Чукарче (Вакуф)
Чукарче — старохристијанска црква кај кратовското село Вакуф. Кај утоката на реката Повишница во Крива Река се издига ниска чука која зафаќа простор од 50 × 50 м, оградена со ѕид од сувоѕидица. Во средишниот дел на просторот се гледаат темели од црква, а се среќаваат и фрагменти од покривни ќерамиди. Во близината на црквата биле откопани неколку гроба од камени плочи.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 183. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |