Ќерамидница (Дулица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ќерамидница
археолошко наоѓалиште
Ќерамидница is located in Македонија
Ќерамидница
Местоположба на Ќерамидница во Македонија
Местоположба 41°58′59″N 22°33′57″E / 41.98306° СГШ; 22.56583° ИГД / 41.98306; 22.56583Координати: 41°58′59″N 22°33′57″E / 41.98306° СГШ; 22.56583° ИГД / 41.98306; 22.56583
Основни податоци
Место Дулица
Општина Македонска Каменица
Тип

Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Ќерамидницаархеолошко наоѓалиште во околината на местото Дулица кај градот Македонска Каменица. Наоѓалиштето претставува црква од старохристијанско време.

Се наоѓа на платото од ридот Калата што се издига на утоката на Каменица во Брегалница. Откриена е со заштитните ископувања во 1968/1969 година. Претставува еднокорабна црква со нартекс, трем и ограден двор од јужната страна, а има траги и од анекс. Од внатрешната страна на апсидата е зачуван синтронос со нагласено седиште на средината. Подот во апсидниот простор е изведен од фин малтер. Меѓу градежниот материјал се најдени тегули и имбрекси сигнирани со букви.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Бегов Даб — базилика од старохристијанско време
  • Градиште — градиште од доцна антика;
  • Манастир — населба; црква и некропола од римско време; старохристијанско време;
  • Селиште — населба од римското време;
  • Ќерамидница — црква од старохристијанско време;
  • Црква — црква од старохристијанско време;
  • Македонска Каменица;

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 126, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069