Митра (одежда)

Од Википедија — слободната енциклопедија
г.г. Стефан, поглавар на Македонската православна црква со митра

Митра (грчки: μίτρα, турбан) – вид на капа на одредени христијански свештеници. Митрите ги носат свештеници на православните цркви[1], на римокатоличката, англиканската (реформаторска) и некои лутерански цркви (протестантски).

Митрите во православието[уреди | уреди извор]

Најтипичните митри во православните цркви се засноваат на затворена царска круна од доцната Византиско Царство. Во крајна линија потеклото на оваа форма е од постарата „камилавка“ (καμιλαύκιον), иако таа се издвоила од секуларните капи доста подоцна. Митри со форма на круна почнале да се користат подоцна, по падот на Цариград (1453) под отоманска власт. Православните митри се изработени во форма на луковична круна, тие се целосно затворени, а како материјал за нивна изработка се користи, брокат, дамаск или златно платно. Исто така тие може да бидат навезени, а често се украсени со скапоцени или полускапоцени камења. Вообичаено на митрите има четири икони (Христос, Богородица, Јован Крстител и на самиот врв крст), кои свештеникот може да ги бакне пред да ја стави митрата на глава. Православните митри вообичаено се златни, но може да се користат и други литургиски бои. На врвот на митрата има крст кој може да биде метален и да биде исправен, или извезен на платното и лежечки. Понекогаш, наместо лежечки крст, митрата може да има икона на врвот. Во Македонија митри се изработуваат во Раичкиот манастир кои се познати и барани не само во Македонија, туку и во целиот православен свет.[2][3]

Митрите во западното христијанство[уреди | уреди извор]

Ватиканска митра, рачно везена со златен и сребрен конец, украсена со бисери

Во својата модерна форма во западното христијанство, митрата е висока капа која се состои од два слични дела (преден и заден) кои се издигаат и се сошиени од страните, а две кратки ленти секогаш висат назад. Во католичката црква, правото за носење митра, според канонското право, им е дадено на бискупите и опатите кога се појавуваат на церемониите на осветување на бискуп и благословување на опат. Кардиналите вообичаено се сметаат дека се бискупи (од времето на папата Јован XXIII), но дури и кардиналите кои не се бискупи можат да носат митра.

Папата Франциск од Македонија на поклон доби митра изработена во манастирот Рајчица [4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Богослужбените одежди на клириците“. Архивирано од изворникот на 2016-08-05. Посетено на 2016-02-15.
  2. Духовни светилишта - „Св. Ѓорѓија - Победоносец“ - с.Рајчица, Дебарско
  3. Митра со охридски бисер „Бигорски манастир“
  4. Тијара за секој папа на Ла Стампа

Надворешни врски[уреди | уреди извор]