели. Со подоцнежните надополнувања се создадени двата ангела кои го држат храмот, во кој се наоѓа човекот.

Поглед кон Храмот на поворката наречен Корпус Кристи, дело изработено во xvi век

Друго исклучително уметничко реликвијалрно дело во збирката од богатството на катедралата претставува процесискиот храм, кој бил изработен од сребро (со димензии 200 x 92 x 92 сантиметри) во 1596 година по наредба на епископот Антонио Запата.[16] Делото е со правоаголна основа со заоблени агли. Претставата е отворен храм кој е потпрен со осум столбови и една столбна плоча, една основа и столбови со капители, распоредени на сите агли од основата. Целиот елемент е покриен со континуиран таканаречен фриз, со доста изострени пирамиди на краевите на столбовите. Во внатрешноста е впишана полупортокалова купола која на врвот има одредена фигура.

Делото претрпело различни модификации низ текот на историјата, а најзабележително е поместувањето на двата столба од предната страна кон страните, за да се подобри видливоста на обликот кој е поставен внатре. Дополнително биле додадени одредени елементи како што се некои ангели и некои нови аукциски парчиња. И покрај сите тие модификации, делото може да се класифицира како еден вид на платереска.[30]

Малиот храм како дело е создаден за трајно да биде сместен во просторот на главниот олтар. Изгледот бил во чист маниристички стил. Неговиот создавател всушност бил истиот кој го дизајнирал и олтарниот дел. Овој олтар бил наменет и како простор за да го врами и таканаречениот притвор. При изведувањето на процесијата овој елемент бил сместен во групата на дела кои заземала активно учество за празникот наречен Корпус Кристи и оттогаш бил истиснат од манифестацијата која предвидувала носење на реликвии.[16] Долго време ова дело додека се носело било сместено на дрвена подлошка поради неговата големата тежина. Оваа дрвена подлошка со текот на годините била тргната настрана бидејќи малиот храм престанал да биде дел од движењето за време на процесијата. Само одреден мал дел од овој храм активно бил присутен за време на Корпус Кристи. Во 2006 година, здружението на Пријателите на катедралата во Памплона ја вратило во употреба претходно споменатата подлошка, но овој пат во сосема ново руво. Од истата година ова уметничко дело повторно било вратено како составен дел на процесијата низ улиците на градот.

Меѓу бројните златни дела во катедралната ризница, вреди да се истакнат, покрај веќе споменатите, и други дела. Такво дело било ренесансната евангелска книга, иконографски и стилски поврзана со елементот од малиот храм. Оваа книга била изработена од позлатено сребро со дрвено јадро. Во неа бил сместен средновековен кодекс, на материјал од пергамент, како и евангелијата кои водат потекло од 1228 година. Со замената на постоечкиот готски покрив, паралелно се извршиле и иконографски измени со истиот стил, вообичаен за тој период. Исто така од бесценета важност е и реликвијарот посветен на Света Урсула, кој води потекло од средината на xvi век. Овој реликвијар бил изработен од дрво и обложен со слој од делумно позлатено сребро. Тоа дело претставува прекрасна резба, богато изработена, што претставува вообичаен пример за ренесансниот стил.[16] Покрај сите претходно наброени елементи, катедралата зачувува и други бројни дела изработени од злато и сребро. Такви дололнителни дела биле најразлични реликвијари, процесијарни крстови, путири, послужавници, канделабри и долг список на парчиња неопходни за изведување на литургијата. За изведување на чинот на литургијата биле користени одредени везови на шаблони, олтарски фронтали или различни круни со мотиви од Света Марија на Престолот, како и мотиви од Богородица со детето Исус. Ова последно литургиско дело води потекло од xviii век со одредени вградени додатоци во 1946 година. Материјалот бил златен филигран врз кој се поставени стотици украси од дијаманти и смарагди.

Гробници[уреди | уреди извор]

Катедралата во Памплона во своите ѕидови има разновиден примероци од гробници, помеѓу кои може да се издвојат како забележителна колекција оние од готски стил. Помеѓу сите тие несомнено се издвојува гробницата на Карлос III Благородниот. Како што било вообичаено, кралевите биле погребувани во цркви за кои тие исповедале посебна посветеност и имале важно значење за нивната лоза или за нивното владеење. Епископите пак од своја страна имале поптполно право да бидат погребани во просторот на последната катедрала во која вршеле богослужба. Ова правило за епископите важи и денес. Гробниците на каноните, потоа на различни обични граѓани и секако на славните и познати личности, исто така имале место помеѓу ѕидовите на катедралните комплекси. Низ катедралите во градот Памплона постојат примери на сите овие претходно наброени погребувања. Погребите се вршеле од периодот на средниот век па сè до почетокот на xix век. По овој период погребувањето во просторот од катедралите било прекинато. Оваа практика на непогребување во катедралниот простор траела сè до 2010 година,од кога повторно е дозволен погреб во внатрешните простори на храмовите.[31]

Гробот на Карлос III Благородниот[уреди | уреди извор]

Едни од најважните делови на катедралниот комплекс секако се гробните позиции на Карлос III Благородниот и Леонор де Трастамара. Овој двоен погребен споменик се смета за ремек-дело на погребната скулптура од почетокот на xv век.[10]

Поглед кон Гробната позиција на Чарлс III Благородниот и Леонор од Трастамара

Овој гробен елемент е сместен во центарот од вториот дел на централниот кораб на катедралата. Има форма на самостоечка гробна постела (лежај) со димензии од 2,73 метри во должина, 2,12 метри во ширина и 1,08 метри во висина. Над него се наоѓаат лежечките фигури на кралевите сместени под големи настрешници со фини ажурни траси. Сите тие елементи се изработени од алабастер. Предните делови на таканаречениот гробен кревет се покриени со вкупно 28 фигури на плоранти. Сите тие фигури се сместени под настрешници, а помеѓу себе се одделени со мали столбови кои пак на врвовите се изострени. Сите тие мали столбови се потпрени на мала столбна плоча. Креветот (лежајот) е изработен од темен мермер, а фигурите и на плорантите и на кралевите, како и останатата конструкција се изработени од алабастер.[32]

Настрешниците на плорантите се издлабени со извонредна прецизност. Гробниот елемент е составен од две нивоа. Долното ниво има свод со четири конвергирани ребра. Горниот пак врши симулација на просторија со два обоени прозорци. Прозорците се разделени со големи розети кои се наоѓаат на врвот од сводовите. Секоја крошна завршува со рамна површина врз која на фин начин е издлабена соодветна цветна граница.

Поглед кон трите фигури наречени плоранти кои се наоѓаат на едната страна од гробниот простор

Фигурините стојат на елементи наречени корбели, кои пак се украсени со растителна флора, некои чудовишта и сцени од лов на таканаречени Атлантијци. Статуите се со висина помеѓу 0,48 и 0,55 метри.[32] Фигурите се со нееднаква изработка, како по големина така и според стилот, па се верува дека потекнуваат од раката на повеќе од еден уметник. Преку нив се претставуваат тела на мажи од различни статуси, свештеници, епископи, граѓани и слично. Изработката е со фини изведби. Статуетките се придружени со различни предмети од кои Книгата на часовите се повторува кај неколку фигури. Сите елементи се облечени и нивната облека е обработена со голема доза на реализам. Сегашната поставеност на фигуретките е различна од оригиналната, поради преместувањата на различните локации што ги имала гробницата. На еден мал цитат се опишувала положбата на фигуретките. Може да се забележи дека одредени фигури се спарени и дека има приказ на две фигури со различна местоположба на составните делови (ако во едниот случај едната е лево, тогаш во друг случај истата се наоѓа од десна страна).

Во делот од големите настрешници кои се наоѓаат на телата на монарсите, може да се забележи максималната вредност на овој гробен простор. Таму постои една сложена група од елементи на траси, врвови и висечки потпори. Настрешницата претставува покривка слична како и кај еден готски храм. Тој простор содржи три октагонални тела, плус две мали тела со трапезоидна форма, потоа ребрести сводови, а на врвот поставени цветни клучеви. Вториот кат од оваа настрешница е целосно испразнет, со што може да се откриваат деталите на прозорците со нивните елементи наречени мулиони. Прозорците се со сложена форма и на нив има различни траси. Сите тие однадвор се украсени со висечки потпори кои завршуваат со врвови.

