Прејди на содржината

Шеста македонска ударна бригада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шеста македонска ударна бригада
Активна6 септември 1944 – мај 1945
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Драгутин Ѓорѓевиќ - Алија

Шестата македонска ударна бригада била формирана на 6 септември 1944 на планината Славеј, близу до Струга. Била формирана од четири баталјони, со околу 1.500 борци, заедно со борците од составот на Дримколскиот народоослободителен партизански одред и борците на Охридско-струшка доолнителна ударна бригада.[1] Дел од борците на Првата македонска ударна бригада и Првата македонско-косовска ударна бригада влегле во оваа бригада, како и новодојдени борци.

Команден состав

[уреди | уреди извор]

Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]

Политички комесар:

Борбени дејства

[уреди | уреди извор]

Веднаш по формирањето бригадата се упатила кон Крушево за да го ослободи. На патот кон Крушево, водела борби кај караулата Трула, која била заземена, а потоа учествувала во ослободување на селото Цер. Потоау бригадата се упатила кон Пуста Река и Крушево. На 8 септември 1944 година заедно со Партизанскиот одред „Питу Гули“ влегле во Крушево без борбени акции, бидејќи бугарската војска веќе го напуштила градот.

На 10 септември 1944 година, по наредба на ГШ на НОВ и ПОМ бригадата тргнала на марш преку Букова Чешма, с. Пласница, с. Лисичани, с. Челопеци кон Бродско и Кичевско, каде имала задача да го штити реонот кон с. Зајас и другите села. На 12 септември, бригадата добила задача за напад на село Зајас. Ноќта на 13/14 септември 1944 година, бригадата се одготвувала да ги изненади балистичките сили предводени од Мефаил Шеху, но откако биле откриени, одлуката била да се одложи акцијата и да се продолжи кон с. Добреонец и с. Лавчани.

На 20 септември 1944 година штабот на бригадата бил преместен во с. Миокази. При формирањето на Четириесет и осмата дивизија на НОВЈ на 28 септември 1944 година, оваа бригада заедно со бригадите: Прва македонска ударна бригада, Петнаесетта македонска ударна бригада и Четврта македонска албанска бригада влегле во составот на дивизијата. Истиот ден бригадата имала жесток судир со балистите кај с. Карбуница. На 7 октомври добила задача да учествува во координираниот напад во реонот на Кичево. најжестоки борби бригадата водела кај село Шутови и с. Премка, по што во бригадата влегле нови борци, а еден баталјон на бригадата преминал во составот на Петнаесеттата македонска ударна бригада.

На 20 октомври 1944 година, бригадата била ставена под команда на Четириесет и втората дивизија на НОВЈ и го чистела подрачјето на Жеден и Сува Гора од балистичките сили. По борбите на Сува Гора, бригадата се повлекла во Самоков, каде на 9 ноември 1944 година формациски повторно се приклучила кон Четириесет и осмата дивизија на НОВЈ.

По заедничките борби за ослободувањето на Кичево и Гостиварско, продолжила да ги гони балистичките сили кон Гостивар, кој бил ослободен на 18 ноември 1944 година. Една од последните акции на оваа бригада е операцијата за апсење на Џемо Хаса, балистичкиот водач, што се случило во мај 1945 година, кај с. Врапчиште. На 15 јули 1945 година, бригадата влегла во состав на единиците на Народна одбрана.

Во текот на борбите од оваа бригада загинале 108 борци.[1]

Учесници и членови на бригадата

[уреди | уреди извор]

Шестата македонска ударна бригада била формирана во Дебрца на Славеј планина, на 6 септември 1944 година, во бригадата масовно земале учество партизани од Дебрца, потоа Кичевија, Железник, Порече, Дримкол, Малесија, Битолско, Мариово, Гостиварско, Преспа, Охридско, Струшко, Дебарско и Мијачија, од Дебрца биле најголемиот број на партизани во Шестата македонска ударна бригада, некои загинале во борбите, други биле повредени и преживеани, и тоа од:

  • Арбиново: Угрин Ангелоски, Трајан Андрески, Ванче Билоски, Дуко Војдиноски, Стојмир Ѓоргиевски, Ристо Ѓорески, Славе Ѓорески, Иван Иваноски, Наки Јолески, Сиљан Китановски, Трајче Коруноски, Лазар Крлески, Андрија Крстески, Васил Лазарески, Трајче Милошески, Онофрија Митрески, Цветко Мојсоски, Мицко Николоски, Темелко Петкоски, Вељан Софрески, Ристо Ставрески, Радомир Стрезоски, Цветан Стрезоски, Ефтим Стрезоски, Павле Стрезоски, Лазар Танески, Славе Танески, Славе Ташевски, Доне Филипоски и Мицко Филипоски.
  • Белчишта: Стојан Ангелоски, Анѓеле Блажески, Петко Василески, Симон Велевски, Крсте Гиноски, Блаже Гиноски, Дабе Ѓоршески, Блаже Гредоски, Славе Дилески, Славе Дојчиноски, Арсе Ѓорески, Голаб Ефтимоски, Наум Јанкулоски, Војче Јованоски, Петре Јованоски, Славе Јорданоски, Никола Колушински, Ѓоре Лавевски, Ристо Лавевски, Дејан Малкоски, Киро Митрески,Злате Митрески, Трифун Митрески, Богоја Митрески, Стојан Мицковски, Љубе Најдески, Боне Наумоски, Петре Наумоски, Борче Новевски, Климе Савески, Петре Стефаноски, Ристо Стојаноски, Стојан Стојкоски, Ристо Стојкоски, Љубе Сукоски, Борис Танески, Петре Танески, Сарафил Танески, Дафинче Танески, Алексо Танески, Леон Танески, Митре Трајчески, Петре Филипоски, Голоб Цветаноски, Блаже Целески и Богоја Целески.
  • Ботун: Трајко Митрески.
  • Велмеј: Љубе Аврамоски, Капун Ајдароски, Цветан Андрески, Вангел Андрески, Анѓеле Андрески, Стојан Ангелоски, Богдан Баулоски, Ристо Божиноски, Ламбе Вељаноски, Серафил Волчески, Голаб Голабоски, Јонче Грмашоски, Боро Грмашоски, Иван Грмашоски, Сиљан Грујоски, Билбил Грујоски, Кочо Дичоски, Димитрија Златески, Злате Илоски, Јонче Илоски, Коле Илоски, Наум Илоски, Смиле Илоски, Ило Илоски, Диме Илоски, Димче Илоски, Дојчин Илчески, Петре Илчески, Ристо Илчески, Смиле Јонески, Славе Јолески, Алексо Јоноски, Јонче Јосифоски, Тодор Костевски, Тодор Кузески, Ристо Кузманоски, Стојан Неделковски, Бошко Николовски, Ило Николоски, Ристо Николоски, Славе Николоски, Коле Нечески, Злате Новески, Крсте Павлески, Иван Пашоски, Јонче Пашоски, Ристо Пашоски, Тодор Пашоски, Борис Петрески, Лазар Попоски, Наум Попоски, Ристо Сиљаноски, Јонче Сошански,Богоја Ставрески, Митре Ставрески, Коле Србиноски, Крсте Стаматоски, Бимбил Станкоски, Крсте Станкоски, Борис Србиноски, Јонче Стефаноски, Анѓеле Сугарески, Давид Танаскоски, Јонче Темјаноски, Крсте Чутески, Богоја Шутески, Јонче Шутески и Крсте Шутески.
  • Врбјани: Киро Алексоски, Милосав Ангелоски, Анѓеле Ангелоски, Андон Андоноски, Ванчо Билбилоски, Злате Блажески, Наум Блажески, Зоре Божиноски, Аспарух Гаврилоски, Вело Донески, Никола Ѓоргиоски, Донче Ѓурчиноски, Змејко Змејкоски, Страхил Илиевски, Ване Илиевски, Исо Исијаноски, Мијајле Јанкулоски, Стојан Јаковчев, Мицко Јованоски, Круме Јовчески, Методија Јоноски, Цветко Јорданоски, Мирче Калајџиески, Ѓоргија Каспароски, Јонче Ковачески, Добре Костески, Климе Крстаноски, Цветан Крстаноски, Ване Крстески, Трене Максимоски, Драган Матески, Дабе Митески, Петре Муратоски, Миленко Николоски, Никола Наумоски, Динго Петрески, Ристе Петрески, Никола Попоски, Страиле Попоски, Унуфрија Попоски, Вељан Ристески, Рафајле Ристески, Дичо Савески, Мито Савески, Јонче Серафимоски, Смиле Смилески, Ристо Стојаноски, Динго Стојаноски, Темелко Танаскоски, Стојче Темелкоски и Михаило Цветаноски.
