Градиште (Моштица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Градиште


Местоположба 42°4′0″N 22°34′59″E / 42.06667° СГШ; 22.58306° ИГД / 42.06667; 22.58306Координати: 42°4′0″N 22°34′59″E / 42.06667° СГШ; 22.58306° ИГД / 42.06667; 22.58306
Основни податоци
Место Моштица
Општина Македонска Каменица
Тип

Археомак 2.0 графички знак (градиште).svg градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиште археолошко наоѓалиште кај местото Моштица во општина Македонска Каменица.

Наоѓалиштето претставува градиште од доцната антика. На левиот брег на Каменица, до утоката на долот Моштеница во реката, на зарамнето плато од 100 × 100 м се гледаат остатоци од темели на бедем граден од кршен камен и варов малтер. Според податоците од жителите, на овој простор биле откопани питоси и рановизантиски монети кои се чуваат кај селаните.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 130, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069