Легнатите монарси се потпираат на големи перничиња кои сè уште одржувале дел од оригиналниот полихром со позлатата. Тие покажуваат спокоен став, со отворени очи, а нивните црти ги претставуваат во полнотата на нивниот живот, но без да изгубат ни трошка од реализмот. Кралот (Карлос) е претставен како зрел маж, со доста голем нос, мали усни, со љубезно лице на кое не недостигаат бразди од брчки. Во неговиот лик се гледаат и мускули, особено оние околу вратот. Рацете се споени на градите во молитвена положба. Тие се силни и крупни, но во исто време и нежни. На нив се гледаат браздите и вените давајќи им необичен стил на реализмот.[10]

Детален изглед на монарсите - владетелите

Тој (Карлос) носи обична марама со богато украсена туника, која на нејзиниот крај има раб изработен од бронза. Над него, наметката е претставена со набори, особено кај десното рамо. Наборите се формирани бидејќи материјалот е затегнат со левата рака. Наметката каде што е превиткана е доста реалистична. Нејзиниот раб порано бил украсен со бисери. Пред нозете на монархот се наоѓа елемент со форма на лав,како симбол на сила и моќ. Поради тоа низ вековите лавот претставувал поврзаност со сите монарси- владетели.

Кралицата (Леонор) е претставена со блага насмевка на нејзиното младо и заоблено лице. Таа е поставена на идентична позиција како и кралот. Претставата е со понежни и поелегантни карактеристики. Формата на кралицата е облечена во прекрасно разгорена туника која е долга сè до нејзините стапала. На горниот дел од телото постои еден елемент кој многу наликува на елек. Во косата постои еден врежан бронзен дел, кој ја има функцијата да ја држи косата во собрана положба. Под засолништето на наборите на крајот од туниката во пределот на стапалата се наоѓаат два нишани. Тие се во форма на кучињата, кои симболизираат верност и потчинетост на сопругата - кралица кон сопругот кој е вистинскиот монарх на територијата.[32] И двете скулптури се крунисани со отворени круни, кои се украсени со 16 елементи во форма на розети (половина од розетите се двојно поголеми од останатите) изработени од бронза. Во минатото круните биле украсени со дополнителни бисерни елементи. Денес бисерите не постојат, останати се само отворите каде тие биле сместени.

Поглед кон монарсите кои се во легната положба

Целата гробна поставка била изведена во полихромен стил. Сè уште може да се забележи дел од полихромот кој на времето бил многу раскошен. Делови од леглото - креветот меѓу другото, бил со позлатени елементи, со сигурност тоа биле чаршафи.[32] Допирниот простор на надтуниката со перницата ја задржал својата сина полихромност, а црвената боја може да се забележи кај кардиналската наметка. На внатрешната страна на перничињата постојат остатоци од фини готски цртежи и одредени натписи.

Гробницата била изработена од страна на Јехан Ломе од Турне во периодот помеѓу 1413 и 1419 година,[32] за времето додека бил жив монархот, така што и самиот владетел можел да се увери дека целата изведба била верна на неговиот портрет. Тоа не било случај со кралицата, бидејќи таа починала во 1416 година, така што таа не била очевидец на својата веродостојност. И покрај тој факт, живиот монарх и со сите луѓе кои ја опкружувале кралицата за време на нејзиниот живот, потврдувале дека изгледот на скулптурата поставена на гробното уметничко дело била блиску до реалниот нејзин изглед.

Над големите настрешници и околу гробното легло постојат одредени натписи. Натписот во вид на крошна се однесува на споменатиот монарх, а оној кој е на настрешницата над кралицата се однесува на неа самата. И двета натписа сигурно биле врежани многу години по изградбата на гробницата, бидејќи содржат бројни грешки. Грешките се однесуваат во формата на буквите (напишано е закосено Карло III наместо исправено Карло III) потоа погрешен е датумот на неговата смрт и слично.

Гробницата била изработена од група на градители, кои биле раководени од страна на Јехан Ломе од Турне. Како што било вообичаено најважните и најфините делови биле издлабени од страна на еден попознат мајстор, а при изведување на структурните делови, украсите и помалите резби биле ангажирани различни мајстори за на тој начин да се забрза завршувањето на работата.

Останати гробови[уреди | уреди извор]

Во различните простории на катедралата постојат други гробници.

Во внатрешниот дел на црквата се наоѓа параклисот (капелата) на Свети Јован Евангелиста, а во него гробното место на бискупот Санчо Санчез де Отеиза кој бил епископ на Памплона во периодот помеѓу 1420 и 1425 година. Тој простор претставува ниша сместена под еден изострен лак, опкружен со врвови. Тука во нишата е поставена лежечката фигура на епископот, а пред гробниот ковчег постојат осум елементи таканаречени плоранти. Поради датумите на изведбата и самиот стил, се смета дека и овој гробен елемент е дело на Јехан Ломе и неговата работилница.

Во параклисот посветен на Свети Андреј постои сличено гробно место, помалку украсено од претходните. Овој простор сè до денес е празен, односно нема погребано тело во него. Во капелата пак посветена на Света Каталина постои една ниша со елементи на гробна позиција, но без да има човечка фигура во неа. На ова гробно место има претставено мотиви од голготата. Двете позиции од оваа капела водат потекло од XV век.

Над влезната врата до скалите кои водат кон горниот манастир постои надгробна плоча и на неа поставена фигура на легната девојка. Девојката се наоѓа под настрешница и до нејзините нозе има поставено скулптура на лав. Телото на девојката е опкружено со четири ангели кои држат чаршаф на кој всушност лежи фигурата на девојката. Се верува дека оваа фигура може да ѝ припаѓа на Инфантата Бланка, ќерка на владетелот Карло II, која починала во 1370 година.[2]

И пристапните врати до жртвениците биле подготвени да имаат функција на гробници. Во просторот на скривалиштето постоело место наменето за гробница. Таа гробница била поместена од просторот на влезниот коридор кој се наоѓал во непосредна близина. И двата простора биле со изострен лак над нив и имало поставено штитови. Целиот комплекс бил опкружен со дополнителни врвови.

Во центарот на капелата која е посветена на Барбазана постои лежечката фигура на епископот Арналдо Барбазан. Скулптурата на овој епископ била облечена во облека која се користела при епископовото богопроповедање. Тоа биле делови од облека наречени митра и крстосница.

Гробницата Лауда која и припаѓала на една Инфанта, од XIV век
Во легната положба ликот на Арналдо Барбазан, од XIV век
Гробница на грофот Гејџ, од  XVIII век
Гробницата на Еспоз Мина, од XIX век

Во ѕидовите на манастирот се наоѓа гробот на бискупот Санчез Азијатот, изграден во 1370 година. Овој гроб морфолошки бил многу сличен на оној на Санчо Санчез од Отеиза. На овој гроб нема присуство на таканаречени плоранти, а во нишата е зачуван полихроматски мурал. Денес ова мурално дело е пренесено во просториите на Музејот на провинцијата Навара. Исто така, во просторот на манастирот, но многу подоцна, биле сместени гробовите на Тиери Димон, грофот Гејџ и заменик кралот на провинцијата Навара. Дополнително во тој простор бил вметнат и гробот на еден војник - герилец Еспоз Мина.

Во криптата наречена Барбазана, на почетокот на XIX биле изградени низа од ниши за да се сместат телата на епископите кои биле закопани под подот на катедралната црква. На тој начин се отворил и дополнителен простор за идните тела, со што се создал цел пантеон кој ќе служи за погребување на телата на сите митрати (свештени лица).