  • Годивје: Сандре Ангелоски, Илија Блажески, Иван Вељаноски, Петре Герасимоски, Рафајле Димоски, Дојчин Дојчиноски, Нестор Јаковчески, Павле Јаковчески, Кирко Јанкоски, Павле Јолески, Љубе Крстески, Крсте Најдески, Науме Нешкоски, Темелко Николоски, Стојан Николоски, Злате Новески, Трајан Павлески, Ѓоргија Петрески, Митре Попаѓоски, Јонче Попоски, Сокол Попоски, Митушко Савески, Петре Секулоски, Крсте Симоноски, Танче Симоноски и Трајан Сколоски.
  • Горно Средоречие: Иван Вељаноски, Стефан Илиоски, Бошко Марковски, Богдан Маркоски, Димко Маркоски, Тримче Настовски, Никола Наумоски, Ристо Павлески, Трене Секулоски, Китан Симоноски, Славко Стефаноски, Киро Стефаноски и Стојан Трпевски.
  • Долно Средоречие: Ките Серафимоски, Јордан Сиљаноски, Славе Сиљаноски, Голаб Сиљаноски, Никодин Целески, Петре Цилковски, Ристо Целески и Ките Циханоски.
  • Злести: Дејан Вељаноски, Димитрија Ѓорески, Андом Сиљаноски и Крсте Трифуноски .
  • Издеглавје: Иван Гаврилоски, Трајан Глигороски, Крсте Димоски, Спасе Димоски, Лазар Димоски, Венче Јаќимоски, Ананија Милески, Косте Милески, Љубе Наневски, Лазар Наневски, Арсе Николоски, Ванчо Пауноски, Ристо Ристески, Богатин Србиноски, Богоја Србиноски, Темелко Србиноски, Кочо Тасески, Крсте Тимоски, Милан Трпески, Ристо Целески и Димитрија Шулески.
  • Лактиње: Димче Алексоски, Коста Анастасоски, Коста Вељаноски, Никола Вељаноски, Стојмир Војнески, Трајче Јанкулоски, Никола Камбероски, Лазар Најдески, Илија Нически, Војне Митрески, Темелко Ристески, Темелко Савески, Томе Сиљаноски, Спиро Симјаноски, Леон Симоноски, Јордан Смилески, Ристо Србиноски, Ѓорги Стојаноски, Миле Тренески, Ристо Тренески и Робе Цветаноски.
  • Лешани: Цветко Аврамоски, Алексо Апостолоски, Стеван Банароски, Коле Блажески, Наум Блажески, Алексо Влаовски, Кочо Војдиноски, Благоја Грозданоски, Крсте Грозданоски, Ристо Димоски, Трајан Донески, Ило Дулески, Живко Ѓоревски, Вангел Зарчески, Јонче Иваноски, Јонче Илоски, Ило Јанкулоски, Петар Јанкулоски, Сандре Јанкулоски, Славе Јанкулоски, Кирјан Јанески, Трајан Јовевски, Стојан Јолески, Трајче Јолески, Цветан Китановски, Сандре Китаноски, Темелко Којчиноски, Борис Милески, Голаб Милошески, Павле Милошески, Сандре Милошески, Славе Милошески, Коле Митрески, Тодор Митрески, Сандре Митаноски, Алексо Михајлоски, Ламбе Мучоски, Горјан Мучоски, Климе Наумоски, Мирко Наумоски, Петре Наумоски, Сандре Наумоски, Богоја Наумоски, Ристо Наумоски, Цветко Наумоски, Методија Наумоски, Робе Нечкоски, Спасе Николоски, Петре Николоски, Дабе Огненовски, Дафинче Огненовски, Васил Поповски, Димко Попоски, Тренко Секулоски, Цветан Секулоски, Апостол Сиљаноски, Ѓуро Сиљаноски, Јонче Сиљаноски, Алексо Сиљаноски, Танаско Сиљаноски, Грозде Сиљаноски, Јонче Симоноски, Тодор Спасески, Цветан Сулоски, Петре Трајкоски, Ристо Трајкоски, Цветан Трифуноски, Павле Цветаноски и Павле Цветкоски.
