Тикал
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | мешан: i, iii, iv, ix, x |
Навод | 64 |
Запис | 1979 (III заседание) |
Тикал (мајански: Tik’al) — едно од најголемите археолошки наоѓалишта на мајанската цивилизација, воедно и еден од најголеми поранешни мајански градови. Наоѓалиштето лежи во басенот Петен, во департманот Ел Петен во северна Гватемала. Тикал е дел од поголемиот „Национален парк Тикал“ и во 1979 година наоѓалиштето станало дел од Светското културно наследство на УНЕСКО.[1]
Тикал бил главен град и најголем центар на едно од најмоќните мајански кралства.[2] Иако архитектурата на наоѓалиштето датира од IV век п.н.е., својот подем Тикал го забележал во класичниот мајански период од 200 до 900 година. За време на овој период, Тикал бил доминантен во поголемиот мајански политички, економски и воен живот и имал контакти со останати средноамерикански кралства како на пример Теотивакан. Постои доказ дека Тикал во еден период бил освоен од Теотивакан во IV век.[3] Со истекот на доцниот класичен мајански период нови градби и монументи биле изградени во Тикал и постојат докази дека дел од палатите биле изгорени. Овие настани резултирале со намалување на населението за да во X век градот бил целосно напуштен. Тикал е еден од најдобро запознаените, проучени и разбрани мајански наоѓалишта со долг список на владетели, споменици и палати.[4]
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Името „Тикал“ најверојатно потекнува од мајанскиот збор „ти акал“ („ti ak'al“) и се верува дека овој назив е релативно нов што во превод значи „на водната дупка“. Ова име е тесно сврзано со еден од античките резервоари на вода кој го дале разни патници и ловци од тој регион.[5] Покрај ова значење, се верува дека има и останати значења на поимот како на пример „место на гласови“ и ова толкување потекнува од ица јазикот. Како и да е, името на градот, Тикал, не е стариот назив на наоѓалиштето туку назив кој бил доделен веднаш по неговото откривање во 1840 година.[6]
Според мајанските натписи во наоѓалиштето, Тикал се именува како „Јаш Мутал“ или „Јаш Мутул“ што значи „прв Мутал“.[5] Целото кралство каде Тикал бил главен град е познато како „Мутул“[7] Точното значење на зборот не е познато, но истиот назив значи „снопче од коса“ и се поврзува со реповите на кралевите кои владееле со Тикал.
Историја
[уреди | уреди извор]Предкласичен период
[уреди | уреди извор]Во наоѓалиштето лежиат траги на рано земјоделство кои датираат уште од 1000 п.н.е.[8] Главните конструкции во Тикал биле започнати уште во доцниот предкласичен период, односно во периодот од 400 до 300 п.н.е. Меѓу овие рани конструкции се вбројуваат и пирамидите и платформите.[8][9] Во овој период Тикал учествувал во проширување на чиканелската култура која доминирала во централните и северни мајански предели, односно регионот од Јукатан до Белиз.[10]
Во I век, Тикал започнал да зазема поголема политичка и културна моќ, период кога силните соседски градови започнале да се распаѓаат.[8] На крајот на доцниот пред-класичен период, Тикал бил под силно влијание од архитектонскиот и уметничкиот стил на Изапа.[11]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Најблиски денешни населени места до Тикал се Флорес и Санта Елена и се околу 64 километри југозападно од наоѓалиштето.[12] Од Гватемала, Тикал е оддалечен 303 километри, 19 километри јужно од денешниот мајански град Уашактун, 30 километри северозападно од Јашха[5][13], 100 километри југоисточно од стариот соперник Калакмул и 85 километри од Каракол, кој денес е во Белиз.[14]