Поглед кон една Кралска надгробна плоча на која се испишани погребаните кралеви и принцови

Кралска крипта[уреди | уреди извор]

Во оваа крипта, под гробот на Карло III, се зачувани посмртните останки на различни монарси од Кралството Навара, како и нивните сопружници и бебиња. Тоа претставува мал простор, изграден со камени ѕидови кои се покриени со малтер, а целиот дел е покриен со свод. Во внатрешноста постојат серија кутии во кои се наоѓаат скелетни остатоци и мошти од монарсите и нивните роднини. Оваа градба е невидлива, а пред неа е поставена на подот плоча, на која со латинско писмо се испишани имињата на погребаните членови на кралското семејство, како и датумот на нивната смрт.

Гробници и колумбариуми[уреди | уреди извор]

Покрај гробниците на поважните личности во просториите на катедралата се наоѓаат и други гробни позиции на многу понепознати личности.

Поглед кон една гробница во манастирскиот комплекс

Некои од епископите кои со текот на времето кои управувале со катедралата во Памплона, особено од поновите векови, се погребани во подот на црквата под едноставни и обични надгробни споменици. Други пак епископи својот вечен мир го пронашле во некои ниши во криптата на капелата наречена Барбазана.

За време на ископувањата кои се извршени во 90-тите години на минатиот век, на подот од презвитериумот (како што и се очекувало) била пронајдена една оловна урна со мала дрвена кутија во неа, во која се наоѓале посмртните останки на Медлин од Валоа, инаку сестра на Луј XI од Франција и мајка на последната кралица од Навара, Катерина од Фоакс.[10]

Под подот на манастирот се наоѓаат големи гробни позиции каде што биле погребани стотици личности во вкупно 328 гробници. Овие гробници биле преуредени во периодот на XVII век, кога се вршела измена на подот на манастирот. Така се добил поголем простор за да се упокојат повеќе личности. Уредувањето морало да се изврши поради погребите кои се спровеле во различни временски периоди. Од крајот на 2010 година, оваа подземна гробница била испразнета за да може да се сместат колумбариумите (простори за поставување на посмртни останки во вид на пепел). Во тие колумбариуми се сместени сите урни со пепелта на луѓето кои имале желба да бидат погребани во внатрешноста на катедралата. На тој начин повторно била вратена намената на просторот како почивалиште за парохијаните.

Подоцна посмртните останки било планирано да бидат погребани и во надземниот простор во криптата посветен на Барбазана.[33]

Огради и решетки[уреди | уреди извор]

Поглед кон готската решетка која го затвора предниот дел на презвитериумот
Поглед кон ренесансната решетка која ја затвора капелата наречена Сантисимо

Денес во катедралата се зачувани две големи и вредни метални огради. Првата е онаа која го затвора просторот на презвитериумот и втората е онаа која ја затвора капелата наречена капелата на Пресветата. Во минатото, сите капели биле затворени со едноставни готски огради кои биле отстранети на почетокот на xix век и заменети со таканаречени мали балустради. Со тој потег направен е обид да се создаде поотворен простор во внатрешноста на храмот. Отвореноста на просторот била отворена желба на новите уметнички и идеолошки струи кои предничеле во тој период. Овие парчиња од вишок на метал биле предадени на Градскиот совет на Памплона во 1806 година. Тие делови од огради повторно биле искористени за да се создаде ограда на капелата Свети Фермин, но и да се огради надворешноста на црквата Сан Лоренцо.[34]

Решетката (првата) која го затвора предниот дел на презвитериумот е изведена во готски стил. Завршена е во 1517 година, а изработена од страна на Вилијам од Ервенант. Бидејќи била со голема вредност, оваа ограда била прогласена за „Кралица“ на готските прегради од тоа време.[3] Истата се состои од две тела и еден горен гребен, кој го покрива просторот помеѓу двата столба. Телото на оградата се потпира на четири обилни пиластри, кои на сите страни се украсени со фигурини и настрешници. Димензиите на решетката се 3,5 метри во ширина, во секоја од нејзините три влезови, и 7 метри во висина во нејзиниот највисок дел, оној кај врвот. Горниот дел е составен од кубиња и сводови пресечени и на врвот со розетни елементи, и притоа прошарани со скулптурни композитни групи.[2] Вратата во оградата е сместена во долниот дел од двата ката, односно во централниот дел и истата е врамена со две извртени шипки во горниот дел и квадратни шипки во долниот дел. На овие шипки се поставени мали украсни фигури. Богатата декорација која ја има оваа ограда ја прави една од ремек-делата од овој вид во цела Шпанија.[3]

Решетката (втората) на параклисот на Пресветата која денес се наоѓа на јужниот крак на трансептот, претходно била поставена на место кое го затвора просторот на хорот. Поради тие нелогичности на поставеноста истата во 1940 година била завртена кон просторот на презвитериумот. Изгледот на оваа решетка има доста пластичен стил. Создадена е помеѓу 1539-1540 година, а поради нејзиното величествено ковање и стил, се смета за дело на истиот автор кој го изработил хорот. Тоа е големиот уметник Естебан де Обреј.[35]

Поставеноста и конструкцијата на оваа ограда е слична со претходната. Таа ги дели димензиите и распоредот на три дела и на две нивоа. На врвот постои гребен. Декорацијата и архитектонските детали се изведени во класичен стил каде се појавуваат одредени капители, пиластри, медалјони и фризови. Оваа преграда држи стилско единство со мотивите врежани во соседните хорските подиуми. Премините низ оградата се врамени со вкупно осум столбови воедно украсени на предната страна и со дополнителен коринтски капител. Кај страничните делови можат да се забележат вкупно дваесет мазни метални шипки наредени во единство во форма на раб и тоа на површината од долниот кат. На горниот кат шипките се мазни, но наизменично извиткани. Најкомплексниот дел е централниот премин, во кој има искривени решетки и на двата ката. На овој дел има поставено единаесет богато врежани елементи наречени балустради. Подот под решетката е поделен со фриз кој пак е прекриен со медаљони на кои има претстави од Богородица, но и од одредени кралеви и светци.[16]

Врвот на оградата е составен од гротескни елементи на животински тела кои се претставени како излегуваат од зеленилото на растенијата и се претвораат во човечки фигури. Над оваа декорација постои венец на кој има поставено крилести деца со мечеви во рацете кои се свртени кон јато од птици. Некои од децата држат конци во рацете кои се протегаат до балустрадите на кои има слободни фигури на Богородица и различни светци. На тој начин се изедначува овој дел со целата готската решетка. Во централниот дел се издига големо распетие кое е опколено со ангели кои ја собираат Христовата крв во путири. Овој приказ претставува кулминативна тема на Искупувањето.[2]

Останатиот решеткаст дел е секако оној кој е сочуван во манастирот, со која се затвораат двете внатрешни страни на тоалетот. Поради својата типографија, оваа ограда одговара на шемата на романски елементи. Се претпоставува дека оваа ограда можеби била дел од претходната катедрала. Легендата, но и плочата со текст поставена веднаш до оградата укажуваат на тоа дека таа можеби била искована со железото од синџирите што ги исекол Санчо Силниот во битката кај Лас Навас де Толоса во 1212 година. Овие синџири се претставени на грбот на кралството Навара.[10]

Витражни прозорци[уреди | уреди извор]

Во секоја готска градба, без исклучок, постои елемент кој е основа на конструктивната теорија од тој период на градење, а тоа е секако витражот. Мора да се разбере дека готскиот стил имал намера пред сè архитектурата да ја стави во служба на светлината и осветлувањето. Секоја градба од тој период претставувала еден вид на рамка за поставување на витражните елементи. Затоа и катедралата во Памплона не останала надвор од оваа генерална конструктивна теорија, иако со помала застапеност од останатите градби.

Поглед кон витражот во централниот кораб
Поглед кон витражот во трпезаријата

Витражите кои можеме да ги забележиме денес речиси сите се создадени во периодот на xx век. Зачувани се само четири оригинални витражни елементи од xvi век, и тоа со добар квалитет. Старите витражи се верува дека се дело на Хуан Карлос Бионде. Речиси целосното унишување на стаклото се должи на последователни експлозии кои се случувале во работилницата за барут, сместена непосредно во близина на катедралниот комплекс. Посебно оштетување предизвикала експлозијата од 1733 година, после која се срушиле огромен дел од витражите, како и многу нејзини дополнителни елементи и врвови кои ја крунисувале надворешноста на катедралата.

