Хрватска војна за независност

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хрватската војна за независност
Дел од Југословенските војни
Croatian War of Independence collage.jpg
Од лево: Централната улица во Дубровник, Страдун, уништена во текот на Опсадата на Дубровник; оштетената Вуковарска водена зграда, симбол на раниот конфликт, со трибојното знаме на Хрватска; војниците на Хрватската Армија се подготвуваат да уништат тенк на Република Српска Краина; Вуковарските меморијални гробишта; Српски T-55 тенк уништен на патот до Дрниш
Датум 17 август 1990 – 12 ноември 1995[A 1]
Место Хрватска[A 2]
Исход Хрватска победа
  • Хрватските сили превзедоа контрола на цела Република Српска Краина;
  • Хрватска стигна до БИХ коешто резултираше со евентуелен крај на Босанската војна.
Територијачни
промени
Хрватската влада превзема контрола на голем дел од Хрватската територија претходно држена од вооружените Срби, со останатиот дел кој беше под контрола на силите на Обединетите Нации UNTAES.[A 3]
Завојувани страни
 Република Српска Краина[A 4]

Yugoslav People's Army ЈНА (контролирана од Србија Србија)[A 5]
(1991–92)

 Република Српска[A 6]
(1992–95)

Хрватска Хрватска[A 7]

Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина[A 8]
(1995)

Команданти и водачи
СрбијаСојузна Република Југославија Слободан Милошевиќ
Република Српска Краина Милан Бабиќ
Република Српска Краина Милан Мартиќ
Република Српска Краина Горан Хаџиќ
Република Српска Краина Миле Мркшиќ
ЈНА Вељко Кадијевиќ
Република Српска ЈНА Ратко Младиќ
Фикрет Абдиќ
Хрватска Фрањо Туѓман
Хрватска Гојко Шушак
Хрватска Антон Тус
Хрватска Јанко Бебетко
Хрватска Звонимир Червенко
Босна и Херцеговина Атиф Дудаковиќ
Жртви и загуби
Српски извори:
  • 7,501[A 9]-8,039 killed or missing[20][21]
    • 5,603 соборци
      (SVK: 4,324
      ЈНА: 1,279)
    • 2,344 цивили

Интернационални извори

  • 300,000 раселени (1991-1995)[22]
  • 254,000 раселени [23]
    by Oct. 1993
  • 200,000 раселени
    in 1995[24]
Хрватски извори:[25][26]
  • 13,583 убиени или исчезнати (10,668 потврдени убиени, 2,915 ислезнати)
  • 37,180 ранети

or

  • 12,000+ убиени или исчезнати[27]

or

  • 15,970 убиени или исчезнати[19][28]
  • 8,147 војници
  • 6,605 цивили
  • 1,218 исчезнати

UNHCR:

  • 247,000 Хрвати и несрби раселениd[23]
    by Oct. 1993
about 20,000[29][30][31][32] killed on both sides

Хрватската војна за независност се водеше од 17 августa 1990 до 12 ноември 1995 година меѓу силите лојални на владата на Хрватска—којашто прогласи независност одСФРЈ (СФР Југославија)—и Српската-контролирана Југословенска Народна Армија (ЈНА) и локалните српски сили, со операциите која ЈНА ги заврши во Хрватска во 1992. Во Хрватска, војната се нарекува како Татковинска Војна (Domovinski rat) исто како и големо-српската агресија (Velikosrpska agresija).[33] Во српските медиуми, Војната во Хрватска (Rat u Hrvatskoj) е најкористениот термин, исто како и Војната во Краина или Рат у Крајини.[34]

