Шиме Врсаљко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хрватска Шиме Врсаљко
Лични податоци
Роден на 10 јануари 1992(1992-01-10)(32 г.)
Роден во Задар, Хрватска
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Интер Интер
Број 2
Младинска кариера
НК Задар НК Задар
Динамо Загреб Динамо Загреб
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2013 Динамо Загреб Динамо Загреб 73 (1)
2009Локомотива Локомотива 17 (0)
2013-2014 Џенова Џенова 22 (0)
2014-2016 Сасуоло Сасуоло 56 (0)
2016- Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 38 (1)
2018- Интер Интер 1 (0)
Репрезентација
2011- Хрватска Хрватска 41 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

Шиме Врсаљко (роден на 10 јануари 1992) — хрватски фудбалер, играч од одбраната на Интер и хрватската репрезентација.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Неговата примарна позиција е десен бек, но тој лесно може да игра и како лев бек, што го прави многу разноврсен играч кој може да биде користен на неколку позиции.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

На заем во Локомотива[уреди | уреди извор]

Врсаљко ја започнал својата сениорска кариера во Динамо Загреб со позајмица во фидер тимот Локомотива, каде тој бил позајмен за сезоната 2009-10. Тој дебитирал за Локомотива во хрватската лига во меч против Риека на 26 јули 2009 година, на возраст од 17 години. Врсаљко започнал во секој еден од седумнаесет натпревари за Локомотива во 2009 година, притоа бил заменет само во една случај, на деведесет минути пред крајот. Тој се вратил во Динамо Загреб на 22 декември 2009 година пред тимот да оди на зимски одмор.

Динамо Загреб[уреди | уреди извор]

Врсаљко го одиграл својот прв натпревар за Динамо Загреб на 27 февруари 2010 против Кроатија Сесвете во Прва ХНЛ. Тој направи уште девет настапи до крајот на сезоната за Динамо Загреб, одигрувајќи вкупно 27 лигашки натпревари во текот на целата сезона. Исто така, забележал еден настап во полуфиналето на Хрватскиот куп.

Врсаљко ги пропушти првите натпревари на Динамо Загреб во сезоната 2010-2011, бидејќи беше повикан на меѓународни обврски со репрезентацијата на Хрватска до 19 години. Тој го направи своето прво појавување во сезоната на 31 јули во лигашки натпревар против Ријека која Динамо Загреб ја загуби со 2-1. Врсаљко потоа го направи своето деби во Европски натпревар, кога неговиот тим губи со 6-5 на пенали од молдавскиот Шериф Тираспол во квалификацииите за Лигата на шампионите. Во текот на август, тој е поврзан со трансфер во Олимпик Марсеј за сума од 4 милиони евра, но извршниот заменик-претседател на клубот Здравко Мимиќ ја одби понудата на францускиот клуб. На 29 август тој го постигна својот прв официјален гол за клубот во лигашки натпревар против Цибалија кога Динамо Загреб победи со 2-0.

Џенова[уреди | уреди извор]

На 12 јули 2013, Врсаљко и се приклучил на италијаската Џенова за обесштетување кое се верува дека изнесува околу 4 милиони . Тој дебитирал во Серија А во натпреварот Интер-Џенова 2-0.

Сасуоло[уреди | уреди извор]

На 23 јули 2014 бил купен од Сасуоло за сума од 3,5 милиони евра плус бонуси од 2 милиони евра.[1][2][3] Своето деби за нероверде Врсаљко го имал на 31 август 2014 во ремито 1-1 на домашен терен против Каљари , влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Никола Сансоне во 83-тата минута.[4] На 23 ноември 2014, Врсаљко бил асистент за победничкиот гол кој го постигнал Антонио Флоро Флорес во 87-мата минута, во успехот со 0-1 на гостувањето кај Торино.[5] Својата прва сезона во клубот ја завршил со вкупно 22 настапи (21 во лигата и еден во купот) без постигнат гол, но забележал 3 асистенции.

Во втората сезона во Сасуоло, Врсаљко бил клучна фигура во одбранбената линија на тренерот Еузебио Ди Франческо играјќи во 35 првенствени натпревари и помагајќи му на клубот да стигне до историското за нив 6-то место во Серија А на крајот од сезоната и пласман во квалификациите за Лига Европа следната сезона.[6][7]

Атлетико Мадрид[уреди | уреди извор]

На 5 јули 2016, Врсаљко потпишал петгодишен договор со шпанскиот Атлетико Мадрид, кој за трансферот му платил на Сасуоло 18 милиони евра.[8] Дебитирал на 17 септември во победата над Спортинг Хихон со 5-0.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Тој го доби својот прв повик за Фудбалска репрезентација на Хрватска на 2 ноември 2010 година за Евро 2012 квалификациите против Малта. Тој го направи дебито за репрезентацијата на 9 февруари 2011 во пријателски натпревар против Чешка.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 15 март 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
јун.-дек. 2009 Хрватска Локомотива Загреб 1.ХНЛ 17 0 КХ 0 0 - - - - - - 17 0
2009-2010 Хрватска Динамо Загреб 1.ХНЛ 10 0 КХ 1 0 - - - - - - 11 0
2010-2011 1.ХНЛ 16 1 КХ 0 0 ЛШ+ЛЕ 1+7 0+0 СХ 0 0 24 1
2011-2012 1.ХНЛ 22 0 КХ 2 0 ЛШ 8 0 - - - 32 0
2012-2013 1.ХНЛ 25 0 КХ 0 0 ЛШ 7 0 - - - 32 0
Вкупно Динамо Загреб 73 1 3 0 23 0 99 1
2013-2014 Италија Џенова А 22 0 КИ 1 0 - - - - - - 23 0
2014-2015 Италија Сасуоло А 21 0 КИ 1 0 - - - - - - 22 0
2015-2016 А 35 0 КИ 1 0 - - - - - - 36 0
Вкупно Сасуоло 36 0 2 0 - - - - 58 0
2016-2017 Шпанија Атлетико Мадрид ПД 13 0 КШ 6 1 ЛШ 5 0 - - - 24 1
Вкупно во кариерата 181 1 12 1 28 0 221 2

Титули[уреди | уреди извор]

Хрватска Динамо Загреб[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ufficiale: Sime Vrsaljko è un calciatore del Sassuolo Архивирано на 28 јули 2014 г. U.S. Sassuolo Calcio Official website (in Italian)
  2. U.S. Sassuolo Calcio S.r.l. bilancio (financial report and accounts) on 31 December 2014 (in Italian), PDF purchased from Italian C.C.I.A.A.
  3. U.S. Sassuolo Calcio S.r.l. bilancio (financial report and accounts) on 31 December 2015 (in Italian), PDF purchased from Italian C.C.I.A.A.
  4. „40 minuti da film per il Sassuolo, ma il gol di Sau rovina tutto. Finisce 1-1 con il Cagliari“. Архивирано од изворникот на 2017-04-09. Посетено на 2017-03-19.
  5. Torino-Sassuolo 0-1 soccerway.com 23 Nov 2014
  6. „Sassuolo in the Europa League“. Football Italia. 21 May 2016. Посетено на 5 July 2016.
  7. „Sassuolo: 'Italian success story'. Football Italia. 22 May 2016. Посетено на 5 July 2016.
  8. „Vrsaljko signs until 2021“. Atlético Madrid. 5 July 2016. Посетено на 5 July 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]