Долго време катедралата останала без тие елементи, претрпувајќи ги последиците предизвикани од дождот кој непречено навлегувал во нејзината внатрешност. Некои од прозорците моментално биле соѕидани со тули, сè додека конечно не биле изработени нови витражи. Новите елементи, оние во централниот кораб биле изработени помеѓу 1919-1937 година од страна на Маумежанската работилница од градот Сан Себастијан. Новите витражи во потполност ги симулирале претходните кои воделе потекло од xvi век. Помеѓу 74-та и 83-та година од истиот век, уметникот Карлос Муњос де Паблос, со витражни елементи ги покрил просторите на канцеларијата, трансептот, амбулантата и конечно оној простор кој се наоѓа веднаш над влезната врата кон манастирот.[16]

На самите витражи може да се забележат сцени од евангелијата, од Богородица, потоа светци и ликови поврзани со катедралата како и кралеви, епископи па дури и ликови на папи. На оние витражи кои се наоѓале кај презвитериумот биле насликани хералдички штитови на градовите кои се наоѓале во кралството Навара. На истите витражни елементи постојат и фигури кои имале директна врска со катедралата. Над вратата на манастирот бил поставен грбот на поглавјето, а десно од него бил поставен грбот и натписот на донаторите на витражите од 70-80-тите години на XX век. Стаклените делови на капелите, иако претходно биле украсени со одредени елементи, при реконструкцијата биле оставени без цртежи и без боја за да се овозможело подобар влез на природна светлина во храмот.

Доста забележителни биле витражните прозорци на просторот од трпезаријата, изработени во 1891 година од страна на работилницата на уметникот Мајер од градот Минхен. Овие елементи од страните претставуваат цветни и геометриски мотиви, а на предната страна претстава од четворицата евангелисти и дванаесетте апостоли. Витражите од капелата Барбазана биле изработени од страна на С. Куадрадо во Мадрид во 1956 година. На нив, од предната страна се претставени Богородица, Светиот Дух и Апостолите, а на страничниот прозорец има различните наварски светци надополнети со хералдички штитови.

Малата големина на витражните прозорци на катедралата во Памплона е еден од добро забележителните факти. Направен е обид за објаснување на таа изведба. Се мислело дека еден од можните фактори била суровата и студена клима во Навара. Подоцна тој елемент е занемарен како релевантен. Друг момент можеби бил стравот од можно ново уривање и со помалите отвори би се добила поголема цврстина на објектот. Кога се работи за централниот кораб, конечно постои релевантен факт кој ја одредува висина на витражниот дел. Тоа е поради поставеноста на страничните кораби кои ја делат висината со капелите. Затоа било потребно покривот да биде проектиран до половина од висината на централниот кораб. Овој детал ги навеле изведувачите да ги скратат прозорците. Во секој случај повеќе светлина не можело да продре поради соседните странични градителски елементи.[16]

Оргули[уреди | уреди извор]

Катедралата денес има три музички делови - органи или таканаречени оргули. Сите тие се нови, иако низ вековите храмот имал бројни оргули од различни периоди, стилови и големини. Уште во xv век имало сознание за постоење на ваков вид инструменти во катедралата во Памплона, поточно во документ од 1479 година се зборува за изградба на „нова дрвена комора“ за потребата на оргулите.[16] Од инструментите за кои постои најголема документација се оние од барокниот период. Таков инструмент бил големата оргула од 1888 година која била сместена во делот од хорот. Поради лошата состојба во која се наоѓал инструментот, истиот бил заменет со нов кој имал двојна фасада и неоготска кутија. За новиот инструмент повторно биле употребени цевките од стариот барокен музички елемент, и други помали како што биле употребени во капелите на Свети Јован Крстител и Света Катерина, кои денес се сите исчезнати.

Поглед кон главната оргула на катедралата која е сместен над вратата на северниот крак од трансептот

Меѓу оние кои се зачувани денес е главната оргула, која била изградена во 1946 година од страна на специјализираната организација за изработка на музички инсталации Органериа Еспањола. Оргулата претставува електричен инструмен кој се состои од три тастатури, 34 комплети и стотици цевки. Оваа конструкција и масивност ја прави оргулата во катедралата во Памплона најголема во целата провинција Навара.[36] Инструментот поседува модерно куќиште, иако има задржано некои од цевките на претходната барокно-романска оргула, која била направена во далечната 1607 година. Таа стара оргула била подложена на важни реконструкции во 1657 и во 1684 година. Инструментот се наоѓа во делот на северниот крак на трансептот, прикачен на ѕидот над вратата од капелата посветена на Свети Јосиф. Оваа местоположба негативно влијае на квалитетот на музичката акустика.[16]

Поглед кон оргулата изведена во барокен стил

Во 2008 година, по налог на директорот на Музичката капела на катедралата во Памплона, во капелата наречена Сантисимо, експресно била изградена и поставена нова оргула во чист барокен стил. Тоа претставувала донација од страна на фондацијата со име Навара Фуентес-Дутор. Станува збор за мала оргула во изведена барокен стил, чие куќиште е инспирирано од некои други шпански оргули создадени во текот на xvii век. Изгледот на оргулата во потполност се надополнува со олтарниот дел кој се наоѓа во непосредна близина. Авторот на оргулата, Валтер Чинаглија, бил истиот кој го дизајнирал инструментот, но и го спровел неговото склопување. Овој инструмент се користи при спроведувњето на дневните миси, бидејќи токму во просторот на таа капела се одржуваат споменатите дневни богослужби. Просторот пак кој го зазема главниот олтар е наменет за свечени или пак миси кој се спроведуваат за време на викенд.[37]

Претходно, во 2006 година, истиот автор изработил една средновековна оргула за катедралата во Памплона, врз основа на приказ на една камена резба каде е прикажана оргула на која свири еден ангел. Овој приказ бил дел од скулптурната група посветена на Богојавлението, која се наоѓа во просторот на манастирот. Приказот со релјефот е изработен во XIV век од страна на Жак Перут. Изработката на инструментот била во природна големина.[38]

Овие оргули биле конструирани на ист принцип како и големите инструменти, така што, по желба, на сите инструменти поставени во катедралата можело во исто време да се создава музика, налик на примерот со познатиот Ел Ескоријал.

Ѕвона — камбанарија[уреди | уреди извор]

Во просторот на двете кули кои се наоѓаат на западната фасада од катедралата се сместени вкупно единаесет ѕвона, сите изработени од бронза. Првото изработено ѕвоно е создадено во 1519 година и е наречено Габриела.

  • Во просторот од јужната кула има поставено осум ѕвона и сите се користат при литургиска употреба. Четири од нив се таканаречени римски ѕвона, а останатите четири се таканаречени ѕвона за смолкнување (утишување), кои ги зафаќаат сите отвори на кулата (римските се поголемите, а утишуваните се помалите).
  • Просторот на северната кула содржи три ѕвона, вклучувајќи го и она најголемото во целиот сет на ѕвона. Најголемото ѕвоно е наречено Марија. Ова ѕвоно претставува најголемото ѕвоно што се користи за таа намена во цела Шпанија. Трите ѕвона испуштаат звуци за термини од еден час и дополнителна една четвртина.[39]
Различни фотографии од ѕвоната претставени во нивната пропорционална големина во однос на останатите (Ѕвоното наречено Габриела заедно со нејзиниот држач се високи повеќе од 3 метри)
Поглед кон ѕвоното наречено Габриела. На фотографијата се гледа и делот каде ѕвоното е поправано со заварување поради појавена пукнатина
Поглед кон ѕвоното наречено Марија, по нејзинато реставрирање
Поглед кон самиот чин на ѕвонење на ѕвоното Марија

Ѕвоното Габриела[уреди | уреди извор]

Поглед кон ѕвоното кога се користи за време на Цимбалилата и за време на молитвите

Најважното од целиот сет на ѕвона во катедралата е ѕвоното наречено Габриела. Станува збор за римско ѕвоно со потекло од 1519 година. Димензиите му се 1,67 метри во дијаметар и 1,35 метри во висина, а тежината е нешто повеќе од 2.700 килограми.[40] Ѕвоното Габриела било обновено и реконструирано во 2010 година. За потребната интервенција, тоа било спуштено од кулата во месец октомври 2009 година и однесено во една германска леарница. каде се интервенирало на една пукнатината која се протегала по целата негова должина. Поради тој недостаток ова ѕвоно долги децении било надвор од употреба. Денес, односно од 2011 година, ова ѕвоно го завзема главниот простор од јужната кула која е насочена кон атриумот. До 2009 година, односно до моментот на спуштањето, ѕвоното го заземало истиот насочен отвор, но во делот на северната кула. Оваа промена на местоположбата на ѕвоното е направена за да може истото, ако има потреба повторно да може да се отстрани. Тоа не било можно да се направи од претходната местоположба бидејќи му сметала дрвената платформа со чија помош се ѕвони врз ѕвоното Марија.