Првенствено, војната беше водена меѓу хрватските полициски сили и српските локални вооружени групи кои живееја во СР Хрватска. Како што ЈНА се повеќе беше под контрола на српската власт во Белград, повеќе сили од ЈНА почнаа со помагање на Србите кои се бореа во Хрватска.[35]Хрватската страна имаше со цел да воспостави суверена држава независна од Југославија, и од Србите, поддржани од Србија,[36][37] беа против независноста и сакаа Хрватска да биде дел од Југославија. Србите пополека воспоставија нови граници на територијата на Хрватска која имаше српско мнозинство или српско малцинство,[38][39] и се обидоа да освојат што повеќе делови од Хрватска колку што е можно.[40][41] Целта првенствено беше да се остане во истата држава со остатокот од српската нација, кое беше сфатено како обид за да се формира "Голема Србија" од Хрватите (иБошњаците).[42] Во 2007, Меѓународниот суд за војни злосторства (ICTY) го прогласи лидерот на вооружените Срби од Хрватска, Милан Мартиќ за виновен, наговестувајќи дека тој комуницираше со Слободан Милошевиќ и останатите за да формираат "унитарна Српска држава".[43] Во 2011 Судот во Хаг наговести дека хрватските генерали Готовина и Маркач беа дел од здружена криминална организација од воено и политичко лидерство на Хрватска чијашто цел беше етничко да ги исчисти Краинските Срби надвор од Хрватска во Август 1995 и да ги населат тие територии со Хрватски бегалци.[44]

При почетокот на војната, ЈНА се обиде насила да ја задржи Хрватска во Југославија окупирајќи ја цела Хрватска.[45][46]Одкога не им успеа овој обид, Српските сили ја воспоставија само-прогласената Република Српска Краина (РСК) во Хрватска. При крајот на 1991, поголемиот дел на Хрватска беше опфатена со војна, со многу градови и села тешко оштетениво војните операции,[47] и останатите стотици илјади бегалци.[48] По прекинот на огнор во Јануари 1992 и меѓународното признавање на Република Хрватска како независна држава,[49][50] борбените линии беа јаки, United Nations Protection Force (УНПРОФОР) беше во акција,[51]останувајќи неколку години. Во тоа време, РСК опфаќаше13.913 square kilometers (5,372 sq mi), повеќе од четвртина од Хрватска.[52] Во 1995, Хрватска спроведе две големи офанзиви познати како Операција блесок и Операција Луња,[3][53] коишто ефективно ќе ја заврши војната. Остатокот од зоната воспоставена од Обединетите Нации за Источна Славонија, Барања и западен Срем (UNTAES) беше мирно реинтегрирана во Хрватска во 1998.[4][8]

Во првата етапа, до јануари 1992, беше извршена војна агресија на Хрватска, која беше присилена на одбрана. Оружените борби почнаа да избивнуваат во април 1991 со постепено распоредување на ЈНА во просторот на локалните Хрватски Срби, од август 1991, прераснале во воена агресија од територијата на Србија.[54][55] Во втората етапа, од јануари 1992. до мај 1995., дојде до прекин во агресијата и до разместување на мировни сили на ООНдо тие подрачја кои не беа контролирани од Хрватска каде имаше прекин на огнот. За Хрватска тоа беше етапа со дипломатски преговори се до стрпливо појачување на силите и подготвување за постепено ослободување на окупираните територии. Во третата етапа, во мај i август 1995., беа изведени воени операции во кои беше ослободен најголемиот дел на окупираното подрачје во Посавина и западна Славонија како и во Бановина, Кордун, воЛика и во северна Далмација. Преостанатото окупирано подрачје во хрватското Подунавје е реинтегрирано со помош на преодната меѓународна управа (1996.-1998.).

Војната заврши со целокупна Хрватска победа, каде Хрватска успеа да ги оствари плановите кои ги имаше кон почетокот на војната: независност и чување на нејзините граници.[3][4] Сепак, поголем дел од Хрватска беше уништен, и се смета дека 21–25% од хрватската економија беше уништена и вкупно УСД $37 билиони во уништена инфраструктура и тотално изгубена економија.[56] Вкупниот број на мртви од двете страни беше околу 20,000,[29] и имаше бегалци од страна на двете страни ве некој период: Хрватите претежно при почетокот на војната, и Србите претежно при крајот. Додека повеќе луѓе се вратија, и Хрватска и Србија успешно соработуваа повеќе во сите аспекти, и двете држави до ден денес очекуваат повеќе од Меѓународниот суд за виновниците да се изнесат пред правдата и тужбите кои овие две држави ги поднесоа.[57][58]

