Б’с
Б’с | |
Поглед на селото | |
Координати 42°11′15″N 22°23′12″E / 42.18750° СГШ; 22.38667° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Крива Паланка |
Област | Дурачка Река |
Население | 29 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1330 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15001 |
Надм. вис. | 1.210 м |
Б’с на општинската карта Атарот на Б’с во рамките на општината | |
Б’с на Ризницата |
Б’с (понекогаш: Бас[2]) — село во областа Дурачка Река, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка. Б’с е населено место со најкратко име во Македонија.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Името на селото се верува дека потекнува од дијалектичната форма на „боз“ или од „баз“, што означува парче земја ископана заедно со тревата.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Дурачка Река, во југоисточниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, на северните падини на Осогово, а во изворишниот дел на Крива Река.[3] Селото е планинско, на значителна надморска височина од 1.200 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 12 километри.[3]
Б’с е многу високо осоговско село, сместено во сливот на Дурачка Река. Околни села се: Станци од југозапад и Кркља од североисток.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Раскрсје, Крушки, Света Вода, Долни и Горни Рид, Шашевица, Чука, Заметина, Средни Рид, Топила, Рид, Долга Нива, Њивче, Дубежевица, Ечмиште и Ливади.[4]
Селото има разбиен тип. Се разликуваат маала кои се именувани по родовите, како што се Караманско, Величковско, Цветковско, Кочанско и други.[4]
На север се граничи со селото Варовиште, на североисток со селото Кркља, на југозапад со селото Станци и на запад со селото Дурачка Река.
Историја
[уреди | уреди извор]Народната традиција наведува дека денешното село е нова населба. Било основано од група доселеници од селото Караманица, од околината на Босилеград. Се претпоставува дека тоа се случило околу 1860 или 1870 година. Првите доселеници го купиле атарот од некој кривопаланечки Турчин.[4]
Доселениците ја раскрчмиле шумата и тука направиле колиби. Таа населба била сточарска и од привремен карактер, додека не се преминало на земјоделство. Овој развој бил вообичаен во овие планински села. Сепак, сточарството останало доста развиено и многу домаќинства поседувала многу грла стока.[4]
Во XIX век, Б’с било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 6,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 353 хектари, на пасиштата отпаѓаат 259,3 хектари, а на обработливото земјиште 133 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Б’с имало 123 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Б’с имало 72 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
По Првата светска војна селото било дел од општина Дурачка Река и имало 103 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]
Б’с е мало село со негативно популациско салдо. Така, во 1961 година броело 186 жители, а во 1994 година 74 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Б’с живееле 63 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 27 Македонци и 2 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 123 | 72 | 183 | 192 | 186 | 189 | 111 | 83 | 74 | 63 | 29 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
[уреди | уреди извор]Б’с е населено со православни Македонци. Сите родови во селото се доселенички. Првите групи на доселеници дошле во периодот 1860-1870 година од селото Караманица, во околината на Босилеград.[4]
Родови во Б’с се: Караманци или Јаневи (7 к.), Величковци (6 к.), Цветкови (5 к.), Јакимовски (2 к.), Јовчеви (1 к.) и Младеноски (1 к.). Во родот Караманци се знае следнава генеалогија: Спасо (жив, 70 години)-Стојан-Јанко, еден од првите селски доселеници. Кочанци или Тасевци (2 куќи) потекнуваат од предокот Стојмен, кој се доселил од некое село во Кочанско.[4]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Поцевци (1 к.), Дедо-Петковци (7 к.), Младеновци (3 к.), Величковци (3 к.) и Јаќимовци (3 к.). Последните три рода се деленици од Дедо-Петковци.
- Доселеници: Јовчовци (9 к.) доселени се околу 1853 година, од селото Караманица кај Босилеград во Србија.[15]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Во селото никогаш не постоело училиште. Порано, учениците оделе на настава во селата Станци и Дурачка Река.[4]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кривопаланечка градска општина, во која покрај градот Крива Паланка, се наоѓале и селата Б’с, Варовиште, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Киселица, Конопница, Кошари, Лозаново, Мартиница и Станци. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Дурачка Река, во која влегувале селата Б’с, Дренак, Дурачка Река и Станци.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0959 според Државната изборна комисија.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 27 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[18]
- Градиште — градиште од доцната антика; и
- Рударски Гробишта — средновековна некропола.
- Верски објект во изградба
-
Гроб на почетокот на селото
-
Поглед на месноста на влезот во селото
-
Планираниот верски објект
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Во текот на годината, селаните одбележуваат три собори:[4]
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Родот Басјанци (4 к.) се иселил во соседното село Мартиница. По Втората светска војна се иселиле 10 до 15 семејства во низинските делови на областа.[4]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1953 година.
- Од Младеновци иселеници има во: Софија (едно семејство од 1890 година) и во Крива Паланка (едно семејство од 1935 година).
- Од Величковци иселеници има во: Крива Паланка (едно семејство од 1946 година).[15]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 38.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 42. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 90–91.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
- ↑ Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 29.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 15,0 15,1 Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-09. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|