Ѕвоното Хуана[уреди | уреди извор]

Ова ѕвоно има пречник од 1,30 метри и тежина од 844 килограми. Овој елемент е излеан во 1792 година од страна на Хосе Марко. Името го добило според Свети Јован Крстител (Јован -шпански Хуан) и истото е изгравирано врз самото ѕвоно. Претходната состојба на елементот била доста лоша, бидејќи надворешната страна на дрвениот држач била покриена, односно залиена со калај. Во сегашната состојба ова ѕвоно има еден сериозен недостаток. Се работи за вертикална пукнатина веднаш до крстот, но сепак тој недостаток воопшто не влијае на јачината и квалитетот на звукот.

Ѕвоното наречено во девет[уреди | уреди извор]

Ова ѕвоно има димензии со пречник од 1,21 метри и тежина од 600 килограми. Излеано е во 1609 година од страна на Хуан де Вилануева. Со помош на ова ѕвоно било извршено првото повикување на каноните точно во девет часот, за да пристигнат на дневната молитва наречена Пофалби. На почетокот ова ѕвоно било прицврстено со еден метален елемент. Денес на ова ѕвоно му недостасува старата рачка за спуштање која претходно била фиксирана со метални клинови. Површината на ѕвоното не била полирана и исчистена за да можат да се зачуваат старите графити.

Ѕвоно Цимбалила[уреди | уреди извор]

Овој елемент има димензија од 0,50 метри во дијаметар и само 63 килограми тежина. Изработено е во 1609 година. Ова ѕвоно се користело за сигнализирање на ѕвонењето на останатите ѕвона. Поради тоа со јаже било прицврстено за куќичката на ѕвонарот, кој од својот прозорец можел да го види главниот олтар. Ова ѕвоно имало можност да се сруши и да падне поради немањето на рачки. Денес малото ѕвоно се наоѓа во одлична состојба. Тоа повеќе не е во состојба да ротира поради постоење на можноста да падне.

Сребреното ѕвоно[уреди | уреди извор]

Сребреното ѕвоно има димензија од 0,80 метри во дијаметар и тежина од 300 килограми. Излеано е во 1792 година од страна на мајсторот Хосе Марко. Ова ѕвоно секогаш ѕвонело во содејство со ѕвоното наречено „Доенче“. Претходно, сребреното ѕвоно имало метален држач изработен од компанијата за ѕвона Муруа во градот Виторија. Ова ѕвоно дополнително поседувало и мотор за да може постојано да се врти. Со овој звучен елемент се произведувале звукови и за време на дневни, но и за време на неделни миси. Моментално ова ѕвоно својата реплика ја има во ѕвоното посветено на мртвите во катедралата во градот Тудела. Ова ѕвоно нема можност да се сврти поради недостаток на простор, бидејќи се наоѓа помеѓу две големи ѕвона. Ако се направи обид за свртување држачите на сите три соседни ѕвона ќе се судрат.

Ѕвоното наречено Доенче[уреди | уреди извор]

Пречникот на ова ѕвоно изнесува 0,80 метри во пречник и тежина од 200 килограми. Излеано во 1792 година од страна на Хосе Марко овој звучен елемент соодејствувал со својата функција заедно со сребреното ѕвоно. Претходно било погрешно ориентирано. Функционално како и сребреното ѕвоно, се активирало за време на дневна и на неделна миса. Во моментов, исто како сребреното, ова ѕвоно ја има својата репликата на држачот во ѕвоното посветено на мртвите во катедралата во градот Тудела. Ова ѕвоно може да се преврти (да ротира околу држачот) за време на големите фестивали, бидејќи неговиот држач не се судира со другите 2 големи ѕвона кои му се соседни

Ѕвоното за Молитви[уреди | уреди извор]

Ѕвоното на молитвите има димензијата од 1.50 метри во дијаметар и тежина од 1351 килограм. Излеано е во 1802 година од страна на Бернардо де Мендоза. Овој звучен елемент се користел при спроведувањето на молитвите во текот наработни денови, во недели и за време на помалите празници. Претходно, целиот елемент фукционирал со помош на електрочекан кој не дозволувал ѕвоното да се врти. Денес ова ѕвоно се наоѓа во одлична состојба. Звукот му е сличен со оној од ѕвоното наречено Габриела, што значи дека не е многу пријатен за слушање.

Ѕвоното Света Варвара[уреди | уреди извор]

Ѕвоното Света Варвара има димензии од 0,51 метри во дијаметар и тежина од 77 килограми. Излеано е во 1836 година. Често се користело кога над Памплона се подготвувало метеролошко невреме. Некаде во 2008 година треперката од ѕвоното паднала, но ова ѕвоно прекинало да биде во употреба од 2003 година поради одредени проблеми. Денес тоа е механизирано и се користи за секојдневно ѕвонење. Овој елемент има можност да ротира околу својот држач.

Ѕвоното наречено Марија[уреди | уреди извор]

Ѕвоното Марија се наоѓа во центарот на северната кула поради големите димензии. Димензиите на ова ѕвоно се 2,5 метри по дијаметар и 2,25 метри по висина. Се проценува дека тежината изнесува помеѓу 10 000 и 12 000 килограми.[16] По должината на неговиот осумметарски периметар се протега маријански натпис, испишан со латински букви. Тука е запишан датумот и ставен е потписот на авторот - изработувач, Петар Вилануаева, 15 септември 1584 година. Ѕвоното е со длабок и продорен звук. Се активира рачно и звукот не се создава со вртење туку со замавнување и удар на железната треперка која тежи околу околу 300 килограми. Овој звучен елмент се користи за време на најсвечени мигов

Ѕвоно кое ги отчукува часовите на времето[уреди | уреди извор]

Ова ѕвоно е наменето да ги означува временските часови за време на денот (со многу слични димензии е на ѕвоното Габриела иако од него тежи цел еден тон помалку). Овој елемент бил ставен во употреба некаде во 1576 година. Денес ѕвончето повеќе не го отчукува времето, бидејќи чеканот е деактивиран, односно е отстранет.

Ѕвоно кое означува временски четвртини[уреди | уреди извор]

Дијаметарот му бил 0,92 метри, а тежината околу 436 килограми. Било излеано во 1592 година. Денес ѕвоното е неупотребливо, бидејќи е деактивирано, односно не постои таканаречен трепер.