За српската страна во Хрватска војната беше предизвикана со независноста на Хрватске кое било спротивно со тогашниот Устав на СФР Југославија, со изгласувањето на новиот Устав на Република Хрватска каде Хрватска станува држава на хрватскиот народ и останатите национални малцинства, кадешто Србите од Хрватска остануваат без право како уставен народ од СФРЈ и стануваат национално малцинство во новата држава.

Наводи[уреди]

  1. Stephen Engelberg. „Belgrade Sends Troops to Croatia Town“, 3 март 1991 (конс. 11 декември 2010).
  2. Chuck Sudetic. „Deadly Clash in a Yugoslav Republic“, 1 април 1991 (конс. 11 декември 2010).
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Dean E. Murphy. „Croats Declare Victory, End Blitz“, 8 август 1995 (конс. 18 декември 2010).
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Chris Hedges. „SERBS IN CROATIA RESOLVE KEY ISSUE BY GIVING UP LAND“, 12 ноември 1995 (конс. 18 декември 2010).
  5. Chuck Sudetic. „Bosnian Army and Croats Drive Serbs Out of a Town“, 4 ноември 1994 (конс. 17 декември 2010).
  6. Roger Cohen. „Croatia Is Set to End Mandate Of U.N. Force on Its Territory“, 12 јануари 1995 (конс. 17 декември 2010).
  7. Burg and Shoup 2000, p. 331
  8. 8,0 8,1 Chris Hedges. „An Ethnic Morass Is Returned to Croatia“, 16 јануари 1998 (конс. 18 декември 2010).
  9. Eastern Europe and the Commonwealth of Independent States“. Routledge. 1998. стр. 272–278. ISBN 1-85743-058-1. http://books.google.hr/books?id=qmN95fFocsMC. конс. 16 декември 2010. 
  10. Two Republics Transform Selves Into a New, Smaller Yugoslavia“, 28 април 1992 (конс. 7 јануари 2011).
  11. Chuck Sudetic. „Yugoslav Factions Agree to U.N. Plan to Halt Civil War“, 3 јануари 1992 (конс. 16 декември 2010).
  12. Peter Maass. „Serb Artillery Hits Refugees – At Least 8 Die As Shells Hit Packed Stadium“, 16 јули 1992 (конс. 23 декември 2010).
  13. Raymond Bonner. „Dubrovnik Finds Hint of Deja Vu in Serbian Artillery“, 17 август 1995 (конс. 18 декември 2010).
  14. Allain Pellet (1992). „The Opinions of the Badinter Arbitration Committee: A Second Breath for the Self-Determination of Peoples“ (PDF). „European Journal of International Law“ 3 (1): 178–185. http://207.57.19.226/journal/Vol3/No1/art12-13.pdf. 
  15. Chuck Sudetic. „2 YUGOSLAV STATES VOTE INDEPENDENCE TO PRESS DEMANDS“, 26 јуни 1991 (конс. 12 декември 2010).
  16. Chuck Sudetic. „Conflict in Yugoslavia; 2 Yugoslav States Agree to Suspend Secession Process“, 29 јуни 1991 (конс. 12 декември 2010).
  17. „Ceremonial session of the Croatian Parliament on the occasion of the Day of Independence of the Republic of Croatia (Zagreb, October 7, 2004)“. „Official web site of the Parliament of Croatia“. Parliament of Croatia. 7 октомври 2004. http://www.sabor.hr/Default.aspx?art=20091&sec=2462. конс. 16 декември 2010. 
  18. Steven Greenhouse. „Muslims and Bosnian Croats Give Birth to a New Federation“, 18 март 1994 (конс. 17 декември 2010).
  19. 19,0 19,1 Marko Attila Hoare (април 2008). „Genocide in Bosnia and the failure of international justice“. Kingston University. http://eprints.kingston.ac.uk/5511/1/Hoare-M-5511.pdf. конс. 23 март 2011. 