Целото наоѓалиште е забележано на карта и има вкупна површина од 16 км2 каде се наоѓаат околу 3000 градби.[15] Околината на градот е составена од варвонички висорамнини, каде во долината се наоѓаат мочурливи површини. Целиот град и околината се заштитени од гвателамските власти и го сочинуваат „Националниот парк Тикал“ кој има вкупна површина од 570 км2.[16]
Тикал се наоѓа во тропска шума во северна Гватемала каде е и лулката на низинската мајанска цивилизација. Самиот град се наоѓа на плодна почва и поради тоа најверојатно имало развиен трговски пат кон Јукатан.[17] Пределот е богат со капоково дрво кое е и свето дрво за Маите, потоа има тропски кедар и хондураска махагонија. Целиот предел со векови бил зашумен, сè до повторното откривање. Просечните годишни врнежи во Тикал се 1945 милиметри.[18]
Иако Тикал бил еден од најголемите мајански градови, самиот град водата за пиење ја снабдувал преку врнежите и со градење на резервоари. Со модерните археолошки ископувања се откриле ваквите мајански резервоари за собрирање вода. Во околината нема природни извори на вода, поголеми реки или природни езера. Градот опстојувал од земјоделството. Врнежите биле од исклучиво значење за земјодеството и биле главен извор за наводнување. Поради непостоењето на природни водени површини, сушите во пределот биле катастрофални што најверојатно довеле до падот на класичниот мајански период.
Население
[уреди | уреди извор]За населението на Тикал се проценува дека изнесувало од 10.000 до 90.000 жители, каде најверојатно бројот бил поблиску до поголемата бројка.[15] Поради слабата пристнуст на природен сол во регионот, се проценува дека Тикал морал да увезува 131 тон сол секоја година што се споредува со население од 45.000.[19]
Населението на Тикал започнало да се зголемува уште од предкласичниот мајански период, односно од 2000 п.н.е. до 200 година, кога својот најголем демографски подем е забележан во доцниот мајански период. Населението забрзано се зголемувало од 700 година па сè до 830 година, што следел голем демографски пад. Според проценките за населението и според проценките за површината на градот, густината на население на Тикал изнесувало околу 517 жители на километар квадратен. Оваа густина се зголемува ако се земе предвид и самата околина на градот.
Владетели
[уреди | уреди извор]Династијата на Тикал била основана уште од I век и владеела со кралството околу 800 години и била составена од најмалку 33 кралеви.[20]
име прекар[21][22] |
период | династија редослед на владеење |
алтернативно име | ||
---|---|---|---|---|---|
Јаш Ехб Шок | околу 90 г. | 1 | Јаш Моч Шок, Јаш Чактел Шок[23] | ||
Разлитен Јагуар | околу 292 г. | ? | – | ||
Животинска Капа | ? | 10 ? | Кинич Ехб ? | ||
Сииах Чан Кавил I | околу 307 г. | 11 | – | ||
Дама Уне Балам | околу 317 г. | 12 ? | – | ||
Кинич Муван Хол I | ? –359 | 13 | Манкина Птичју Череп, Пердувест Череп | ||
Чак Ток Ичак I | 360–378 | 14 | Јагуарска Шепа, Голема Шепа, Голема Јагуарска Шепа | ||
