Ѓурѓина Ливада (Луковица)
Ѓурѓина Ливада — археолошко наоѓалиште во околината на местото Луковица кај градот Македонска Каменица. Наоѓалиштето претставува тумул, населба и црква од железно време , римско време и старохристијанско време.
Источно од селото и во непосредната близина на стариот пат Каменица - Делчево, во нивата на Мане Стојменовски имало 2 тумула кои сопственикот, при нивелирањето на земјиштето за сеидба на ориз, во голема мера ги уништил. Притоа се најдени не колку керамички садови и повеќе метални предмети, како и бронзен меч со должина од 0,50 м, од типот „Ербенхеин“. По површината на нивите, на поголем простор се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. На јужниот крај на наоѓалиштето се гледаат урнатини од старохристијанска црква. Мечот се чува во Музеј на Македонија.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Ѓурѓина Ливада — тумул; населба; црква од железно време; римско време; старохристијанско време;
- Могили — могили од римско време;
- Луковица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 130, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од старохристијанско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на тумул
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Луковица (Делчевско)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Македонска Каменица
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Делчевско