  20. „Killed and missing persons from the territories of Republic Croatia and former Republic of Serb Krayina | the Polynational War Memorial“. „Polynational War Memorial“. http://www.war-memorial.net/mem_det.asp?ID=164. конс. 7 февруари 2010. 
  21. Meštrović 1996, p. 77
  22. „Croatia: "Operation Storm" – still no justice ten years on“. Amnesty International. 26 август 2005. http://www.amnesty.org/en/library/info/EUR64/002/2005. конс. 27 јануари 2011. 
  23. 23,0 23,1 „CROATIA HUMAN RIGHTS PRACTICES, 1993“. US Department of State. 31 јануари 1994. http://www.hri.org/docs/USSD-Rights/93/Croatia93.html. конс. 13 декември 2010. 
  24. „Croatia marks Storm anniversary“. BBC News. 5 август 2005. http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/4125640.stm. конс. 23 декември 2010. 
  25. Goldstein 1999, p. 256
  26. Dominelli 2007, p. 163
  27. Darko Zubrinic. „Croatia within ex-Yugoslavia“. Croatianhistory.net. http://www.croatianhistory.net/etf/et112.html. конс. 7 февруари 2010. 
  28. „Utjecaj srbijanske agresije na stanovništvo Hrvatske“ (на Croatian). „Index.hr“. Index promocija d.o.o.. 11 декември 2003. http://www.index.hr/vijesti/clanak/utjecaj-srbijanske-agresije-na-stanovnistvo-hrvatske-/175515.aspx. конс. 23 декември 2010. 
  29. 29,0 29,1 „Presidents apologise over Croatian war“. „BBC News Online“. BBC. 10 септември 2003. http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/3095774.stm. конс. 7 февруари 2010. 
  30. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име setimes1.
  31. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име tehrantimes1.
  32. „Country Profile: Croatia“. Foreign and Commonwealth Office. http://www.fco.gov.uk/en/about-the-fco/country-profiles/europe/croatia?profile=all. конс. 12 декември 2010. 
  33. Zubrinic, Darko (1995). „The period of Croatia within ex-Yugoslavia (1918–1941, 1945–1991)“. croatianhistory.net. http://www.croatianhistory.net/etf/et112.html. конс. 30 јануари 2011. 
  34. „Srbija-Hrvatska, temelj stabilnosti“ (на Serbian). B92. 4 ноември 2010. http://www.b92.net/info/emisije/kaziprst.php?yyyy=2010&mm=11&nav_id=470273. конс. 22 декември 2010. 
  35. Chuck Sudetic. „Army Rushes to Take a Croatian Town“, 4 ноември 1991 (конс. 16 декември 2010).
  36. „Milan Martić verdict“. ICTY. 26 јуни 2009. http://www.icty.org/x/cases/martic/cis/en/cis_martic_en.pdf. конс. 11 септември 2010. „Судскиот совет пронајде докази кои покажаа дека Претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, отворено го поддржал зачувувањето на Југославија како федерација кадешто САО Краина би формирала дел од Југославија. Сепак, доказите покажаа дека Слободан Милошевиќ тајно намеравал да се формира Српска држава. Оваа држава планирано беше да биде направена со помош на воспоставување на паравоени сили и провокација на инциденти со цел да се направи ситуација каде ЈНА би можела да интервенира. Првенствено, ЈНА би интервенирала да ги оддели страните но подоцна ЈНА би интервенирала за да ги обезбеди териториите кои беа зацртани да бидат дел од новата Српска држава.“ 
  37. „Final report of the United Nations Commission of Experts established pursuant to security council resolution 780 (1992), Annex IV - The policy of ethnic cleansing; Prepared by: M. Cherif Bassiouni.“. United Nations. 28 декември 1994. http://www.ess.uwe.ac.uk/comexpert/anx/IV.htm. конс. 19 март 2011. 