Јаш Нун Ајин I | 379 –404 ? | 15 | Извиткана Муцка, Извиткан Нос | ||
Сијан Чан Кавил II | 411–456 | 16 | Бурно Нео | ||
Кан Читам | 458 – околу 486 | 17 | Кан Боат, Кан Ак | ||
Чак Ток Ичак II | околу 486–508 | 18 | Јагуарска Шепа II | ||
Дамата од Тикал | Каомте Балам | околу 511 – 527+ | 19 | Свиткана Глава | |
Птичја Канџа | ? | 20 ? | Животински Череп I | ||
Вак Чан Кавил | 537 ? – 562 | 21 | Двојна Птица | ||
Животински Череп | околу 593–628 | 22 | – | ||
Кинич Муван Хол II | околу 628 – 650 | 23 или 24 | – | ||
Нун Ухол Чак | околу 650 – 679 | 25 | Череп-штит, Нун Бак Чак | ||
Хасав Чан Кавил I | 682 – 734 | 26 | Владетел А, Ах Какако | ||
Јукин Чан Кавил | 734 – околу 766 | 27 | Владетел Б, Јашкин Кан Чак, Сончев небесен дожд | ||
Владетел 28 | околу 766 – 768 | 28 | – | ||
Јаш Нун Ајин II | 768 – околу 794 | 29 | – | ||
Нун Ухол Кинич | околу 800? | 30? | – | ||
Темно Сонце | – 810+ | 31? | – | ||
Хевел Кавил | – 849+ | ? | – | ||
Хасав Чан Кавил II | –869+ | ? | – |
Наоѓалиште
[уреди | уреди извор]Владата на Гватемала и Универзитетот од Пенсилванија делумно го обновиле наоѓалиштето. Тој бил еден од најголемите мајански градови од класичниот мајански период и воедно едно од најголемите наоѓалишта во Америка. Архитектурата на стариот град била изградена од варовник и вклучува остатоци од храмови кои се високи и по 70 метри, големи кралски палати и помали пирамиди, палати, куќи, административни згради, платформи и камени споменици.[24][25] Исто така постои и зграда која наликува на затвор, која имала дрвени решетки на прозорите и вратите. Во наоѓалиштето може да се најдат седум игралишта за познатата мајанска игра со топка.
Варовникот кој се користел за изградба на градот бил од локално потекло и се ископувал во непосредната близина на градот. Дупките кои биле создадени при ископувањето на варовникот биле користени како резервоари за вода, покрај природните резервоари на свежа вода кои ги користеле Маите. Главниот плоштад бил покриен со штукатура.[26]
Површината погодна за живеење на Тикал изнесувала околу 60 км2, од кој голем дел не е исчистена, забележана на карта и ископана. Површината околу самиот град е добро забележана на карта и најверојатно имала површина од 125 км2. Како што веќе наведовме, населението на Тикал се движело од 10.000 до 90.000 во градското подрачје, а со околината дури до 425.000 жители.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ UNESCO World Heritage Centre.
- ↑ Sharer & Traxler 2006, стр јануари Hammond 2000, стр. 233.
- ↑ Martin & Grube 2008, стр. 29–32.
- ↑ Adams 2000, стр. 34.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Martin & Grube 2000, стр. 30.
- ↑ Drew 1999, стр. 136.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Webster 2002, стр. 262.
- ↑ Coe 1999, стр. 73.
- ↑ Coe 1999, стр. 73, 80.
- ↑ Coe 1999, стр. 78.
- ↑ Kelly 1996, стр. 111–2.
- ↑ Webster 2002, стр. 118.
- ↑ Webster 2002, стр. 188, 192.
- ↑ 15,0 15,1 Coe 1999, стр. 104.
- ↑ Kelly 1996, стр. 140.
- ↑ Webster 2002, стр. 261.
- ↑ Webster 2002, стр. 239.
- ↑ Coe 1999, стр. 30.
- ↑ Martin & Grube 2000, стр. 25.
- ↑ Sharer & Traxler 2006, стр. 310-2
- ↑ Martin & Grube 2000 стр. 26-52.
- ↑ Drew 1999, стр. 187.
- ↑ Drew 1999, стр. 183.
- ↑ Drew 1999, стр. 186.
