Архитектура е вештина на изработување нацрти и обликување на градби која стои и како уметност и како наука. Самиот производ, градбите, вклучувајќи ја и внатрешноста на градбите, исто така претставуваат архитектура. Бидејќи под архитектура може да се подразбере секоја градба, група на градби или дел од градбата, видокругот на архитектурата е широк и вклучува нацрти и обликување на мебел, внатрешна архитектура, на згради, архитектура, на дворови, паркови и предели, пределна архитектура, на градови, урбанистичко планирање, и региони, просторно планирање.
Зборот архитектура потекнува од старогрчкиот збор архитектон (αρχιτεκτων) што значи главен мајстор (αρχι=главен и τεκτων=мајстор, градежник).
Прочитајте повеќе
Камин — архитектонски елемент кој се состои од место во кое се наоѓа оган, обично за огрев но понекогаш и за готвење. Местото во кое седи оганот се нарекува ложиште; за издув на гасови се користи оџак или друг пламеник. Додека највеќето камини се направени за соби, има и т.н. надворешни камини за вечерна топлина, готвење на отворено или за украсни цели.
Во поладниклими низ светот, каминот или огништето отсекогаш биле централен елемент во домаќинствата, бидејќи на луѓето им дава топлина и опстанок низ зимата. Чувството на директна топлина, како и хипнотичните јазици на дрвениот оган, даваат пријатна атмосфера во ладни услови и денес. Прочитајте повеќе
Забранет град — царска палата за време на династиите Минг и Чинг. Сместена е во центарот на стариот град Пекинг. Денес е познат како музеј-палата (кинески: 故宫博物院, пин-јин: Gùgōng Bówùyùan), и комплексот зафаќа површина од 720,000 m², 800 објекти со 8.000 простории. Како таков, тој според УНЕСКО важи за најголемата збирка на зачувани стари дрвени градби во светот, и бил прогласен за Светско наследство во 1987 како „Царска палата на династиите Минг и Чинг“. Дворецот се наоѓа северно во непосредна близина на плоштадот Тјананмен и во него може да се влезе преку портата Тјананмен. Неговото опкружување се нарекува Царски град.
Иако во него повеќе не живее царското семејство, Забранетиот град е симбол на кинеската државност и сликата на главната порта стои на амблемот на НР Кина. Музејот во него е една од најголемите туристички атракции во светот. Во последно време се одвиваат многу реновации кои го имаат ограничено пристапот на неколку внатрешни дворишта и градини. Прочитајте повеќе
Марко Витрувиј Полион (о. 80-70 п.н.е — ?) — римскиписател, архитект и инженер, кој работел во 1 век п.н.е. За неговиот живот се знае многу малку. Дури и неговото име и средно име не се сигурни. Тие се спомнуваат само од Кетиј Фавентин. Речиси сите податоци за неговиот живот се изведени од неговите дела.
Роден е како слободен римски граѓанин во Кампанија. Се мисли дека служел во римската војска во Шпанија и Галија под водство на Јулиј Цезар. Таму веројатно тој бил еден од воените инженери, кои конструирале опсадна машинерија. Во подоцнежните години тој бил вработен од неговиот спонзор, царот Октавијан Август, и се здобил со пензија до крајот на својот живот. Годината на неговата смрт не е позната, што значи дека Витрувиј не бил многу славен во своето време. Прочитајте повеќе
... дека растојанието меѓу двете потпори на еден свод во готската и единица за мерење на растојанието на врамнувањето во рамките на една фасада во класичната архитектура се нарекува дорат?
... дека преминот со покрив кој се потпира на столбови се нарекува портик?
... дека светилникот во Александтрија е составен од три дела кои претставуваат три геометриски фигури, меѓу ко долниот дел е четириаголна призма, средниот е шестаголна призма и горниот цилиндар?