Реставрации и модификации на ѕвоната[уреди | уреди извор]

Сите ѕвона во катедралата се обновени во 2010 година. За време на нивната реставрација, тие биле симнати од кулите некаде во текот на месец октомври 2009 година и однесени во работилницата во градот Валенсија, со исклучок на ѕвоното Габриела, кое било однесено во една германска леарница, за да се затвори пукнатината која се протегала по целата должина. Поради таа неисправност ова ѕвоно со децении било ставено надвор од употреба. Исклучок бил направен за ѕвоното наречено Марија, поради големите димензии и невозможноста да биде симнато од кулата (кулата била реставрирана додека огромното ѕвоно од камбанаријата се наоѓало во внатрешноста). При интервенциите, биле обновени дрвените држачи на ѕвоната и заменети, а бронзите држачи биле исчистени, по што била вратена нивната карактеристична златна боја. Со интервенцијата бил подобрен нивниот звук. Се проценува дека звукот бил засилен за речиси 30%.[41]

Неколку од ѕвоната доживеале одредена модификација во последните децении. Модификацијата се состоела во замена на дрвените држачите со нови метални или вградување на автоматизирани системи за ѕвонење, како што се електричните чекани, а со тоа се постигнал ефект на полесно вртењето на ѕвоната. Овие системи на електричен чекан подоцна биле отстранети за да се вратат назад традиционалните допири со мануелни удари. На пример, ѕвоното Габриела од тој момент ќе може повторно да се превртува благодарение на новата локација во другата кула и пред сè поставеноста на системот неопходен за вртежно дејство. Оваа функција не се извршувала долги векови. Денес ѕвоното Габриела претставува најголемото ѕвоно во Шпанија од тој тип.[42]

Во составот на северната кула се наоѓала куќичката на ѕвонарот. Одвнатре преку систем од јажиња и макари, тој можел секојдневно да ѕвони на камбаните без да мора да пристапи до врвот на кулата. Познато е дека ѕвоната наместо нанадвор се вртеле навнатре, што обично се правело заради безбедност дури и ако ротацијата била побавна. Некои куки кои постоеле на ѕидот покажувале дека ѕвоната кога мируваат се држат во превртена положба.[43]

Денес звукот од неколку ѕвона се добива со рачно удирање. Таков пример е ѕвоното Марија кое се употребува за време на најсвечените манифестации. Овој звук обично е проследен со континуирано ѕвонење на ѕвоното на „Часовите “. Ѕвоното на часовите со сигурност може да се потврди дека го заменувало ѕвоното Габриела додека било оштетено.

Исклучителен елемент поради неговата културна (но не и уметничка) вредност претставува стариот предмет наречен штракало кој се користел за време на Светата седмица како замена за ѕвоната. Овој елемент наречен штракало бил создаден во xviii век со кружни страни, четири сечила и пет чекани. Во 2005 година овој бучен елемент бил обновен, а во 2010 година била изработена соодветна реплика за да може да се користи на споменатиот фестивал (Светата недела - седмица).[44]

Промени[уреди | уреди извор]

Целиот катедрален комплекс низ историјата претрпел бројно мешање, главно оние поради промените во вкусот на архитектонски стилови, извршени во различните фази на градба. Настрана од овие промени, значајни се различните конзерваторски и реставраторски проекти, како и преуредувањето на внатрешноста на црквата во текот на XX век.

Поглед кон горниот дел на комплексот од манастирот

Набргу по завршувањето на изведбите во готски стил, во xvi век бил изграден еден над-катник, а во 1580 година била изградена нова трпезарија (бидејќи големата готска сала не требало да биде толку искористувана). Од трпезаријата денес нема видливи остатоци.[16]

До крајот на XVI век односно во 1599 година биле изградени и други нови дела, особено се мисли на сакристијата на Каноните. Денешниот изглед на овој простор е доста видеоизменет од тој во XVI век бидејќи е извршена дополнителна декорација во рококо стил некаде во периодот на xviii век.[2]

Во годините од xvii век се започнало со поправка на врвот на една од кулите со романска фасада. Оваа фасада долго време претставувала проблем и дополонителен трошок за касата на катедралата, сè додека не било одлучено да се замени со друга соодветна фасада на крајот на наредниот век. Во овие години била извршена и една друга многу важна работа, односно создаден е параклисот на капелата Сандовал, кој го носи името според епископот кој наредил истиот да се изгради. Овој епископ подоцна бил погребан во просторот наречен Сандовал, во близина на десниот ѕид.[16] Тоа е единствената капела која се издвојува од останатите, а е изградена во готскиот стил. Таа е тешко забележлива во внатрешноста поради малите димензии, и исто така тешко видлива и однадвор, бидејќи е прикриена со ѕидот од северниот трансепт.

Во втората половина истиот век, престанала практиката каноните да бидат погребувани во подот на манастирот. Повторно откриената крипта од капелата Барбазана била преуредена и користена како вечно почивалиште.

Во 1724 година, било извршена изградба на новата Куќа на поглавјето (сегашната), веднаш до просторот од сакристието на Каноните. Се чини дека не се внимавало ниту на нејзината внатрешна декорација ниту на нејзината конструкција. Подот на просторијата на поглавјето бил покриен како единствен елемент заедно со подот на сакристијата.

Поглед кон новиот метален покрив кој го заменил оригиналниот изработен од дрвен

Еден од најнесреќните моменти за катедралниот комплекс била експлозијата на барут која се случила во 1733 година и која предизвикала огромна штета на катедралата. Тоа не била прва катастрофа која ја доживеала катедралата, но била со најразорно дејство. Оваа експолозија ги уништила скоро сите витражини елементи, ги искршила сите порти од вратите на црквата, потоа на капелата Барбазана, на манастирот и на трпезаријата. Биле разрушени сите врвови кои ги надвишувале потпорите од надворешната страна на црквата. Тоа биле тешки моменти, оставајќи го изгледот на катедралата во мачна состојба. И денес може да се забележат одредени оштетувања, особено на изострените завршни делови на кулите.[3]

Помеѓу 1744 и 1746 година била изградена сакристијата посветена на капеланите и на обичните верници. За нејзината изградба, требало да се урне една куќа и така за да се отвори пристапот од правецот на амбулантата. Претходно тој простор бил користен како гробна позиција. Неколку години предходно, во 1698 година, таму бил погребан епископот Торибио де Миер. Таа гробна позиција заедно со надгробната плоча и епитафот се преместени на позиција каде што и денес се наоѓа. Во тоа време биле отстранети решетките од параклисите на амбулантата, иако била само една која стоела на патот помеѓу капелата посветена на Христос, онаа на капеланите. За да се сочува симетријата било одлучено да се отстранат некои дополнителни позиции и да се спушти нивото на подот до она ниво како и на остатокот од амбулатната капела.

Во просторот кој бил наменет за просветителство во 1760 година било одлучено да се изгради голема библиотека. Објектот кој го зазема библиотеката е долг 25 метри, а широк 8 метри,[16] а се наоѓа помеѓу југоисточниот агол од просторот на трпезаријата и југозападниот агол на просторот од просветителството. За нејзината внатрешна декорација било донесено специјално дрво од Ронкал. Во текот на истиот век биле преземени различни интервенции од помал вид и тоа поправки на покриви, на отворите, адаптација на простории. Сите тие интервенции биле изведени во рококо стил, слично како и кај Куќата на поглавјето. Исто така била извршена одредена интервенција на покривот од едната кула. Поради сите реставраторски интервенции во 1773 година внатрешноста на катедралата повторно била насликана, овој пат, во светли тонови со што се создал ефект на таканаречена експлодирачка глетка. Се добило слична состојба како и со полихроматската изведба од xvi век. Овој пат сепак биле покриени полихромните украси кои ги опкружувале клучните камења на сводот на презвитериумот.

Поглед кон новата неокласична фасада дизајнирана од страна на Вентура Родригес

Во 1782 година, советодавното тело на катедралата одлучило да се изгради нова фасада што ќе одговара на ефектите кои се добиени и наликуваат на „величественост и хегемонија“. Изведбата на фасадата била најважното градителско дело, веднаш по тоа на готската конструкција. Поради сите тие промени во дизајнот тој го добил името и според директорот Вентура Родригес на Академијата Сан Фернандо. Конечната изградба, според новиот неокласичен стил, го означила крајот на долгоочекуваниот стремеж на поглавјето за катедрала со изглед во тој стил.

