Давор Шукер
Давор Шукер | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 јануари 1968 | ||
Роден во | Осиек, СФРЈ | ||
Висина | м | 1,83||
Позиција | напаѓач | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1984–1989 | Осиек | 91 | (40) |
1989-1991 | Динамо Загреб | 60 | (34) |
1991–1996 | Севиља | 153 | (76) |
1996-1999 | Реал Мадрид | 86 | (38) |
1999-2000 | Арсенал | 22 | (8) |
2000-2001 | Вест Хем Јунајтед | 11 | (2) |
2001-2003 | Минхен 1860 | 25 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
1991-2002 | Хрватска | 69 | (45) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Давор Шукер (роден на 1 јануари 1968) - хрватски фудбалер и претседател на Хрватската фудбалска федерација. Тој играл како напаѓач во голем број на европски клубови како и за хрватската репрезентација, каде што е најдобар стрелец на сите времиња, со постигнати 45 гола.
Шукер е роден во Осиек, но неговите родители дошле таму од селото Лиштани во општината Ливно. Шукер ја започнал својата фудбалска кариера во неговиот роден град, играјќи за локалниот тим Осиек во првата дивизија уште на 16-годишна возраст. Во текот на неговата последна сезона во клубот, тој станал топ-стрелец во лигата. Тој потпишал за поголем клуб, доаѓајќи во Динамо Загреб во 1989 година. Хрватската војна за независност ја прекинала ветувачката сезона за тогашниот 21-годишен напаѓач, а на крајот тоа резултирало со трансфер на Шукер во Севиља во 1991 година.
Во Ла Лига Шукер бил високо ценет, покажувајќи константна форма во Севиља и бил меѓу најдобрите стрелци во лигата неколку последователни сезони. Тој потпишал за Реал Мадрид 5 години подоцна, и повторно бил меѓу водечките стрелци во лигата, со кој му помогнал на Реал да го освои насловот во Ла Лига, трофејот во Суперкупот и да победи во Лигата на шампионите за време на неговиот престој таму.
Неговиот трансфер во Арсенал се покажал како целосно разочарување, така што тој само повремено ја пронаоѓал неговата смртоносна форма за постигнување голови. Тој се истакнал себеси во Арсенал за време на Купот на УЕФА 2000-тата, но во финалето против Галатасарај тој бил еден од двајцата играчи на топчиите кои промашиле во пенал-рулетот. Тој ја заклучил својата кариера со кратки периоди во Вест Хем Јунајтед и во германскиот Минхен 1860.
Најславните денови во кариерата на Шукер биле за време на Светското првенство 1998 во Франција, каде што тој станал топ стрелец и ја освоил златната копачка со постигнати 6 гола во 7 натпревари и исто така бил добитник на сребрена топка како втор најдобар играч на турнирот (зад Роналдо). Неговиот уникален завршен удар им помогнал на хрватите изненадувачки да го освојат третото место, изненадувајќи ја силната Холандија (во натпреварот за третото место), во нивното деби на Светскотите првенства како независна држава. Хрватска не загубила ниту еден натпревар во кој Шукер постигна гол пред полуфиналето каде тие биле поразени од подоцнежниот шампион Франција.
Шукер, исто така, се наоѓа и на списокот на ФИФА на кој се наоѓаат 125 најголеми фудбалери, како единствениот Хрват.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почеток на кариерата
[уреди | уреди извор]Шукер почнал да игра фудбал во неговиот роден град Осиек во клубот НК Осиек, каде што играл за првиот тим во периодот меѓу 1984 и 1989 година. Тој потоа се преселил во Динамо Загреб, каде што тој ги поминал следните две сезони и постигнал 34 гола во 60 натпревари во Југословенската Прва лига. Во 1991 година, тој се преселил во шпанската Севиља, откако претходно тој го заработил својот прв повик во репрезентацијата на Југославија.
Севиља и Реал Мадрид
[уреди | уреди извор]Шукер го направил своето деби во Примера Дивисион за Севиља на 17 ноември 1991 година, влегувајќи од клупата за резерви како замена во последните минути на нивното гостување кај Еспањол што завршило 1-1. Во следниот натпревар, на домашен терен против Реал Сосиедад, тој го направил своето прво појавување во почетниот тим и постигнал два гола за да му обезбеди бод на неговиот клуб откако натпреварот завршил 2-2. Тој ја завршил неговата прва сезона во Севиља со 6 гола во 22 настапи, но во следната сезона тој го подобрил својот скор до 13 гола во 33 натпревари. Особено успешен за него бил првиот натпревар на андалусијците во сезоната, гостувањето кај Албасете, кога тој го постигнал својот прв хет-трик во Примера и му помогнал на неговиот клуб да стигне до победа на домашен терен со 4-3.
Во сезоната 1993-1994, тој се претворил во еден од најдобрите играчи во шпанското првенство и станал втор најдобар стрелец на лигата со 24 гола, шест помалку од ѕвездата на Барселона, Ромарио. Тој направил вкупно 34 настапи во лигата таа сезона и имал пет натпревари во кој постигнал по два гола и еден хет-трик. По ова, тој одиграл уште две сезони за Севиља, постигнувајќи 33 гола во 64 настапи во Примера. Тој, исто така, играл заедно со Диего Марадона во Севиља во тоа време (1992-1993).
