Државен пат 12 (Грција)
Државен пат 12 | |
---|---|
Информации за правецот | |
Должина: | 225 км |
Постоел: | 1920-ти – денес |
Поважни клучки | |
Западен крај: | Солун |
Сер | |
Источен крај: | Кавала |
Местоположба | |
Области: | Егејска Македонија |
Поважни градови: | Солун, Сер, Драма, Кавала |
Патна мрежа | |
Државни патишта во Грција |
Државен пат 12 или ЕО12 (грчки: Εθνική Οδός 12) — пат во Егејска Македонија, Грција. Ги поврзува градовите Солун и Кавала, минувајќи низ Сер и Драма. Воедно го опслужува сообраќајот кон границата со Бугарија. Делницата од Солун до Сер е во состав на Европскиот пат Е79. Дел од ЕО12 е заменет со автопатот А25 (Солун - Сер) и магистралата „Егнатија“ (А2).
Историја
[уреди | уреди извор]Патот почнал да се асфалтира во 1920-тите и 1930-тите. Последните делнци се осовремени во 1950-тите. Помеѓу 1990-тите и 2004 г. јужната и северната делница се надградени како автопат, а целосната надградба до Сер е завршена во 2010-тите.
Правец
[уреди | уреди извор]ЕО12 се протега кон север, почнувајќи од центарот на Солун како градска артерија наречена „Лагадински пат“. Оваа делница е заедничка со патот ЕО2. Близу Лембет (Евкарпија) правецот се приклучува на автопатот А2 („Егнатија“) и го следи во североисточен правец до Ајватово, а потоа продолжува во истиот правец, овојпат напоредно на автопатот А25. Минува низ Лахна и ја преминува реката Струма кај Орљак. Го одминува Сер, па оди на исток низ Зелјахово и кон Драма. Овде свртува на југоисток и преку Рахче завршува во Кавала.
Населени места
[уреди | уреди извор]Ова се населените места со свои излези на патот, наведени по возен редослед од запад кон исток:
- Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[1]
- Солун (Тесалоники)
- Ајватово (Лити)
- Лахна (Лахнас)
- Дремиглава (Дримос)
- Кукуш (Килкис)
- Гвоздово (Асирос)
- Ново Село (Критија)
- Негован (Ксилополи)
- Орљак (Стримонико)
- Ениќој (Проватас)
- Драготин (Промахонас)
- Каваклија (Левконас)
- Нигрита
- Болница (Носокомио) - Сер
- Сер (Серес) — заобиколница
- Тополјани (Хрисос)
- Сармусакли (Пендаполи)
- Тумба
- Оравиште (Агиос Христофорос)
- Порна (Газорос)
- Зелјахово (Неја Зихни)
- Рахово (Месорахи)
- Ќупќој (Проти)
- Алистратик (Алистрати)
- Минаре (Ситагри)
- Драма
- Чаталџа (Хористи)
- Доксат (Доксато)
- Борен (Агиос Атанасиос)
- Маџар Чифлик (Лидија)
- Рахче (Кринидес)
- Бадем Чифлик (Амигдалеонас)
- Кавала
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.
|