Почетокот на xix век бил период кога започнала постапката за внатрешно уредување на храмот. Најпрво биле отстранети решетките од пред капелите, а подот на целата катедрала бил израмнет со нивелирање. При изведувањето на овие активности било одлучено да се избере нова локација за епископскиот мавзолеј, а таа локација била просторот на криптата наречен Барбанзана. Додека траела француската инвазија во катедралата биле извршени многу малку интервенции. Тогаш биле отстранети само метеоролошките ротирачки ветроказни лопатки на кулите. Се сметало дека овие лопатки предизвикувале привлекување на молњи. И без лопатките сепак години подоцна се случило молња да ја погоди катедралата и да го оштети врвот од едната кула. [16]По тој немил настан биле поставени громобрани.

Една од најзначајните градителски изведби за време на XIX век била изградбата на позадинската хорска капела. Тоа претставувало важно дело. На подот и на основите од столбовите бил поставен мермер, од истиот материјал од кој бил изграден храмот. Во тој простор (хорската капела) биле поставени две големи платна, и една балустрада со бронзени завршетоци на делот од плафонот. Скулптурата на Христос била поставена во внатрешноста на капелата од неокласичниот простор наречен Анчета.

По опсадата на градот од страна на француските трупи во 1823 година, неколку бомби паднале во делот од заливот на јужниот трансепт како и во дел од манастирот. Поради тие оштетувања манастирот морал целосно да биде обновен (овој дел од манастирот е препознатлив и денес, бидејќи е единствениот простор каде што не е зачувуван резбаниот и воедно полихромен клуч).

Во xx век, исто така, се случиле низа на многу значајни промени во внатрешноста на црквата. Мавзолејот на Карлос III за време од триесет години бил преместен во просторот на средновековната кујна додека не бил вратен во центарот на просторот наменет за хор. Тоа е просторот веднаш над малата крипта каде се сместени посмртните останки на кралевите од кралството Навара. [32] До 1940 година биле поставени нови витражи и некои други помали елементи. Во тој период било извршено најважното реновирање. Речиси два века се разгледувала можноста за промена на распоредот на презвитериумот, поради неговата мала големина, и конечно во овој период таа била и спроведена. Се добило спојување на делот од трансептот со оној на презвитериумот. Прекрасниот жртвеник на маниристите (кој денес е сместен во црквата Сан Мигел во Памплона) кој го затворал главниот олтар исто така бил отстранет и на негово место бил поставен хорот, кој претходно пак бил дислоциран од центарот на наосот. Тука во центарот на наосот останал мавзолејот на Карлос III каде што се наоѓа и денес. Ова дело создавало намалување на просторот предвиден за хорот. Хорот пак бил поставен во различен распоред од оригиналот, кој бил во форма на буквата U (дел од отстранетите столчиња кои биле повеќе од потребни се наоѓаат во Музејот на провинцијата Навара). Хорската решетка била преместена на јужниот крак на трансептот и со нејзиното поставување во тој простор се создала денешната капела наречена Сантисимо. Исто така била отстранета барокната оргула, од северниот трансепт и поставена нова. Со поставувањето на малиот храм била отстранета позадинската хорска капела. Исто така, била елиминирана и задната хорска капела.[16]

Во наредните години биле преземени низа интервенции кои повеќе биле во склад со моменталните размислувања. Сепак биле од помал интервенционистички карактер. Пред сè тоа биле замена на кровови поради оштетување и некои дополнителни археолошки ископувања.

Поглед кон полихроматски клуч од централниот кораб (од XV век)
Фотографија од последната фаза од реставрацијата на западната фасада, во моментот кога се отстранува градителското скеле

Без сомнение, најзабележителните работи кои се случиле од крајот на XX век била реставрацијата помеѓу 1992 и 1994 година која ја претрпела целата внатрешност на храмот. Оваа интервенција содржела чистење, консолидација, археолошко ископување на просторот на целата црква, реставрација на мебелот и жртвениците, потоа замена на електричниот систем со поставување на ново осветлување. Особено интересен бил моментот при откривањето на полихромот од xv и xvi век кој ги украсувале најважните камења на капителите, некои параклиси и презвитериумот. Тие полихроматски елементи можат да се видат и денес.

Во последниот период постојат два проекта за интервенција на комплексот. Првиот се изведувал од 2010 година и се состоел од сеопфатна реставрација на западната фасада (неокласичната фасада на времето изработена од страна на Вентура Родригес), заедно со нејзините кули, атриумот, ѕвоната, како и изградб ана интерпретативен центар во делот на куќичката таканаречена стара „ѕвонарка“. Како дел од првиот проект е и изработка и враќање на урнатите врвови од надворешноста на главниот кораб, како и инсталирање на систем за ноќно осветлување на целата надворешност на комплексот.[45]

Вториот проект, кој сè уште е во прелиминарните фази, се состои од градежно обезбедување на комплексот од објекти со нова ограда. Секако ќе води потекло од xxi век. Целта е да се дизајнира резиденцијална поставка од музеј и центар кој би можел во иднина да прима посетители (аџии). За да се спроведе оваа замисла била избрана една од најпрестижните архитектонски компании. Тоа е истата компнаија која ги извела дизајните на продавниците за електронската опрема Apple.[46]

Верски служби[уреди | уреди извор]

Поглед на една поворка која се движи низ корабите на црквата

Оваа катедралата, како епископско седиште и како главна црква на Кралството Навара речиси еден милениум ги организирала најважните и најсвечените настани на Навареската литургија.

Поворка на Санта Марија ла Реал низ манастирот на денот на Успение

Можеби најзначајната прослава од сите оние што се одржале во храмот била крунисувањето и помазанието на кралевите на кралството Навара. Првиот монарх за кој се знае дека бил помазан во седиштето во градот Памплона бил Гарсија Санчез III некаде во xi век. По многуте церомонии од тој вид низ вековите секако се памети и последната церемонија за прогласување на крал пред ликот на Света Марија на престолот на кралот Фердинанд III од Навара (или Фердинанд VII од Шпанија). Оава церемонија се извела во 1815 година. Во времето на Карлос III, церемонијата го достигнала својот максимален сјај. Ова крунисување подоцна послужило како пример на ритуалот на крунисување на кралевите на Англија. Најзабележителна карактеристика на обредот на Навара било подигањето на монархот на постамент (штит) од страна на одредени благородници. Додека кралот бил во подигната положба присутните го извикувале слоганот: „РЕАЛНО, ВИСТИНСКО, РЕАЛНО!“[10]

Доста интересни но и поразлични од останатите цркви се настанаите при церемониите за прогласување на Календата на божиќното бдение, како и поворката на Денот посветен на трите крала. Оваа поворка се движи низ манастирот и последователно врши почитување на уметничките дела на тројцата мудреци. Движењето е поддржено со музика. Поворката се движи и извршува кон уметничкото дело на Седумте зборови. Церемонијата за Велики петок трае три часа. Поворката наречена „Енкуентро“ се движи утрото на самото воскресение и продолжува со пречекот на ангелот посветен на Свети Мигел де Аралар. Оваа традиција е од посебно значење меѓу многуте други кои се изведуваат за време на обичните прослави.[2]

Катедралата како архетип[уреди | уреди извор]

Фасадата на катедралата во Памплона служела како модел за дизајнирање на фасадата на катедралата Свети Кристобал во Ла Лагуна која се наоѓа на островот Тенерифе (Канарски Острови).[47] Фасадата на канарската катедрала била во неокласичен стил изграден од камен и водела потекло од 1820 година.[47]

Значајни лица што се погребани во катедралата[уреди | уреди извор]

Грбот на монарсите од Навара
Грбот на монарсите Бланка I и Хуан II
Грбот на Мартин де Пералта I

Кралевите на кралството Навара:

  • Кралот Гарсија Рамирес Обновувачот (роден 1150 година)
  • Кралот Санчо VI од Навара Мудриот (роден 1194 година)
  • Кралот Теобалд I од Навара Трубадурот (роден 1253 година)
  • Кралот Хенри I од Навара Дебелиот (роден 1274) година
  • Кралот Фелипе III од Навара Благородниот (роден 1343 година)
  • Кралот Карлос II од Навара Лошиот (роден 1387 година)
  • Кралот Карлос III од Навара Благородниот (роден 1425 година)