Шукер направил трансфер во Реал Мадрид пред почетокот на сезоната 1996-1997, во која тој го повторил својот рекорд од постигнати 24 гола, само што тој направил 38 настапи таа сезона и бил трет на списокот на најдобрите стрелци во лигата, зад Роналдо од Барселона и Алфонсо Перес од Реал Бетис. Во текот на истата сезона, тој успеал да постигне три хет-трика во Примера и го водел Реал Мадрид до освојување на титулата во лигата. Заедно со црногорскиот напаѓач Предраг Мијатовиќ, кој потпишал со клубот истата сезона, тој формирал фатален тандем, кој будел страв во противничката одбрана и им го донел премногу долгочеканиот успех на Реал. Остварување на неговиот сон за освојување на големи трофеи продолжил следната сезона, кога тој ја освоил Лигата на шампионите со Реал Мадрид, иако тој одиграл само неколку минути во судиското продолжение од финалето против Јувентус. Во Примера, тој постигнал 10 гола во 29 настапи таа сезона. Во сезоната 1998-1999, неговата улога во Реал Мадрид се намалила во голема мера, и покрај фактот што тој бил фантастичен на Светското првенство 1998, кое му претходело на сезоната, но тој постигнал само 4 гола во 19 настапи за Реал во лигата. На крајот на сезоната, тој одлучил да го напушти клубот по три сезони поминати во Мадрид.
Неговата одлука да го напушти Реал Мадрид, исто така, го означила крајот на осум-сезони долгата кариера во Шпанија, во која завршил со вкупно 114 постигнати гола во 239 настапи.
Арсенал
[уреди | уреди извор]Пред почетокот на сезоната 1999-2000, Шукер одлучил да се пресели во англиската ФА Премиер лига и да потпише за Арсенал. Тој го направи своето лига деби на 22 август 1999 година во поразот со 2-1 на Арсенал од Манчестер Јунајтед на Хајбери, кога влегол како замена за да ги одигра последните 15 минути. Тој потоа одиграл уште два натпревари влегувајќи како замена пред конечно да го направи својот прв старт во победата со 3-1 на домашен терен над Астон Вила, каде што тој ги постигнал своите први два гола во Премиер лигата. Тој постигна 8 лигашки голови вклучувајќи три doubles, во 22 лигашки настапи за Арсенал пред да се пресели во Вест Хем Јунајтед за сезоната 2000-01. Со Арсенал, тој играл во финалето наУ ЕФА Купот 2000 година каде се појавил како замена во второто продолжение. Арсенал го загубил финалето од турскиот Галатасарај на пенали, а Шукер бил еден од двајцата фудбалери на Арсенал кој промашиле. Шукер, исто така, постигнал еден гол и во Лига купот против Мидлзборо и двапати во Лигата на Шампионите против АИК Солна (еднаш дома и еднаш на гости).
Вест Хем
[уреди | уреди извор]Во Вест Хем, тој никогаш не успеал да го пронајде своето место во првиот тим за подолг период и одиграл само 11 натпревари во Премиер лигата за клубот во текот на сезоната, и постигнал два гола против Манчестер Јунајтед и против Сандерленд. Тој, исто така, постигнал еден гол во Лига Купот против Блекбурн Роверс. Неговата кариера во Англија завршила со крајот на таа сезона и тој се преселил во Германија во тимот на Минхен 1860 за сезоната 2001-02.
1860 Минхен
[уреди | уреди извор]Во Минхен 1860, Шукер не успеал да го направи своето деби во Бундеслигата сè до 15 коло од сезоната на 1 декември 2001 година, кога тој ги одиграл сите 90 минути за клубот во победата дома со 1-0 над Енерџи Котбус. Својот прв гол за нив Шукер го постигнал во нивниот прв натпревар по зимскиот одмор, во победата со 3-0 дома над Келн, каде што тој го постигнал третиот гол со глава. Неговиот врв на сезоната дошол во последното коло во победата нагости со 4-2 над Борусија Менхенгладбах, кога тој ги постигнал својте единствени два гола на еден натпревар во Бундеслигата. Тој ја завршил својота прва сезона во Бундеслигата со скромен рекорд од 4 постигнати гола во 14 настапи.
Во неговата последна сезона во кариерата, 2002-03, тој уште еднаш само повремено играл за клубот и постигнал само еден гол во 11 настапи во бундеслигата во текот на сезоната. Тој го постигна својот последен гол на 2 ноември 2002 година, во победата на Минхен 1860 со 3-1 дома над Арминија Билефелд, а последниот натпревар во неговата професионална кариера бил на 16 март 2003 година во поразот на неговиот клуб со 1-0 дома од Штутгарт. Во двете сезони во Бундеслигата, тој постигнал само пет гола во 25 настапи, што е далеку под неговите стандарди
По завршувањето на фудбалската кариера
[уреди | уреди извор]Во јули 2012 година, Шукер бил избран за претседател на Хрватскиот фудбалски сојуз (Hrvatski nogometni savez). Во 2015 година, тој се кандидирал за член на Извршниот комитет на УЕФА.[1]
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Реал Мадрид
[уреди | уреди извор]- Ла Лига (1) : 1997
- Суперкуп на Шпанија (1) : 1997
- Лига на шампиони (1) : 1998
- Интерконтинентален куп (1) : 1998
Арсенал
[уреди | уреди извор]- Куп на УЕФА: 2000-Вицешампион
Репрезентативни титули
[уреди | уреди извор]Фудбалска репрезентација на Хрватска
[уреди | уреди извор]- ФИФА Светско првенство : 1998 - бронзен медал (3. место)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Давор Шукер фудбалска академија Официјално мрежно место
- Давор Шукер на soccerway
- Давор Шукер на hrnogomet.com
Видеа
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Шукер побара поддршка од ФФМ“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 19.
|