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Adams, Richard E.W. (2000). „Introduction to a Survey of the Native Prehistoric Cultures of Mesoamerica“. Во Richard E.W. Adams and Murdo J. Macleod (eds.) (уред.). The Cambridge History of the Native Peoples of the Americas, Vol. II: Mesoamerica, part 1. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 1–44. ISBN 0-521-35165-0. OCLC 33359444.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на уредници (link)
- Andrews, E. Wyllys; and William L. Fash (2005). „Issues in Copán Archaeology“. Во E. Wyllys Andrews and William L. Fash (eds.) (уред.). Copán: The History of an Ancient Maya Kingdom. Santa Fe and Oxford: School of American Research Press and James Currey Ltd. стр. 395–425. ISBN 0-85255-981-X. OCLC 56194789.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на уредници (link)
- Banco de Guatemala. „Monedas“. Banco de Guatemala. Архивирано од изворникот на 2016-08-17. Посетено на 2009-11-13. (шпански)
- Coe, Michael D. (1999). The Maya. Ancient peoples and places series (6 edition, fully revised and expanded. изд.). London and New York: Thames & Hudson. ISBN 0-500-28066-5. OCLC 59432778.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Coe, William R. (1967, 1988). Tikal: Guía de las Antiguas Ruinas Mayas. Guatemala: Piedra Santa. ISBN 84-8377-246-9. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (шпански) - Drew,David (1999). The Lost Chronicles of the Mayan Kings. Los Angeles: University of California Press.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Fash, William L.; and Ricardo Agurcia Fasquelle (2005). „Contributions and Controversies in the Archaeology and History of Copán“. Во E. Wyllys Andrews and William L. Fash (eds.) (уред.). Copán: The History of an Ancient Maya Kingdom. Santa Fe and Oxford: School of American Research Press and James Currey Ltd. стр. 3–32. ISBN 0-85255-981-X. OCLC 56194789.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на уредници (link)
- Gill, Richardson B. (2000). The Great Maya Droughts: Water, Life, and Death. Albuquerque: University of New Mexico Press. ISBN 0-826-32194-1. OCLC 43567384.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Hammond, Norman (2000). „The Maya Lowlands: Pioneer Farmers to Merchant Princes“. Во Richard E.W. Adams and Murdo J. Macleod (eds.) (уред.). The Cambridge History of the Native Peoples of the Americas, Vol. II: Mesoamerica, part 1. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 197–249. ISBN 0-521-35165-0. OCLC 33359444.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на уредници (link)
- Harrison, Peter D. (2006). „Maya Architecture at Tikal“. Во Nikolai Grube (ed.) (уред.). Maya: Divine Kings of the Rain Forest. Eva Eggebrecht and Matthias Seidel (assistant eds.). Köln: Könemann. стр. 218–231. ISBN 3-8331-1957-8. OCLC 71165439.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на уредници (link)
- Kelly, Joyce (1996). An Archaeological Guide to Northern Central America: Belize, Guatemala, Honduras, and El Salvador. Norman: University of Oklahoma Press. ISBN 0-8061-2858-5. OCLC 34658843.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Kerr, Justin (n.d.). „A Precolumbian Portfolio“ (online database). FAMSI Research Materials. Foundation for the Advancement of Mesoamerican Studies, Inc. Посетено на 2007-06-13.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Looper, Matthew G. (1999). „New Perspectives on the Late Classic Political History of Quirigua, Guatemala“. Ancient Mesoamerica. Cambridge and New York: Cambridge University Press. 10 (2): 263–280. ISSN 0956-5361. OCLC 86542758.