  • Мраморец: Арсе Апостолоски, Атанас Апостолоски, Арсо Андоноски, Димо Дукоски, Ефто Јанески, Цветко Јованоски, Вељан Кипроски, Мате Матевски, Вељан Мирчески, Спиро Мирчески, Цветан Митрески, Јон Никодиноски, Арсе Ристески, Димитрија Ристески, Цене Ристески, Спиро Симоноски, Тренко Смилески и Мино Спасески.
  • Ново Село: Јонче Алексоски, Драган Блажески, Љубе Вељаноски, Темелко Вељаноски, Јордан Јанески, Ристо Јорданоски, Коле Петрески, Филип Сиљаноски, Ѓоргија Стојаноски, Петре Стојаноски, Стојан Стојаноски, Ѓорги Танески, Ристо Танески, Тане Танески, Иван Тренески и Цветко Тренески.
  • Оздолени: Бошко Богоевски, Блаже Гаврилоски, Лазо Гаврилоски, Љубе Гаврилоски, Ристо Гаврилоски, Трајче Гаврилоски, Климе Глигуроски, Ристо Доневски, Ристо Ѓоргоски, Танаско Ѓоргоски, Христо Маркоски, Ѓоре Маркоски, Мијо Мијовски, Павле Милески, Никола Перушоски, Стојан Пројкоски, Смиле Смилески, Бошко Стефановски, Трајанка Стефановска, Јонче Струмоски, Разме Тодороски, Ѓоре Трпески, Ристо Трпески, Трајан Трпески, Стојмир Ценески, Климе Шишкоски и Ванчо Шулески.
  • Песочани: Косте Алексоски, Момчула Ангелоски, Јордан Балтакоски, Јонче Божиноски, Алексо Дојчиноски, Славе Дукоски, Стојмир Ѓуроски, Павле Лазарески, Лиман Лиманоски, Милан Милановски, Цветан Наумоски, Момчула Петкоски, Наум Петрески, Јордан Ристески, Тане Србиноски и Дејан Цветаноски.
  • Слатино: Трајан Божиноски, Петруш Вељаноски, Ристо Вељаноски, Петре Гически, Јордан Голчески, Нове Ѓоршевски, Иван Јанески, Ѓоре Јанкулоски, Стојмир Караѓулески, Климе Караѓулески, Диме Кически, Доне Колоски, Јонче Лозаноски, Живко Маркоски, Ристо Маркоски, Петар Наумоски, Симјан Пантоски, Темелко Пројкоски, Љубе Ратајкоски, Ѓорче Ристески, Злате Савески, Данајл Стојкоски, Јордан Стојкоски, Петре Стојкоски, Темелко Темелкоски, Ѓорги Толоманоски, Крсте Тутунарески, Радован Угриноски, Танаско Угриноски, Јонче Филипоски, Јордан Филипоски, Никола Црвенкоски, Спиро Црвенкоски, Темелко Чеканчески и Славе Шипинкоски.
  • Слатински Чифлик: Крсте Илоски, Вељан Китевски, Војдин Китевски, Злате Петрески и Величе Смилески.
  • Сливово: Петре Вељаноски, Ристо Вељаноски, Драган Најдоски, Драган Нацкоски, Ристо Ристески, Трајан Ристески, Танаско Трајкоски, Стојан Цветаноски, Драгољуб Цветаноски и Стојан Шопакоски.
  • Сошани: Цветан Илоски, Методија Петрески, Василко Петрески, Воислав Петрески, Спиро Тодороски, Трајче Тодороски и Нове Трпески.
  • Турје: Насте Вељаноски, Милан Илиевски, Змејко Костадиноски, Стојко Костовски, Ѓорги Најдески, Стојко Најдески, Стојан Петрески, Климе Трајчевски и Ѓоргија Филипоски.
  • Црвена Вода: Гаврил Белески, Митре Дојчиноски, Никола Ѓоревски, Никола Ѓуровски, Јонче Иваноски, Петре Митаноски, Стојмир Петрески, Јордан Постолоски, Ристо Ристески, Митре Сиљаноски, Ристо Симјаноски, Гаврил Симоноски, Вељан Србиноски, Вангел Србиноски, Митре Србиноски, Србин Србиноски, Стојан Тренкоски и Миленко Тренески.[2]
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​102-107
  2. Зборник: Шеста македонска бригада. Скопје. 1998.