  38. „Milan Babić verdict“. ICTY. 26 јуни 2009. http://www.icty.org/x/cases/babic/cis/en/cis_babic_en.pdf. конс. 11 септември 2010. „Тој учествуваше во набавката на финансиска, материјална, логистичка, и политичка помош за военото завземање на териториите и бараше помош и поддржуваше да се превземе акција од страна на ЈНА за да се воспостави и задржи контрола на овие територии.“ 
  39. Chuck Sudetic. „Serbs Refuse to Negotiate in Croatia“, 5 август 1991 (конс. 24 јануари 2011).
  40. Croatia Clashes Rise; Mediators Pessimistic“, 19 декември 1991 (конс. 16 декември 2010).
  41. (српски)NIN, 23 Dec 1991
    (referred in) (хрватски) Ivan Strižić: Bitka za Slunj—obrana i oslobađanje grada Slunja i općina Rakovice, Cetingrada, Saborsko i Plitvička Jezera od velikosrbske agresije, Naklada Hrvoje, Zagreb, 2007, p. 124, ISBN 978-953-95750-0-5
  42. Serb-Led Presidency Drafts Plan For New and Smaller Yugoslavia“, 27 декември 1991 (конс. 16 декември 2010).
  43. „Milan Martić sentenced to 35 years for crimes against humanity and war crimes“. International Criminal Tribunal for the former Yugoslavia. 12 јуни 2007. http://www.icty.org/sid/8870. конс. 24 август 2010. 
  44. „Judgement Summary for Gotovina et al.“. Haag: ICTY. 15 април 2011. http://www.icty.org/x/cases/gotovina/tjug/en/110415_summary.pdf. конс. 15 април 2011. 
  45. Kadijević 1993, pp. 134–135
  46. Bjelajac, Žunec, Boduszynski, Draschtak, Graovac, Kent, Malli, Pavlović, Vuić 2009, p. 241
  47. Yugoslavia Army Begins Offensive“, 18 октомври 1991 (конс. 16 декември 2010).
  48. Yigan Chazan. „Deadly Clash in a Yugoslav Republic“, 9 јуни 1992 (конс. 11 декември 2010).
  49. Stephen Kinzer. „Slovenia and Croatia Get Bonn's Nod“, 24 декември 1991 (конс. 16 декември 2010).
  50. Paul L. Montgomery. „3 Ex-Yugoslav Republics Are Accepted Into U.N.“, 23 мај 1992 (конс. 12 декември 2010).
  51. Шаблон:UN document
  52. „Republika Hrvatska i Domovinski rat 1990. – 1995. dokumenti“ (на Croatian). Profil. http://www.profil.hr/index.php?cmd=show_proizvod&proizvod_id=30205. конс. 20 јануари 2011. 
  53. Roger Cohen. „CROATIA HITS AREA REBEL SERBS HOLD, CROSSING U.N. LINES“, 2 мај 1995 (конс. 18 декември 2010).
  54. Veljko Kadijević: Moje viđenje raspada, Belgrade, 1993., p. 134-135
  55. Ivan Strižić: Bitka za Slunj - obrana i oslobađanje grada Slunja i općina Rakovice, Cetingrada, Saborsko i Plitvička Jezera od velikosrbske agresije, Naklada Hrvoje, Zagreb, 2007., str. 124., ISBN 978-953-95750-0-5
  56. World of Information (2003). „Europe Review“. Kogan Page. стр. 75. ISBN 0749440678. http://books.google.hr/books?id=Hwi0s3I5jLEC&pg=PA75&lpg=PA75&dq=croatia+war+damage+estimated&source=bl&ots=k_MqfO-_hd&sig=p26yaeAHVs49EmDDXd4mjCcZ414&hl=hr&ei=DSINTbeANY_xsgaoor3ZDA&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=10&ved=0CGgQ6AEwCQ#v=onepage&q=croatia%20war%20damage%20estimated&f=false. конс. 18 декември 2010. 
  57. „UN agency welcomes Serbia-Croatia agreement on refugee, return issues“. United Nations. 26 ноември 2010. http://www.un.org/apps/news/story.asp?NewsID=36873&Cr=UNHCR&Cr1. конс. 18 декември 2010. 
  58. „Serbia and Croatia forge ties with talks in Belgrade“. „BBC News Online“. BBC. 18 јули 2010. http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-10679367. конс. 18 декември 2010. 
