Државен пат 63 (Грција)
Изглед
| Државен пат 63 | |
|---|---|
| Информации за правецот | |
| Должина: | 42 км |
| Поважни клучки | |
| Северен крај: | Драготин |
| Јужен крај: | Сер |
| Местоположба | |
| Области: | Егејска Македонија |
| Патна мрежа | |
| Државни патишта во Грција | |
Државен пат 63 или ЕО63 — пат во Егејска Македонија, Грција. Го поврзува граничниот премин Драготин (Промахонас) кон Пиринска Македонија во Бугарија со градот Сер на југ, притоа минувајќи низ Валовишта (Сидирокастро).
Патот е долг од 42 км и има две ленти (по една во секој правец). Сочинува дел до Европскиот пат Е79 и предвидено е да биде заменет од автопатот А25.
Знаменитости по патот
[уреди | уреди извор]По патот можат да се забележат следниве знаменитости:
- Исар — тврдина од византиско време
- Црква „Св. Димитрија и Чесниот Појас“
- ридот Спас наречен и Топ-баир
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||

