Градиште (Секулица)
Градиште — градиште од доцноантичкиот период во атарот на селото Секулица, Македонија. Високо во пределот на Црн Врв, на рид со зарамнето плато постоел одбранбен ѕид (сега ридот е уништен од рудникот „Силекс“), кој оградувал простор од 250 на 150 метри. Уништени се многу објекти и еден водосклад. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Биле откриени повеќе од 100 питоси, а биле пронајдени и две големи депоа со златни и бронзени византиски монети (фолеси) ковани во V и VI век. Монетите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Павлева Воденица — населба од доцноантичко време;
- Среден Рид — населба од доцноантичко време;
- Секулица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 186. ISBN 9989-649-28-6.