  1. Немаше официјална декларација за војна. Првиот вооружен воен инцидент беше битката во Пакрав на 1 Март, 1991,[1] следувајќи со инцидентот на Плитвичките езера на 31 Март, 1991, кога загинаа првите жртви.[2] Последната голема воена офанзива беше Операцијата Луња, во 5–8 Август, 1995.[3] Официјално, борбите беа завршени со потпишувањето на Ердутскиот договор кој беше потпишан на 12 Ноември, 1995.[4]
  2. Имаше и некои конфликти во соседната Босна и Херцеговина, посебно меѓу 1994 и почетокот на 1995. Меѓу нив, најзначајниотпри почетокот на војната беше Цинчар,[5] и Операцијата Зима '94.[6][7]
  3. Три месеци по воената победа врз Република Српска Краина во операцијата Луња,[3] Ердутскиот договор, спонзориран од ООН, беше потпишан меѓу Хрварските власти и локалните Срби на 12 ноември 1995.[4] Договорот предвидување двегодишен транзиционален период, покасно продолжен за година, кадешто остатокот од окупираната територија на Хрватска беше префрлена на силите од Хрватската влада. Договорот беше имплементиран од ООН UNTAES и комплетиран до 1998.[8]
  4. Првенствено, САО Краина, САО Западна Славонија, и САО Источна Славонија, Барања и Западен Срем беа различни ентите и се бореа индивидуално против Хрватската влада.Од 19 Декември, 1991, сите Српски автономни области (САО) станаа дел од РСК.[9]
  5. Одкако сите поранешни југословенски републики освен Србија и Црна Гора прогласија независност, двете републики прогласија формирање на нова држава—Сојузна Република Југославија—на 27 Април, 1992, последователно распуштајќи ја ЈНА.[10] Српските-контролирани војни единици на ЈНА учествуваа во воените операции од 1991 се до Мај 1992 поддржувајќи ја РСК.[11]
  6. Во 1992–94, Република Српска беше повремено поврзана во воени операции во Хрватска поддржувајќи ги Краинските Срби, претежно преку набавка на воена и друга помош, и авионски операции од Маховљанската база во близина на Бања Лука, и најзначително преку артилериски напади против многу Хрватски градови, посебно Славонски Брод, Жупања, и Дубровник.[12][13]
  7. Како што беше потенцирано од Бадинтеровиот Арбитражен Комитет, СФР Југославија беше растурена во текот на војната.[14]Ја 25 Јуни, 1991, Хрватскиот парламент прогласи независност на Хрватска, проследено со референдум одржан во Мај.[15] Одлуката беше суспендирана три месеци;[16] декларацијата беше во сила на 8 Октомври, 1991, и Хрватска веќе не беше дел од Југославија.[17]
  8. Босна и Херцеговина беше воглавно значајна за војната во 1994 и 1995. Потписник на Вашингтонскиот договор, муслиманско хрватската федерација беше формирана како поддел од Република Босна и Херцеговина (RBiH) претставувајќи ги двете етнички групи Босанските Хрвати и Бошњаци (Босански Муслимани). Најзначајно, Вашингтонскиот договор му дозволи на Хрватската армија да влезе во Босна и Херцеговина, овозможувајќи ги операциите Цинчар и Зима '94 против Армијата на Република Српска, палејќи го главниот град на РСК Книн и формирајќи нова стратегиска ситуација во борбите во војната.[18]
  9. 6,222 killed in the Krajina region according to Dražen Živić[19]and 1,279 Yugoslav Army soldies according to official Yugoslav documents


Надворешни врски[уреди]