Епитаф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Староримски епитаф од Горна Мизија (201-300).

Епитаф[1][2] (грчки: ἐπιτάφιοςепитаф „погребна проповед“ од ἐπί „горе“ и τάφος „гроб“)[3] — краток текст во чест на покојникот. Строго кажано, епитафот се однесува на текст впишан на споменик или плоча, но може да се користи и во преносна смисла. Некои епитафи ги одредувале самите лица пред смртта, додека други биле избрани од одговорните за погребот. Епитафот може да биде напишан во проза или во стих; поетите се познати по составувањето на своите епитафи пред смртта, како што е Вилијам Шекспир.[4]

Епитафот на Кирил Пејчиновиќ е најраниот познат авторски пример на пишување стихови на народен говор во развојот на македонскиот јазик. Епитафот гласи:

Теарце му негово рождение
Пречиста и Хилендар пострижение
Лешок му е негоо воспитание
Под плочава негоо почивание
От негово свое отшествие
До Христово второ пришествие
Молит вас бракя негои любимия
Хотящия прочитати сия
Да речете Богза доброе дело

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „епитаф“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „епитаф“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Online Etymology Dictionary: Epitaph“. Etymonline.com. Посетено на 18. 3. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. Photograph of William Shakespear's grave, 3 June 2007