Јулијан и Василиса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јулијан и Василиса
Починал(а) ~304
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Слава 8 јануари
Обележја palm of martyrdom

Јулијан и Василиса потекнувале од богати семејства. Иако венчани во брак, тие се заветиле дека ќе живеат девствено како брат и сестра. Го раздале својот имот на сиромаси и се змонашиле. Јулијан основал машки мнастир, а Василиса женски. Јулијан имал околу 10 000 монаси, а Василиса до 1 000 монахињи. За време на прогоните на Диоклецијан, Василиса според христијанското предание му се молела на Господ да ниедна од нејзините монахињи да не се исплаши од маките и да не отстапи од христијанската вера. Господ ја слушнал молитвата и во период од 6 месеци ги зел кај себе сите монахињи со ред и на крајот и нивната игуменија Василиса. Пред смртта, Василиса имала видување на своите сестри од оној свет: сите се појавиле весели и радосни како Божјите ангели и ја повикувале својата ѝ духовна мајка што побрзо да им се придружи.

Јулијановиот манастир, пак, бил изгорен до темели од неговите мачители, а Јулијан бил мачен со најтешки маки и потоа бил убиен. Заедно со Јулијан биле исечени: синот и жената на мачителот Маркијан, Келасиј и Марионила, кои гледајќи го јунаштвото на Јулијан во издржувањето на големите маки, и самите го примиле христијанството[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридски пролог“ стр. 9

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

 Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственостHerbermann, Charles, уред. (1913). Catholic Encyclopedia. Robert Appleton Company. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)