|access-date=
бара|url=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - Looper, Matthew G. (2003). Lightning Warrior: Maya Art and Kingship at Quirigua. Linda Schele series in Maya and pre-Columbian studies. Austin: University of Texas Press. ISBN 0-292-70556-5. OCLC 52208614.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Martin, Simon; and Nikolai Grube (2000). Chronicle of the Maya Kings and Queens: Deciphering the Dynasties of the Ancient Maya. London and New York: Thames & Hudson. ISBN 0-500-05103-8. OCLC 47358325.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Martin, Simon; and Nikolai Grube (2008). Chronicle of the Maya Kings and Queens: Deciphering the Dynasties of the Ancient Maya (2 edn (revised). изд.). London and New York: Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-28726-2. OCLC 191753193.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Martínez, Horacio; David Webster; Jay Silverstein; Timothy Murtha; Kirk Straight and Irinna Montepeque (2004). „Reconocimiento en la periferia de Tikal: Los Terraplenes Norte, Oeste y Este, nuevas exploraciones y perspectivas“ (PDF). XVII Simposio de Investigaciones Arqueológicas en Guatemala, 2003 (edited by J.P. Laporte, B. Arroyo, H. Escobedo and H. Mejía). Museo Nacional de Arqueología y Etnología, Guatemala. стр. 635–641. Архивирано од изворникот (PDF online publication) на 2011-09-14. Посетено на 2009-06-24.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (шпански)
- Miller, Mary Ellen (1999). Maya Art and Architecture. London and New York: Thames & Hudson. ISBN 0-500-20327-X. OCLC 41659173.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Miller, Mary; and Karl Taube (1993). The Gods and Symbols of Ancient Mexico and the Maya: An Illustrated Dictionary of Mesoamerican Religion. London: Thames & Hudson. ISBN 0-500-05068-6. OCLC 27667317.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Salisbury, David; Mimi Koumenalis, and Barbara Moffett (19 септември 2002). „Newly revealed hieroglyphs tell story of superpower conflict in the Maya world“ (PDF). Exploration: the online research journal of Vanderbilt University. Nashville, TN: Vanderbilt University Office of Science and Research Communications. OCLC 50324967. Архивирано од изворникот (PDF online publication) на 2014-11-02. Посетено на 2009-09-22.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: датум и година (link)
- Schele, Linda; and Peter Mathews (1999). The Code of Kings: The language of seven Maya temples and tombs. New York: Simon & Schuster. ISBN 978-0-684-85209-6. OCLC 41423034.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Sharer, Robert J.; with Loa P. Traxler (2006). The Ancient Maya (6, fully revised. изд.). Stanford, CA: Stanford University Press. ISBN 0-8047-4817-9. OCLC 57577446.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- StarWars.com. „Star Wars: Episode IV A New Hope“. Lucasfilm Ltd. Посетено на 2009-11-13.
- Torres, Estuardo. „Parque Nacional Tikal“. Ministerio de Cultura y Deportes. Архивирано од изворникот на 2009-05-29. Посетено на 2009-11-14.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (шпански)
- UNESCO World Heritage Centre. „Tikal National Park“. UNESCO World Heritage Centre. Посетено на 2009-11-13.
- Valdés, Juan Antonio; and Fahsen, Federico (2005). „Disaster in Sight: The Terminal Classic at Tikal and Uaxactun“. Во Arthur A. Demarest, Prudence M. Rice and Don S. Rice (eds.) (уред.). The Terminal Classic in the Maya lowlands: Collapse, transition, and transformation. Boulder: University Press of Colorado. стр. 162–194. ISBN 0-87081-822-8. OCLC 61719499.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на уредници (link)
- Webster, David L. (2002). The Fall of the Ancient Maya: Solving the Mystery of the Maya Collapse. London: Thames & Hudson. ISBN 0-500-05113-5. OCLC 48753878.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Тикал“ на Ризницата ? |
- Список на владетели на Тикал Архивирано на 19 февруари 2011 г.
- Археологија и архитектура на Тикал. Архивирано на 28 мај 2010 г.
- Флора и фауна во Националниот парк Тикал. Архивирано на 28 мај 2010 г.
- Официјално мрежно место на Националниот парк Тикал (шпански)
- Дигитална архива на Тикал Архивирано на 30 септември 2008 г.
- Опис на паркот и галерија на фотографии. Архивирано на 24 септември 2010 г.
- Историја на откривањето на градот и археолошките ископувања во Тикал
- Тикал на страницата на УНЕСКО
- Виртуелна тура низ Тикал Архивирано на 11 јануари 2010 г.
17°13′19″N 89°37′22″W / 17.22194° СГШ; 89.62278° ЗГД
|