Сопружници на кралици, принцови, принцези и деца-синови и деца-ќерки:

  • Кралицатата Санча од Кастилја (родена 1175 година), сопруга на Санчо VI од Навара
  • Инфантот Ремигио (роден 1229 година), син на Санчо VI од Навара
  • Инфантот Карлос (роден 1402 година), син на Карлос III од Навара
  • Инфанот Луис (роден 1402 година), син на Карлос III од Навара
  • Инфантата Маргарита (родена 1403 година), ќерка на Карлос III од Навара
  • Кралицата Леонор од Трастамара (родена 1415 година), сопруга на Карлос III од Навара
  • Инфантата Марија (родена пред 1425 година), ќерка на Карлос III од Навара
  • Инфантата Изабел (родена по 1435 година), ќерка на Карлос III од Навара
  • Принцезата од Вијана и кралицата регент Магдалена од Валоа (починала 1495 година), мајка на последната кралица на Навара, Катарина од Фоакс

Релевантни епископи и други личности:

  • Епископ Арналдо Барбазан (роден 1355 година)
  • Епископот Санчез Азијатот (роден 1360 година.)
  • Епископот Санчо Санчез од Отеиза (роден 1425 година)
  • Ланселот од Навара (роден 1420 година), патријарх од Александрија, син (од непозната мајка) на Карлос III од Навара
  • Епископот Мартин од Пералта I (роден 1457 година)
  • Тиери Думон, гроф од Гејџ (роден 1753 година), воен чиновник и заменик крал на Навара
  • Франциско Еспоз и Мина, (роден 1836 година) воен чиновник

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Catedral de Pamplona“. Importancia relevante del conjunto. Архивирано од изворникот на 24 de septiembre de 2011. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 VV.AA. 1990.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Catedral de Pamplona“. ¿Sabias qué?. Архивирано од изворникот на 15 de octubre de 2010. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  4. „Gran Enciclopedia Navarra“. Ventura Rodríguez. Посетено на 24 de mayo de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Liturgia y culto“. La catedral de Pamplona. Caja de Ahorros de Navarra. 1: 22. 1994. ISBN 978-84-87120-21-3. Посетено на 30 de diciembre de 2020. На |first= му недостасува |last= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  6.  п , Alba (2021-09-17). „Un libro recoge la coronación de Santa María la Real de 1946“. diariodenavarra.es (шпански). Посетено на 28 de abril de 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: излишна интерпункција (link) CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  7. 7,0 7,1 7,2 Ascorbe Muruzábal 2021
  8.  п , Ricardo (2005). „Las modificaciones del espacio interior de la catedral de Pamplona desde el Предлошка:Siglo a nuestros días“. Lineamientos y limitaciones en la conservación : pasado y futuro del patrimonio (шпански). Universidad Nacional Autónoma de México, Instituto de Investigaciones Estéticas. стр. 214. ISBN 970-32-1388-X. OCLC 65461737. Посетено на 28 de abril de 2022. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)CS1-одржување: излишна интерпункција (link) CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. „Catedral de Pamplona“. Historia. Архивирано од изворникот на 15 de septiembre de 2011. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 10,14 10,15 10,16 10,17 10,18 10,19 10,20 10,21 10,22 10,23 10,24 10,25 10,26 10,27 10,28 10,29 10,30 VV.AA. 1994a.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 Martínez de Aguirre 1987.
  12. „Arqueología medieval“. Palacio de la catedral de Pamplona. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  13. Las cinco parróquias del viejo Pamplona. Navarra. Temas de Cultura Popular. Diputación Foral de Navarra. Dirección de Turismo, Bibliotecas y Cultura Popular. 1978. ISBN 84-235-0335-6. OCLC 432607289. Посетено на 28 de noviembre de 2020. На |first= му недостасува |last= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  14. „PAMPLONA“. Gran enciclopedia de Navarra. Посетено на 11 de diciembre de 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  15. „La parroquia de San Juan Bautista de la catedral de Pamplona y su ajuar litúrgico“. Cuadernos de la Cátedra de Patrimonio y Arte Navarro (1): 375–392. 2006. Посетено на 11 de diciembre de 2020. На |first= му недостасува |last= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  16. 16,00 16,01 16,02 16,03 16,04 16,05 16,06 16,07 16,08 16,09 16,10 16,11 16,12 16,13 16,14 16,15 16,16 16,17 16,18 16,19 16,20 16,21 16,22 16,23 16,24 16,25 16,26 16,27 16,28 16,29 16,30 16,31 16,32 16,33 16,34 16,35 16,36 VV.AA. 1994b.
  17. „Catedral de Pamplona“. Arte-fachada. Архивирано од изворникот на 15 de octubre de 2010. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  18. „Catedral de Pamplona“. Claustro. Архивирано од изворникот на 1 de marzo de 2010. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  19. „Catedral de Pamplona“. Capilla Barbazana. Архивирано од изворникот на 28 de febrero de 2010. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  20. „Catedral de Pamplona“. Cocina. Архивирано од изворникот на 27 de marzo de 2010. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  21. „Catedral de Pamplona“. Cillería. Архивирано од изворникот на 18 de marzo de 2010. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  22. „Catedral de Pamplona“. Archivo. Архивирано од изворникот на 24 de enero de 2010. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  23. „Catedral de Pamplona“. Información sobre el Archivo y Biblioteca Capitulares de Pamplona. Архивирано од изворникот на 24 de enero de 2010. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  24. 24,0 24,1 24,2 „Catedral de Pamplona“. Retablos. Посетено на 6 de abril de 2011. |archive-url= is malformed: timestamp (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  25. Checa, Fernando, Pintura y escultura del Renacimiento en España, 1450/1600, Madrid, Cátedra, 1983, ISBN 84-376-0405-2, p. 329.
  26. Sagaseta Aríztegui & Taberna Tompes 1985.
  27. García Gainza 1988.
  28. Fernández-Ladreda 1988.
  29. 29,0 29,1 García Gainza & Heredia Moreno 1978.
  30. „Cátedra de Patrimonio y Arte Navarro“. Reflexiones sobre las andas del Corpus de Pamplona. Архивирано од изворникот на 22 de enero de 2012. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  31. [мртва врска]
  32. 32,0 32,1 32,2 32,3 32,4 32,5 Jimeno Jurío 1979.
  33. [мртва врска]
  34. „Parroquia de San Lorenzo“. Capilla de San Fermín. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  35. „Catedral de Pamplona“. Rejas. Архивирано од изворникот на 7 de mayo de 2010. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  36. „Catedral de Pamplona“. Retablos de la catedral. Архивирано од изворникот на 27 de febrero de 2010. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  37. „Asociación Navarra de Amigos del Órgano“. Nuevo órgano barroco para la catedral de Pamplona. 25 de marzo de 2009. Архивирано од изворникот на 17 de junio de 2010. Посетено на 9 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  38. „Asociación Navarra de Amigos del Órgano“. Nuevo órgano medieval de la catedral. 25 de marzo de 2009. Архивирано од изворникот на 17 de junio de 2010. Посетено на 9 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  39. „Catedral de Pamplona“. Campana María. Архивирано од изворникот на 27 de enero de 2010. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  40. „Diario de Noticias“. Campana Gabriela. 10 de febrero de 2011. Архивирано од изворникот на 18 de abril de 2011. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  41. [мртва врска]
  42. „Diario de Navarra“. La mayor campana de volteo de España según Francesc Llop. 11 de febrero de 2011. Архивирано од изворникот на 31 de agosto de 2014. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  43. „Campaners“. 1992. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  44. „Campaners“. Carraca de Pamplona. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  45. „Catedral de Pamplona“. Noticias. Архивирано од изворникот на 28 de octubre de 2011. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  46. „Diario de Navarra“. Proyecto de Bohlim. 8 de diciembre de 2010. Архивирано од изворникот на 31 de agosto de 2014. Посетено на 6 de abril de 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  47. 47,0 47,1 „Datos históricos del templo catedral de Tenerife“. Архивирано од изворникот на 10 de agosto de 2017. Посетено на 31 de marzo de 2017. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]